Програма: |
Финансии, банкарство и сметководство (2026/2027) |
| Циклус на студии: | Прв циклус (Додипломски) |
| Факултет: | Бизнис и економија |
| Код на програмата: | FBA-240-26-27 |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Дипломиран економист - Насока: Финансии, банкарство и сметководство |
| ЕКТС: | 240 (4 години) |
| Решение: |
Студиската програма од прв циклус по Финансии, Банкарство и Сметководство има за цел да им обезбеди на студентите солидни теоретски знаења и практични вештини во областа на финансиите, банкарството и сметководството. Програмата се стреми да развие разбирање на економско-финансиските принципи и нивната примена во анализа на финансиски процеси и сметководствени извештаи во различни организации.Дополнително, програмата се фокусира на развој на аналитички и професионални компетенции за интерпретација на финансиски податоци, управување со финансиски ресурси, евалуација на перформансите на финансиските институции и донесување информирани одлуки во динамични економски услови.Програмата е дизајнирана да ги подготви студентите за пазарот на трудот во финансискиот и сметководствениот сектор, како и за понатамошни академски студии на повисоко ниво, со акцент на професионална етика, одговорност и меѓународни стандарди во областа.
Дипломираните студенти од оваа студиска програма имаат широки можности за вработување во финансискиот и деловниот сектор. Тие можат да работат во банки, осигурителни компании, сметководствени и ревизорски фирми, како и во приватни и јавни претпријатија. Типични работни позиции вклучуваат: финансиски аналитичар, сметководител, банкарски службеник, кредитен аналитичар, ревизорски асистент, даночен консултант, како и позиции во оддели за финансии и контрола на управување. Дополнително, дипломираните можат да продолжат со понатамошни академски студии на магистерско и докторско ниво во областа на финансиите, банкарството, сметководството или сродни економски дисциплини. Оваа програма им овозможува на студентите да развијат професионални вештини, аналитичко размислување и компетенции кои се барани на домашниот и меѓународниот пазар на труд.
Знаење и разбирање
Знаење и разбирање
- Да демонстрираат солидно разбирање на основните концепти и принципи на финансиите, банкарството и сметководството.
- Да ја објаснат структурата и функционирањето на финансиските институции, пазари и инструменти.
- Да ги разберат клучните сметководствени стандарди, финансиски извештаи и практики на известување.
- Да применуваат економски и финансиски теории за анализа на деловното и пазарното однесување.
- Да ги препознаат правните, етичките и регулаторните рамки во кои функционираат финансиските и банкарските институции.
- Да ја разберат улогата на финансискиот менаџмент во процесите на донесување одлуки во организациите.
Примена на знаењето и разбирањето
Примена на знаењето и разбирањето
- Да ги применуваат финансиските, банкарските и сметководствените принципи во реални деловни ситуации и процеси на донесување одлуки.
- Да подготвуваат, анализираат и интерпретираат финансиски извештаи во согласност со националните и меѓународните сметководствени стандарди.
- Да користат квантитативни и квалитативни методи за финансиска анализа, планирање и предвидување.
- Да користат соодветни финансиски алатки и софтвер за поддршка на сметководствените и банкарските операции.
- Да ги оценуваат инвестициските можности и да ги проценуваат ризиците на финансиските пазари.
- Да развиваат и имплементираат финансиски стратегии кои обезбедуваат ефикасно користење на ресурсите во приватниот и јавниот сектор.
- Да применуваат етички и професионални стандарди во финансиските и сметководствените практики.
Способност за проценка
Способност за проценка
- Критички да ги евалуираат финансиските информации и податоци за поддршка на информирани деловни и инвестициски одлуки.
- Да ја оценуваат финансиската перформанса и стабилноста на компании, банки и други финансиски институции.
- Да ги анализираат и интерпретираат економските и финансиските трендови за стратешко донесување одлуки.
- Да ги идентификуваат и оценуваат финансиските ризици, како и да предложат соодветни мерки за нивно управување.
- Да применуваат професионално расудување при решавање на проблеми од сметководство, ревизија и финансиски менаџмент.
- Да покажат свесност за етичките импликации и општествената одговорност во финансиското и деловното одлучување.
Комуникациски вештини
Комуникациски вештини
- Да комуницираат ефективно користејќи соодветна терминологија во финансиите, банкарството и сметководството, и во писмена и во усна форма.
- Јасно да презентираат комплексни финансиски податоци и анализи пред професионална и непрофесионална публика.
- Да подготвуваат професионални извештаи, финансиски извештаи и презентации во согласност со меѓународните стандарди.
- Ефективно да учествуваат во дискусии, тимска работа и процеси на донесување одлуки во мултидисциплинарни средини.
- Да користат дигитални алатки и комуникациски технологии за подготовка и дистрибуција на финансиски информации.
- Да демонстрираат професионална и етичка комуникација во односите со клиенти, колеги и институции.
Вештини на учење
Вештини на учење
- Да демонстрираат способност самостојно да идентификуваат, анализираат и решаваат проблеми во областа на финансиите, банкарството и сметководството.
- Постојано да го надградуваат своето знаење и вештини во согласност со новите финансиски регулативи, сметководствени стандарди и технолошки развои.
- Да применуваат соодветни методи за доживотно учење и професионален развој.
- Да спроведуваат самостојно истражување и критички и ефективно да користат релевантни извори на информации.
- Да се прилагодуваат на нови ситуации и предизвици во финансиското и деловното опкружување.
- Да ја препознаат важноста на континуираното професионално образование и етичката одговорност за развој на кариерата.
Семестар 1
-
[C2638]
[6 ЕКТС]
Основи на економија и бизнис
Цели: Да се разберат основните концепти на економијата и бизнисот. Да се развие способност за анализа на релациите меѓу економските фактори и деловните одлуки. Да се оспособат студентите за користење на основната економска и бизнис терминологија. Да се поттикне критичко размислување и способност за поврзување на теоријата со реалните пазарни практики. По завршување на предметот, студентот ќе може: Да ги објасни основните концепти на економијата и бизнисот. Да ги идентификува факторите што влијаат врз функционирањето на пазарите и претпријатијата. Да ги примени основните знаења за анализа на едноставни економски и бизнис ситуации. Да комуницира ефективно економски и бизнис идеи.
-
[C2639]
[6 ЕКТС]
Mатематика за бизнис
Цели на предметот: - Студентите ќе се поттикнуваат за активно учество во дискусијата, во решавање на задачи и различни проблеми од предметот математика. - Студентите да ги познаваат основните поими од линеарната алгебра и да ги применуваат своите знаеење преку линеарни модели од областа на енергија, економија и животна средина. - Студентите добро ја ги разбираат аритметичката и геометриската прогресија и ја применуваат во решавање на различни проблеми од областа на енергија, економија и животна средина. - Студентите да поседуваат доволно знаење од областа на финансиската математика како и нивна примена во областа на енергија, економија и животна средина.
-
[C2121]
[3 ЕКТС]
Бизнис, влада и општество
Предметот има за цел создавање, развивање и унапредување на знаењата на студентите во областа на релациите помеѓу бизнисот, владините институции и општеството. Преку овој предмет, студентите ќе се стекнат со основни и практични знаења за: значењето на курсот БВО за идните менаџери и професионалци; корпорациите и нивните стејкхолдери; управувањето со јавни прашања и односите со засегнатите страни; функционирањето на бизнисот во глобализиран свет; организациската етика и одговорност; релацијата бизнис–влада; улогата на технологијата и нејзиното влијание врз општествените и економските односи; современите предизвици во односот помеѓу економскиот развој, владеењето и јавниот интерес.
-
[C2861]
[3 ЕКТС]
Деловно комуницирање
Целта на овој предмет да ги запознае студентите со основните принципи на деловната комуникација и да ја развие нивната способност за ефективна комуникација во професионални и организациски средини. Курсот се фокусира на подобрување на вербалните, невербалните, писмените и дигиталните комуникациски вештини кои се неопходни за соработка, преговарање и професионална интеракција во современите деловни организации. По завршувањето на овој предмет, студентите ќе бидат способни да: 1. Разберат принципите и важноста на деловната комуникација во организациите. 2. Применат техники на вербална и невербална комуникација во професионални контексти. 3. Подготвуваат јасни и ефективни пишани деловни документи како што се е-пошта, извештаи и меморандуми. 4. Демонстрираат ефикасни комуникациски вештини на состаноци, презентации и преговори. 5. Соодветно користат дигитални алатки за комуникација во професионални средини. 6. Јасно и професионално комуницираат идеи во мултикултурни и организациски услови.
-
[C2640]
[6 ЕКТС]
Принципи на менаџмент
Предметот има за цел да ги запознае студентите со суштината на управувањето и да создаде база што ќе биде надополнета со други менаџерски и организациски предмети што студентите ќе ги слушаат за време на нивното студирање. Овој предмет има неколку главни цели, и тоа: Студентите да ги разбираат и објаснуваат клучните концепти и теории за управување. - Да иницираат критичко размислување во училницата. - Да оспособат студентите да ги користат добиените информации за да даваат проценки и да градат аргументи. - Да ги развиваат комуникациските вештини на учениците. - Да се информираат студентите за процесот на управување и задачите на менаџерот. - Да се информираат студентите за процесот на планирање. - Да се информираат студентите со процесите и моделите на донесување одлуки. - Да се запознаат студентите со организацијата, вклучително и поделбата на трудот и ширината и длабочината на управувањето. - Студентите треба да бидат во можност да применат во пракса знаење за индивидуално-организациски односи и разни елементи поврзани со организациското однесување, вклучувајќи ја и личноста, однесувањето и перцепциите. - Студентите да се стекнуваат со знаења мотиввацијата и теориите за мотивација.
-
[3 ЕКТС]
Албански/Македонски јазик
Англискиот/Македонскиот/Албанскиот јазик се задолжителни предмети и тоа: Англискит јазик - за сите студенти, Македонскиот јазик - за студенти од албанска национална припадност и Албанскиот јазик - за студенти од македонска национална припадност.
-
[3 ЕКТС]
Англиски јазик
Англискиот/Македонскиот/Албанскиот јазик се задолжителни предмети и тоа: Англискит јазик - за сите студенти, Македонскиот јазик - за студенти од албанска национална припадност и Албанскиот јазик - за студенти од македонска национална припадност.
Семестар 2
-
[C2120]
[6 ЕКТС]
Принципи на сметководство
Целта на предметот е да им помогне на студентите да ја разберат суштината на сметководството; да ги научат основните концепти и принципи на сметководството. Во оваа насока, предметот има за цел да им обезбеди на студентите знаење и разбирање за финансиските извештаи, нивните ставки, основните правила на книжење, општо прифатените принципи на сметководството, итн.
-
[C2641]
[6 ЕКТС]
Принципи на маркетинг
Овој предмет им нуди на студентите еден преглед на маркетинг функциите , со акцент создавање на вредност преку маркетинг, истражување на пазарот, однесувањето на потрошувачите , стратегии на цените, маркетинг канали и дистрибуција, и методи на промоција. Студентите ќе можат: ја разберерат улогата на маркетинг во рамките на општеството и во рамките на економскиот систем. - да ја научат виталната улога на маркетинг во рамките на една фирма и потребните односи помеѓу маркетинг и други функционални области на бизнисот. да сметаат на различни области на одлуки во рамките на маркетинг и на алатки и методи кои се користат од страна на маркетинг менаџерите за донесување на одлуки . да научат клучните маркетинг принципи и терминологија и концепти. да ценат како маркетиншкиот аспект е важен во нивниот личен и професионален развој.
-
[CBE-203]
[6 ЕКТС]
Микроекономија
Предметот има за цел да ги запознае студентите со принципите и концептите на микроекономијата, што ќе им овозможи и ќе ги снабдува студентите по бизнис и економија со потребните аналитички алатки и техники за да анализираат и да дадат решенија за релевантни и актуелни прашања од областа на микроекономијата. Овој предмет ќе ги оспособи студентите со теоретско и практично знаење како што следува: 1. Анализа на побарувачката и понудата и рамнотежата на пазарот; 2. Еластичноста и нејзина примена, 3. Анализа на трошоците и нивна примена; 4. Анализа на максимизацијата на профитот во сите видови на конкуренција; 5. Целосна и нецелосна конкуренција; и 6. Влада и микроекономија.
-
[CBE-302]
[6 ЕКТС]
Бизнис - Калкулус
Предметот е дизајниран да им обезбеди на студентите разбирање на фундаменталните концепти и нивната практична примена во областите на бизнисот, економијата и финансиите. Студентите треба да бидат способни да применуваат техники на калкулус за решавање проблеми од реалниот свет кои вклучуваат оптимизација, маргинална анализа и економско моделирање. Резултати од учењето: - Студентите ќе ги разберат главните концепти на калкулусот, вклучувајќи ги лимесите, изводите и интегралите, како и непрекинатоста, диференцијабилноста и оптимизацијата. - Ќе бидат способни да применуваат математички техники на економски модели за анализа на функции на трошоци, модели на приходи и максимизација на профитот. Разбирање на врските помеѓу маргиналниот трошок, маргиналниот приход и маргиналниот профит. - Решавање проблеми со оптимизација и толкување на математички резултати во контекст на деловни и економски одлуки.
- [3 ЕКТС] Албански/Македонски јазик
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
Семестар 3
-
[EBE-410]
[6 ЕКТС]
Трговско право
Студентите треба да поседуваат знаења и вештини за: • Разбирање и интерпретирање на основните концепти на трговското право, вклучувајќи ги договорите и правните односи помеѓу трговските субјекти; • Примена на знаењата од граѓанското право и правото на правните лица во трговскиот контекст; • Анализа и оценка на правните односи и обврски во трговската дејност и секојдневниот бизнис; • Решавање конкретни правни проблеми кои се поврзани со трговската дејност и владеењето на правото во оваа област.
-
[C2864]
[6 ЕКТС]
Статистика за бизнис
Цели на предметoт: • Да се разберат и применат статистички методи за анализа на економски показатели, потрошувачка на енергија и еколошки параметри. • Да се користи статистика за предвидување и поддршка на одлучување во различни сектори. • Да се владее со користење на статистички софтвери како SPSS, R, Python и Excel. Резултати од учењето: • Студентот ќе може да ги анализира економските показатели (БДП, невработеност, инфлација) и да интерпретира податоци за енергија и животна средина. • Студентот ќе примени статистички методи за предвидување на потрошувачката на енергија и еколошкото влијание. • Студентот ќе подготвува структуирани извештаи и интерпретации базирани на статистички податоци.
-
[CBE-303]
[6 ЕКТС]
Макроекономија
Студентите ќе стекнат знаења за: - макроекономските поими и категории, кои се предуслов за функционирање на една национална економија која е дел на еден поширок глобален економски систем; - значењето на најглавните макроекономски индикатори како што се: бруто -национален производ, национален доход, економски раст, економски циклус, инвестиции и јавна потрошувачка, инфлација, невработеноста, пари и банки, буџет, биланс на плаќање и др.; - основните инструменти на макроекономска анализа (агрегатна понуда и побарувачка) и макроекономски политики (монетарна и фискална политика) и др.; - ефикасното функционирање на една национална економија, споредувајќи ја со современите пазарни економии, означувајќи во таа насока разлики, сличности и можности за иден развој на соодветната кономија; - знаења од областа на макроекономијата, кои ќе му овозможат поедноставен пристап кон другите напредни макроекономски предмети.
-
[CBE-402]
[6 ЕКТС]
Финансиско сметководство
Целта на овој предмет е да обезбеди знаења и вештини за процесот на евидентирање, сумирање и известување на деловните трансакции на трговските друштва, во согласност со Законот за сметководство во РСМ и Меѓународните сметководствени стандарди (МСС). Посебен акцент се става на изготвувањето и толкувањето на финансиските извештаи, вклучувајќи: Биланс на состојба и Биланс на успех, Даночен биланс – Данок на добивка и на вкупни приходи, како и други извештаи согласно Законот за водење сметководство во РСМ.
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
- [3 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
Семестар 4
-
[C2124]
[6 ЕКТС]
Бизнис информациски системи
Цели: • Да ги разберат основните концепти на бизнис информациските системи. • Да ја објаснат улогата на ИС во стратегијата, менаџментот и одлучувањето. • Да ги анализираат прашањата за етика, приватност и безбедност. • Да развијат практични вештини за користење дигитални системи во бизнис. Резултати од учењето: Студентите ќе бидат способни да: • Ги дефинираат ИС и да ги објаснат нивните клучни функции. • Ги идентификуваат можностите за конкурентска предност преку ИС. • Ги применат знаењата за бази на податоци, мрежи и деловни апликации. • Го оценат влијанието на ИС врз општеството, организациите и поединците.
-
[CBEM-603]
[3 ЕКТС]
Oрганизациско однесување
Целта на овој предмет е да им обезбеди на студентите фундаментално знаење за организациското однесување, фокусирајќи се на тоа како поединците и групите се однесуваат во рамките на организациите. Курсот ги испитува клучните концепти како што се мотивација, лидерство, комуникација, групна динамика и организациска култура, овозможувајќи им на студентите да го разберат и анализираат однесувањето во организациските услови. Резултати од учењето: • ги објаснат основните концепти и теории на организациското однесување • да анализираат индивидуалното однесување во организациите, вклучувајќи ја личноста, перцепцијата и мотивацијата • да ја разберат групната динамика и тимската работа во организациските услови • да ги евалуираат стиловите на лидерство и нивното влијание врз организациските перформанси • да ги анализираат комуникациските процеси во рамките на организациите • да го разберат влијанието на организациската култура и организациската структура врз однесувањето на вработените • да ги применат концептите на организациското однесување во реални организациски ситуации
-
[CBM-502]
[6 ЕКТС]
Финансии на корпорации
Целите на овој предмет се насочени кон обезбедување основни знаења и проширување на постојните компетенции на студентите во насока на разбирање на современите теоретски и практични аспекти на финансискиот менаџмент и корпоративните финансии. Посебен акцент се става на анализата на состојбата и перформансите на деловните субјекти/акционерските друштва преку финансиските извештаи и други релевантни извори, како и на примената на современи техники за инвестициско одлучување.
-
[CBE-401]
[6 ЕКТС]
Оперативен менаџмент
Студентите се запознаат со сложената проблематика на управување со производството сфатено како процес на планирање и организирање на производството, но и како контрола на функционирањето на производството како систем, за да се остварат целите на производството на најефективен и најефикасен начин. Во тие рамки, особено внимание се посветува на следните аспекти на производствениот менаџмент: производството како систем, планирање на системот на производството, производ- дизајн на производот, производ - квалитет на производот, производ - производствена програма, локација на производството, производствен капацитет, производствена опрема, фабрички згради, планирање на фабричкиот простор, производствени процеси, планирање и следeње на производството во време, контрола на залихите, системот на складирање и внатрешен транспорт, одржување на опремата и градежните објекти и обезбедување на производството со енергија, контрола на трошоците и организациона структура на производството.
-
[C2130]
[3 ЕКТС]
Меѓународен бизнис
Предметот има за цел да им обезбеди на студентите длабоко разбирање на глобалната бизнис средина и комплексните сили што ја поттикнуваат глобализацијата, вклучувајќи технолошки промени, либерализација на трговијата и развој на потрошувачките преференции. Посебно внимание се посветува на истражување на различните стратегии што компаниите ги применуваат при влез на меѓународни пазари, како што се извоз, заеднички вложувања, франшиза и странски директни инвестиции, при што се истакнуваат предностите и ограничувањата на секој пристап. Дополнително, студентите критички ќе ги анализираат политичките, економските и културните ризици и можности што влијаат врз меѓународните бизнис активности, со што ќе се оспособат да ги препознаат и предизвиците и придобивките од прекуграничните операции. Курсот исто така има цел да ги опреми студентите со суштински вештини за носење информирани одлуки поврзани со меѓународна трговија, инвестиции и финансии, преку интегрирање на теоретски знаења со практични студии на случаи. Конечно, акцентот се става на разбирањето на поширокото влијание на меѓународниот бизнис врз локалните економии и култури, поттикнувајќи ги студентите да оценат како глобалните бизнис практики влијаат врз развојот, вработувањето, одржливоста и културната размена во различни региони од светот.
- [3 ЕКТС] Изборен/Дигитални компетенции
- [3 ЕКТС] Англиски јазик
Семестар 5
-
[C2868]
[6 ЕКТС]
Финансиски пазари и управување со инвестиции
Целта на овој предмет е да им обезбеди на студентите сеопфатно разбирање на финансиските пазари, инвестициските инструменти и принципите на управување со портфолио. Предметот ја поврзува финансиската теорија со аналитичката практика, оспособувајќи ги студентите да ги вреднуваат инвестициските можности на пазарите на акции, обврзници и деривативни инструменти. Резултати од учењето: По завршувањето на предметот, студентите ќе бидат способни да: • Ја објаснат структурата и функциите на финансиските пазари и улогата на клучните финансиски институции • Ја анализираат врската меѓу ризикот и приносот и да применат техники за анализа на портфолио • Го применат Моделот за цени на капитални средства (CAPM) за проценка на очекуваните приноси на финансиските средства • Ги вреднуваат акциските хартии од вредност користејќи фундаментални модели за вреднување, вклучувајќи DDM, DCF и релативни мултипликатори • Ги анализираат хартиите од вредност со фиксен принос, да ги пресметуваат цените и приносите на обврзниците и да го проценат ризикот од каматната стапка • Ги опишат карактеристиките и цените на деривативните инструменти, вклучувајќи фјучерси и опции, и нивната употреба во управувањето со ризик • Ги интерпретираат концептите на ефикасност на пазарот и да ги идентификуваат когнитивните пристрасности кои влијаат на инвестициските одлуки • Конструираат и вреднуваат диверзифицирано инвестициско портфолио користејќи теоретски рамки
-
[C2126]
[3 ЕКТС]
Управување со синџирот на снабдување
Цели: Да ги разбере основните концепти на синџирот на снабдување. Да развие вештини за планирање, организирање и управување со логистички процеси. Да ги оспособи студентите за користење на стратегии и алатки за оптимизација на снабдувањето и дистрибуцијата. Резултати од учење: Објаснува концепти и модели за управување со синџир на снабдување. Анализира улогата на логистиката во организациските перформанси. Применува методи за управување со ресурси, залихи и транспорт. Предлага стратегии за подобрување на ефикасноста на синџирот на снабдување.
-
[EBE-04]
[3 ЕКТС]
Економија за менаџери
Целта на предметот е да им овозможи на студентите примена на економските концепти во менаџерското одлучување. Студентите ќе стекнат компетенции за анализа на побарувачка и понуда, пазарни структури, оптимални цени, трошоци и конкурентски стратегии. По завршувањето на курсот ќе можат да користат економски модели за решавање на реални бизнис проблеми и носење ефикасни одлуки.
-
[C2127]
[6 ЕКТС]
Управувачко сметководство
Практичното идентификување, мерење, анализа, толкување и комуницирање на финансиските и нефинансиските информации претставуваат клучни елементи на процесот на управувачкото сметководство. Овие активности се реализираат преку буџетирање, мерење на трошоците и приходите, како и преку континуирана контрола на перформансите на вработените и менаџерите. Целта е да се поддржи процесот на донесување рационални и ефикасни менаџерски одлуки во насока на успешно остварување на стратешките цели на компанијата.
-
[6 ЕКТС]
Изборен од друга единица
- [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
- [E2739] Етика во јавни институции
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [CCS-102] Интернет технологии
- [E2698] Контрола на болнички инфекции
- [C2527] Основи на дизајн-студио
- [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
- [E2996] Новите репродуктивни технологии и правото
- [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFB-03] Лични финансии
- [EBE-408] Менаџмент на проекти
- [EBE-403] Бизнис-план
- [E2997] Економија на здравиот разум
- [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
- [E2531] Англиска литература и филм
-
[6 ЕКТС]
Изборнен предмет од бизнис
- [E3079] Деловна етика и корпоративна одговорност
- [E3080] Бизнис консалтинг и решавање на проблеми
- [CBEE-803] Пазар на трудот
- [EBEE-605] Економија на животната средина
- [EBA034] Локален економски развој
- [C2132] E-трговија
- [E2750] Анализа на податоци со Python/R
- [EBEF-801] Финансиско моделирање
- [E3085] Финансии во претприемништвото
- [E3086] Преговарање и менаџирање со конфликти
- [E3084] Менаџмент на продажба и односи со клиенти
- [CEM-503] Менаџмент на човечки ресурси
Семестар 6
-
[C2128]
[6 ЕКТС]
Стратегија и организација
Целта на предметот е студентите да стекнат знаења за концептите и процесите на стратегискиот менаџмент и организацијата на претпријатијата. Предметот се фокусира на анализа на надворешната и внатрешната средина на организациите, формулирање и имплементација на стратегии, како и улогата на организациската структура во реализацијата на стратегијата. Резултати од учењето: • ги разберат основните концепти на стратегискиот менаџмент • ја анализираат надворешната и внатрешната средина на организациите • идентификуваат и оценуваат конкурентски стратегии • ја разберат поврзаноста помеѓу стратегијата и организациската структура • развијат аналитички способности за стратегиско одлучување
-
[C2138]
[6 ЕКТС]
Финансиски извештаи и одлучување
Целите на предметот се да студентите го разберат значењето и улогата на финансиските извештаи за управувањето со деловните активности и како овие информации помагаат во донесувањето на менаџерски одлуки. Предметот има за цел да развие вештини за проценка и интерпретација на финансиските информации преку основните финансиски извештаи, како што се Билансот на состојба, Билансот на успех, Даночен биланс и Биланс на парични текови. Овие ревидирани извештаи ќе им овозможат на менаџментот да донесуваат информирани и точни одлуки и ќе обезбедат сигурност за тековните и идните инвеститори, кои ќе можат да ги проценат можностите за инвестирање и да ја потврдат пазарната вредност на компанијата преку нејзините хартии од вредност.
-
[C2869]
[6 ЕКТС]
Менаџмент на банки и финансиски институции
Овој предмет има за цел да им обезбеди на студентите сеопфатно разбирање на менаџментот на банкарските и финансиските институции. Се фокусира на структурата, функциите и работењето на финансиските посредници, како и нивната улога во финансискиот систем и пошироката економија. Предметот исто така има за цел да го развие знаењето на студентите за клучните банкарски активности како што се управување со депозити и кредити, управување со ликвидност и ризик, капитална адекватност и усогласеност со регулативите. Дополнително, студентите ќе стекнат увид во современите практики на финансиски менаџмент и процесите на донесување одлуки во банкарските институции.
-
[6 ЕКТС]
Изборен од друга единица
- [CPA-201] Јавно лидерство и организациски развој
- [E2739] Етика во јавни институции
- [ECS3060] Професионална ИТ-етика
- [CCS-102] Интернет технологии
- [E2698] Контрола на болнички инфекции
- [C2527] Основи на дизајн-студио
- [E2842] Меѓународно право за правата на човекот
- [E2996] Новите репродуктивни технологии и правото
- [EPRNM-02] Односи со јавност и нови медиуми
- [EFE-129] Албански jазик и култура на пишување
- [EFB-03] Лични финансии
- [EBE-408] Менаџмент на проекти
- [EBE-403] Бизнис-план
- [E2997] Економија на здравиот разум
- [EDOL-03] Дигитална и он-лајн писменост
- [E2531] Англиска литература и филм
-
[6 ЕКТС]
Изборнен предмет од бизнис
- [E3079] Деловна етика и корпоративна одговорност
- [E3080] Бизнис консалтинг и решавање на проблеми
- [CBEE-803] Пазар на трудот
- [EBEE-605] Економија на животната средина
- [EBA034] Локален економски развој
- [C2132] E-трговија
- [E2750] Анализа на податоци со Python/R
- [EBEF-801] Финансиско моделирање
- [E3085] Финансии во претприемништвото
- [E3086] Преговарање и менаџирање со конфликти
- [E3084] Менаџмент на продажба и односи со клиенти
- [CEM-503] Менаџмент на човечки ресурси
Семестар 7
-
[E3000]
[6 ЕКТС]
Менаџмент на ризици
Овој предмет има за цел да им обезбеди на студентите сеопфатно разбирање на принципите, концептите и практиките на управување со ризик во финансиските и деловните средини. Тој се фокусира на идентификација, мерење, анализа и управување со различни видови ризици, вклучувајќи пазарен, кредитен, ликвидносен и оперативен ризик. Дополнително, предметот има за цел да ги развие аналитичките и одлучувачките вештини на студентите преку користење на современи алатки и техники за проценка и контрола на ризикот. Преку практични примери и студии на случај, студентите ќе научат како да креираат и имплементираат ефективни стратегии за управување со ризик кои го поддржуваат стабилното и одржливо работење на организациите.
-
[C2631]
[6 ЕКТС]
Мнетарна економија
Овој предмет има за цел да им обезбеди на студентите сеопфатно разбирање на монетарната теорија и политика, со фокус на улогата на парите, банкарскиот систем и централните банки во економијата. Се разгледува како монетарната политика влијае врз инфлацијата, каматните стапки, производството и целокупната економска стабилност. Дополнително, предметот го анализира функционирањето на финансиските пазари, механизмите на пренос на монетарната политика и интеракцијата помеѓу монетарната и фискалната политика. Студентите ќе развијат аналитички вештини за проценка на макроекономските движења и ефективноста на монетарните политики во различни економски услови.
-
[C2134]
[6 ЕКТС]
Бизнис аналитика и моделирање
Предметот се фокусира на процесот на трансформација на податоците во информации за решавање деловни проблеми во реалниот свет. Предметот има фазен пристап кон генерирање на знаење: прво, се учи дескриптивна анализа каде што се користат визуелни анализи за карактеризирање на податоците; второ, се учи предавачка аналитика која се фокусира на оптималните стратегии што „треба“ да се преземат во иднина; трето, се учи предвидлива анализа, која се фокусира на употреба на алгоритми за предвидување на иднината врз основа на историски податоци. Темите вклучуваат: истражување на податоци, подготовка на податоци, нелинеарно оптимизирање, итн.
-
[E2591]
[6 ЕКТС]
Дигитален бизнис
Цели на предметната програма: - Разбирање на основната дефиниција и хиерархија на знаења за дигитален бизнис и разбирање на процесите поврзани со работењето, маркетинг техниките и технолошките прашања на дигиталните системи; - Анализирање на податоците за активноста на корисниците со цел да се донесуваат информирани одлуки во однос на маркетингот и деловниот менаџмент во организацијата и развојот на производот / услугата; - Примена на основните техники на позиционирање на Интернет (SEO) во креирањето на маркетинг имиџот на организацијата, како и брендот на производот (брендирање); - Познавање и разбирање на важноста на интернетот како средина за создавање на социјални и деловни процеси; - Демонстрирање на тенденција за активно користење на интернетот во економските и социјалните активности и во креирањето на сопствената кариера.
-
[6 ЕКТС]
Напреден изборен предмет
- [E3092] Бихевиористичка економија
- [E3081] ФинТек и дигитални финансии
- [EACS-19] Визуализација на податоци
- [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
- [E2589] Управување бизнис - процеси
- [E3082] Нови теми во бизнисот и вештачката интелигенција
- [E2588] Анализа на финансиски податоци
- [E3083] Применето сметководство
- [EBEM-504] Меѓународен маркетинг
- [E2579] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
- [E3087] Анализа на животна средина и сметководство на јаглерод
- [E3032] Логистика и автоматизација
- [EBA-075] Ревизија
Семестар 8
-
[CBEE-603]
[6 ЕКТС]
Економетрија
Целта на предметот е студентите да стекнат знаења и вештини за примена на статистички и математички методи во анализа на економски податоци. Предметот развива компетенции за конструирање и интерпретација на економетриски модели, тестирање на хипотези и изработка на прогнози. Резултати од учењето: Студентите ќе ги разберат теоретските основи на економетријата и нејзината врска со економијата. Ќе можат да конструираат и интерпретираат модели на линеарна регресија. Ќе стекнат практични вештини за користење на статистички софтвер во економетриска анализа. Ќе бидат способни да применат економетриски методи за анализа и донесување одлуки во економија и финансии.
-
[CBEF-01]
[6 ЕКТС]
Меѓународни финансии
Целта на предметот е студентите да стекнат знаења за функционирањето на меѓународниот финансиски систем, девизните пазари и глобалните финансиски текови. Предметот се фокусира на девизни курсеви, меѓународни инвестиции, управување со ризик и финансиски одлуки во глобален контекст По завршувањето на предметот студентите ќе бидат способни да: • Ја објаснат структурата и функционирањето на меѓународниот финансиски систем и глобалните пазари на капитал • Ја анализираат динамиката на девизниот курс користејќи теоретски модели и податоци од реалниот свет • Ја оценуваат можностите за меѓународни инвестиции земајќи ги предвид ризикот, приносот и макроекономските услови • Ја применуваат техниките на хеџирање и финансиските инструменти за управување со валутните и финансиските ризици • Ја толкуваат влијанието на макроекономските индикатори (инфлација, каматни стапки, монетарна политика) врз меѓународните финансиски одлуки • Ја проценуваат глобалната финансиска криза и нивните импликации за меѓународниот бизнис и политика • Ја формулираат финансиските одлуки базирани на податоци во меѓународна деловна средина
-
[CBEF-602]
[6 ЕКТС]
Јавни финансии
Цели на предметот: 1. Анализа на фискалните политики и нивните макроекономски и микроекономски ефекти, како и споредба со фискалните практики во други земји. 2. Разбирање на улогата на даноците и јавните финансии како основни инструменти за економски развој и општествена благосостојба. 3. Знаења за јавните добра, екстерналитетите, прераспределбата на доходот и даночниот систем на компаративно и национално ниво. 4. Совладување на практични знаења за буџетот и вонбуџетските фондови, процесите на нивна подготовка, имплементација и контрола. 5. Создавање критичка перспектива за функционирањето на фискалните системи и долгорочните трендови на фискалната политика во Македонија.
-
[C2867]
[6 ЕКТС]
Дипломски труд
Дипломскиот труд претставува самостојна форма на академско и применето истражување преку која студентот ги демонстрира теоретските и практичните знаења стекнати во текот на студиите. Трудот е фокусиран на анализа на современи прашања од областа на финансиите, банкарството и сметководството, користејќи соодветни истражувачки методи и релевантни научни извори. Преку дипломскиот труд, студентите развиваат аналитички, критички и професионални вештини за идентификување и решавање на реални проблеми во деловното и економското опкружување. Исто така, трудот придонесува за подготовка на студентите за пазарот на трудот и за продолжување на студиите на повисоки академски циклуси. .
-
[6 ЕКТС]
Напреден изборен предмет
- [E3092] Бихевиористичка економија
- [E3081] ФинТек и дигитални финансии
- [EACS-19] Визуализација на податоци
- [EFB-02] Теорија на игри и бизнис стратегија
- [E2589] Управување бизнис - процеси
- [E3082] Нови теми во бизнисот и вештачката интелигенција
- [E2588] Анализа на финансиски податоци
- [E3083] Применето сметководство
- [EBEM-504] Меѓународен маркетинг
- [E2579] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
- [E3087] Анализа на животна средина и сметководство на јаглерод
- [E3032] Логистика и автоматизација
- [EBA-075] Ревизија