Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

ПРЕЛИМИНАРНА ЛИСТА НА ПРИМЕНИ КАНДИДАТИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Според објавениот Конкурс за запишување на студенти во прва година, на факултетите на УЈИЕ, во академската 2014/2015 година и Одлуката на Ректорскиот совет, на состанокот одржан на 01.09.2014 година, Централната комисија за запишување на студенти ја објавува прелиминарната листа на примени студенти во првиот уписен рок по факултети:

ФИНАЛНА ЛИСТА НА ПРИМЕНИ КАНДИДАТИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Поднесување жалби

Кандидатите кои се пријавиле во првиот уписен рок, може да поднесат жалба во рок од 24 часа од денот на објавување на прелиминарните резултати, до 24:00 часот, 02.09.2014, на и-мејл адресата admissions@seeu.edu.mk.

Жалбите ќе бидат разгледани на 04.09.2014 год.

Забелешка:

1. а. Кандидатите кои не доставиле целосна документација, може да достават во вториот уписен рок, од 2 септември до 13 септември 2014.
б. Документацијата на кандидатите кои не положиле државна матура, но имаат положено школска матура или завршен испит ќе се разгледува за упис во вториот уписен рок.
в. Документацијата на кандидатите со завршено средно образование во училиштата во кои не се применува државна матура ќе се разгледува за упис во вториот уписен рок.

2. Доколку заклучно со вториот уписен рок (13 септември 2014 год.) во одредени студиски групи не се формира група како што е предвидено со Конкурсот за запишување во прв циклус на студии во 2014/15, тогаш на тие кандидати ќе им се овозможи да се запишат на некоја од сличните студиски програми.

3. Ректорскиот совет на УЈИЕ одлучи студентите кои завршиле средно образование надвор од Република Македонија да бидат примени во првиот уписен рок, под услов до 30 септември 2014 да достават потврда од Министерството за образование и наука на РМ за започната постапка за нострификација на средното образование.

Запишувањето на примените кандидати ќе биде во период од 02.09.2014 год. до 13.09.2014 год.

За повеќе информации контактирајте со Кацеларијата за прием, во Тетово или во Скопје.

И-мејл: admissions@seeu.edu.mk
Тел: +389 44 356 188 (Тетово)
Тел: +389 44 356 398 (Скопје)

Информации за условите и начинот на запишување

Сите кандидати кои се примени во првиот уписен рок на додипломски студии на Универзитетот на ЈИЕ, треба да запишат година на студии во академската 2014/15 год. во период од 02.09.2014 до 13.09.2014, и тоа:

Во Тетово, следниве денови: 2,3,4,5,9,12 и 13 септември, од 09:00 до 16:00 часот.
Во Скопје, следниве денови: 10 и 11 септември, од 10:00 до 16:00 часот.

За регистрација, студентите треба да достават уплатница за уплатена школарина за прв семестар, зависно од студиската програма:

Школарина за семестар (редовни и вонредни студии):

Факултет за бизнис и економија

- Бизнис и економија (сите студиски програми) - 55 300 ден
- Информациски системи и менаџмент - 30 750 ден (плус дополнителна улата за ЛСЕ)

Интегрирани студии со практика

- Современ менаџмент на претпријатија
- Современ банкарски менаџмент
- Применета информатика за ИТ компании

Напомена: Школарината во износ од 61.500 ден по семестар ќе биде целосно покриена со стипендија од одредена компанија. Процесот на селектирње на кандидатите за стипендии за овие студиски програми ќе се изврши во тек на месец септември.

Факултет за современи науки и технологии

- Компјутерски науки - 55 300 ДЕН
- Компјутерско инженерство - 55 300 ДЕН
- Бизнис информатика - 61 500 ДЕН

Правен факултет - 40 000 ДЕН

(сите студиски програми)

Факултет за јавна администрација и политички науки - 40 000 ДЕН

(сите студиски програми)

Факултет за јазици, култури и комуникација - 40 000ДЕН

(сите студиски програми)

За он-лајн студии

- Компјутерски науки - 40 000 ДЕН
- Бизнис информатика - 40 000 ДЕН

Уплата на семестар

Уплатата на семестар е преку жиро-сметката на Универзитетот на ЈИЕ

Уплата на школарина за прв сеемстар: 2ри– 13тисеп.2014

Уплата во денари:

Примач: Универзитет на ЈИЕ
Банка депонент: Стопанска банка А.Д. Скопје
Бр. на жиро-сметка: 200-0008775390-10
Цел на уплата: школарина за 2014/15

Уплата од страство (во Евра):

Name of Institution: SEEU Tetovo
Address: Bul. Ilindenska 335, 1200 Tetovo/Macedonia
Bank Name: STOPANSKA BANKA
Acc. number (EUR): 0009009090
IBAN: MK07200000900909026
SWIFT: STOBMK2X

Напомена:Во уплатницата задолжително внесете го матичниот број.

За дополнителни информации за начинот на плаќање на семестарот (можноста за плаќање на рати или претплата) ве молиме да контактирате со Канцеларијата на бурсар, објект 802.

И-мејл: bursary@seeu.edu.mk
Тел:+389 44 356 049

Тест за одредување на нивото на англискиот јазик

Тетово - 9 септември 2014 год., вторник, од 11:00 и од 13:00 часот
Скопје - 5 септември 2014 год., петок, од 11:00 и од 13:00 часот

Google+