Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРОГРАМАТА ’’РАБОТА И СТУДИРАЈ’’ ЗА АКАДЕМСКАТА 2014/2015 ГОДИНА

Универзитетот на ЈИЕ-Тетово - Канцеларијата за Финансиска Помош

АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРОГРАМАТА ’’РАБОТА И СТУДИРАЈ’’ ЗА АКАДЕМСКАТА 2014/2015 ГОДИНА

Програмата ’’Работа – студии’’ ќе им озможува на студентиве да работаат во разни сектори, максимално 15 часа неделно и добиената сума ќе се пресметува САМО за плаќање на школарината.

Право за апликација во програмата „Работи и студирај“ имаат сите студенти кои во академската 2014/15 година се во редовни студии, но приоритет ќе им се даде на студентите кои ќе докажат дека имаат потреба за финансиска поддршка и ќе демонстрираат вештини за работното место.

Студентите на кои им се доделени стипендии или финансиска помош од било кој фонд во минатата и ова академска година не им се овозможува да бидат дел од програмата “Работа и студирај” Студентска Служба

Студентите може да аплицираат за следните работни места

  1. Библиотека
  2. Центар за Кариера.
  3. Администрациска Асс во фаkултетите
  4. Институт за Животна Средина
  5. Одржување
    • Хигиена
    • Зеленило
  6. IT-Департамент
    • * IT Demostrator
    • * Web Designer/ Developer
    • * IT Support
    • * CST Labs
  7. Јазичен Центар
  8. SEEUTech Park
  9. Студентска Служба – Тетово
  10. Студентска Служба - Скопје

Ангажманот во ова програма ќе се изврши според следниве критериуми:

Потребата за финансиска помош

Способностите за работното место

* Првиот критериум (Потребата за финансиска помош) ќе се утврди од документите кои треба да се доставаат

* Вториот критериум (Способноста за работното место) ќе се утврди во интервјуто што ќе се одржи со група апликанти одделно, после прекваликацијата според првиот критериум !

* Списокот на термините за интервју, за секое работно место ќе се објавува после 20 септември во административна зграда 802. Канцеларијата за Фин. Помош

Формуларите за апликација може да се земаат во Универзитетскиот кампус во Скопје и во Канцеларијата за Финансиска Помош, административна зграда 802.10 - Тетово каде треба и да се доставаат во наведениот рок .

Рокот за аплицирање – 05. 05. 2014 до 12.06. 2014

Новите студенти можат да аплицират од 01.09.2014 – 15.09.2014

Студентите ќе почнат со работа од 10. 10. 2014

Google+