Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Апликација за финансиско олеснување за плаќање на школарина за академската 2015/16 година

Апликација за финансиско олеснување [Siblings discount]

Со одлука на Ректоратот на УЈИЕ, Канцеларијата за финансиска поддршка ги објавува и ги администрира апликациите за финансиското олеснување за плаќање на школарина за двајца или повеќемина студенти од исто семејство (само членови на потесно семејство) Финансиското олеснување важи за активните студенти запишани во УЈИЕ во академската 2015/16 година на првиот или на вториот циклус на студии.

Висината на финансиското олеснување (намалување)

  • Првиот студент од семејството плаќа 100% од школарината;
  • Вториот студент од семејството плаќа 85% од школарината; [намалување 15%]
  • Третиот студент од семејството плаќа 75% од школарината [намалување 25%]

Условите на аплицирањето за финансиското олеснување

  • Право на аплицирање за финансиско олеснување (намалување на годишниот износ на школување) имаат членовите на потесното семејство кои се запишани во академската 2015/16 година.
  • Апликантите треба да имаат финансиска обврска за академската 2015/16 година
  • Намалувањето на годишниот износ на школување се применува кај вториот и третиот член на семејството
  • Финансиското олеснување (попустот) не се применува:
    • ако некој од студентите – член на потесно семејство-во академската 2015/16 прима стипендија или финансиска помош од фондови кои се администрираат од УЈИЕ или од странски фондови;
    • ако некој од студентите – член на потесно семејство е ангажиран во програмата „работи-студирај“.
    • ако некој од студентите – член на потесно семејство-во академската 2015/16 има финансиска обврска помала од 50% од износот на школарина за еден семестар.

Забелешка: Ако еден од апликантите нема финансиска обврска повеќе од 50 % од износот на школарина за еден семестар, но помалку од школарината за една академска година, тогаш се овозможува пола од предвидениот попуст. Потребна документација:

  • Формулари за апликација, на веб-страницата seeu.edu.mk < Финансиска поддршка> ако КЛИКНЕТЕ ТУКА , “my seeu” или во административна зграда бр. 802.10 каде треба и да се доставаат во одредениот рок
  • Рок за аплицирање: од 12.2015 г. до 28.02.2016 г.

Google+