Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународни правни и политички студии - Mеѓународно бизнис право (120 ЕКТС)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Институт Max van der Stoel
ЕКТС: 120 (2 години)
Решение:

Оваа програма подразбира мултидисциплинарен пристап кон проширување и продлабочување, т.е. кон диференцирање на образованието во рамките на правно-политичките и правно-економските студии во вториот циклус.

Тие се студии кои се изградени од 3 модули-насоки кои спаѓаат во областа на современите меѓународно правни студии.

Модулите кои се предвидени се:

  1. Меѓународно право;
  2. Меѓународни односи;
  3. Меѓународно бизнис право; 

Во време на светска глобализација која е основниот двигател за светските интеграциони процеси, клучно е да се препознае важноста на овие меѓународни текови кои се преставуваат како надворешно-внатрешни двигатели на државните политики и програми и се базираат врз динамичното меѓународно право и врз меѓународните односи. Овие правно-политички односи се реализираат во меѓународниот бизнис во чии рамки се градат сојузи и се прават конфликти во меѓународни и национални рамки. Имајќи ги предвид растечката важност на овие области и тенденциите на нашата земја кон вклучување во тие светски интеграции, програмата е замислена  да одговори на овие новонастанати кадровски потреби на земјата.

По завршувањето на оваа студиска програма студентите ќе бидат во можност врз основа на стекнатото знаење и стекнатите вештини да работат во националните институции кои го применуваат правото, а посебно мегународното право, мегународното бизнис право и мегународните односи, како и мегународните институции и организации кои имаат потреба од овој профил на кадар. Студентите кои ќе се насочат на мегународното право ја имаат и можноста за продолжување на образованието во националниот правен систем и за практикување на националното право.

Знаење и разбирање
  • Покажува знаење и разбирање за научното поле на проучување (или студирање), кое се надградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и/или во примената на автономни идеи во контекст на истражувањето.
  • Има способност за употреба на проширено и продлабочено знаење.
  • Покажува високо ниво на професионална компетентност во едно или во повеќе специфични научни полиња.
  • Има знаење од една или повеќе предметни области кои, во дадените научни полиња, се засноваат на најреномирани меѓународни истражувања во тоа научно поле.
Примена на знаењето и разбирањето

Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со полето на студирање.

Способност за проценка
  • Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со полето на студирање.
  • Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето;
  • Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при нецелосни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и проценка;
  •              Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од предметните области и поставување нови анализи и решенија на научна основа.
Комуникациски вештини
  • Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со нивно рационално поткрепување, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено;
  • Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности. 
Вештини на учење
  • Способност за препознавање на личната потреба за понатамошно знаење и способност за независно и самостојно делување при стекнувањето нови знаења и вештини во општествени рамки; 
  • Способност за преземање одговорност зa понатамошен професионален развој и за усовршување.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Современи проблематики на меѓународното право
    Целта на предметот е да се претстави меѓународното јавно право, кое ги опфаќа принципите и правилата кои ги регулираат односите меѓу државите и интеракциите мегу нив, како и односот на државите со другите меѓународни актери. Преку овој предмет студентите ќе стекнат знаења за глобално разбирање на правилата со кои се регулираат меѓународните односи и практични вештини за правно расудување, истражување и за пишување на меѓународните прашања.
  • [6 ЕКТС] Теорија на меѓународнa трговија
    Во рамките на овој предмет е опфатено следново: - Меѓународна трговија и економија; - Меѓународни трговски проблеми; - Фактори на мобилност; - Различни национални трговски политики; - Теорија на меѓународнота трговија (понуда); - Теорија на меѓународната трговија (побарувачка); - Факторите на зголемување и текнолошките промени. - Трговија и зголемување на економијата во земјите во развој; - Транспортните трошоц и теоријата на локација; - Комерцијалната политика (царинска тарифа, девизна контрола, државна трговија, дискриминација цена и картел, економска интеграција); - Меѓународна распределба на средствата, оданочување и миграција; - Постапка на прилагодување; - Промет на капитал (краткорочен и долгорочен капитал); - Меѓународни монетарни аранжмани.
  • [6 ЕКТС] Меѓународните односи и глобализацијата
    Во рамките на овој предмет се дава историски преглед на развојот на меѓународните односи од првичните идеи за меѓународните односи, од почетокот на 20. век и нивна анализа преку секојдневното функционирање на меѓународните организации, па сѐ до најновиот тренд во меѓународните односи и глобализацијата.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - странски јазик 1
    • Напреден англиски јазик и терминологија 1
    • Напреден англиски јазик и терминологија 2
    • Напреден англиски јазик и терминологија 3
    • Напреден англиски јазик и терминологија 3
    • Германски јазик 1
    • Германски јазик 2
    • Германски јазик 3
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Методологија на наставата

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Методологија на истражувањето
    Целта на предметот Методологија на истражувањето е да се презентира како методите можат да се аплицираат врз истражувачки проблем, како може да се направи истражувачки проект-скица, како студентот критички да се осврне на односот меѓу теориската рамка, методолошкиот пристап, истражувачкото прашање и анализите. Суштинска цел е како студентот самостојно да може да развиваа научноистражувачки проект.
  • [6 ЕКТС] Меѓународни институции
    Во рамките на овој предмет се опфатени теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимение се посветува на прашањето на нивната улога во решавање на колективните прашања и проблеми во глобалната политика. Фокусот е на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото, како и на главните тела воспоставенени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели.
  • [6 ЕКТС] Политика на меѓународна трговија
    Во рамките на овој предмет се опфатени се опфатени следниве прашања: зголемување и насока на меѓународна трговија, меѓународна и регионална трговија, канали на дистрибуција на извозот, меѓународна логистика, ризик и осигурување, документи за продажба и превоз, методи на плаќање, интелектуали имотни права и др.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет - странски јазик 2
    • Напреден англиски јазик и терминологија 1
    • Напреден англиски јазик и терминологија 2
    • Напреден англиски јазик и терминологија 3
    • Напреден англиски јазик и терминологија 3
    • Германски јазик 1
    • Германски јазик 2
    • Германски јазик 3
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    • Реторика
    • Мултилингвализам и мултикултурализам
    • Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • Професионална комуникација
    • Методологија на наставата
    • Методологија на наставата

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Меѓународни стопански организации
    Во текот на овој семестар ќе се проучуваат основните поими на правото на меѓународните трговски организации со посебен акцент на Светската трговска организација, но и на; ММФ, МБОР, МФК, СОИС и др. Во врска со Светската трговска организација од посебен интерес е изучувањето на следниве аспекти: основните трговски начела како што се недискриминацијата во трговските односи, историскиот развој на СТО, поаѓајќи од МТО и ГАТТ 1947 до СТО во 1995, членството на државите, посебните царински територии како и на ЕУ во СТО, изворите на правото на СТО, вклучувајќи ги општите и посебни, структурата и организацијата на Светската трговска оранизација и посебно механизмите за решавање на меѓународните трговски спорови во СТО.
  • [6 ЕКТС] Меѓународно трговско право
    Преку предметот се нуди теоретски, практичен и сеопфатен поглед на меѓународната арбитража на процесот на создавање арбитражни трибунали, преку почетоците и следењето на првите сослушувањa, понатамошните сослушувања и на крајната одлука за определени спорови. Акцентот ќе биде ставен на улогите кои ги имаат учесниците во спорот и притоа студентите ќе се здобијат со искуство во решавањето на важни прашања кои честопати се јавуваат во вистинскaта арбитража. Предметот ќе вклучуваа видеа на дискусиите од истакнати меѓународни експерти на критични аспекти на арбитражниот процес, како селекција на арбитер, селекција и сослушувања, конференции. Во рамките на овој предметот ќе се делимитираат следниве поими: инвеститор, држава, арбитража, Меѓународниот центар за порамнување на инвестициони спорови и инвестиции (ИЦСИД), договорна арбитража (bit) итн. Овој предмет е фокусиран на анализата и интеракцијата меѓу четири основни договори во прекуграничната продажбата: трансакции, меѓународна продажба, превоз, плаќање и договори за осигурување поврзани со прашања кои се однесуваат на усогласување на легислативите со меѓународните норми и стандарди, преку анализа на прашања од меѓународна перспектива.
  • [6 ЕКТС] Меѓународна арбитража
    Преку предметот се нуди теоретски, практичен и сеопфатен поглед на меѓународната арбитража на процесот на создавање арбитражни трибунали, преку почетоците и следењето на првите сослушувањa, понатамошните сослушувања и на крајната одлука за определени спорови. Акцентот ќе биде ставен на улогите кои ги имаат учесниците во спорот и притоа студентите ќе се здобијат со искуство во решавањето на важни прашања кои честопати се јавуваат во вистинскaта арбитража. Предметот ќе вклучуваа видеа на дискусиите од истакнати меѓународни експерти на критични аспекти на арбитражниот процес, како селекција на арбитер, селекција и сослушувања, конференции. Во рамките на овој предметот ќе се делимитираат следниве поими: инвеститор, држава, арбитража, Меѓународниот центар за порамнување на инвестициони спорови и инвестиции (ИЦСИД), договорна арбитража (bit) итн.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
    • Анализа на надворешна политика
    • Право на Европска унија
    • Меѓународно банкарско право
    • Современи општествени проблеми
    • Компаративна анализа на правните системи
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
    • Анализа на надворешна политика
    • Право на Европска унија
    • Меѓународно банкарско право
    • Современи општествени проблеми
    • Компаративна анализа на правните системи

Семестар 4

  • [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Преку овој предмет на студентите им се овозможува да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - Пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено да се направи има за цел подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+