Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Бизнис аналитика (2022/2023)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: BA-60
Академска година: 2023 / 2024
Титула: Магистер по бизнис аналитика
ЕКТС: 60 (1 годинa) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Во текот на студиите по Бизнис аналитика, студентите ќе ги стекнат потребните вештини за решавање на предизвикувачки деловни проблеми на аналитички начин користејќи мултидисциплинарен пристап. Поконкретно, во програмата за Бизнис аналитика, студентите ќе се фокусираат на управување и оптимизирање на деловните процеси. Тие ќе се запознаат со деловната економија, како и со различните функционални домени во компаниите (на пр. сметководство, финансиски менаџмент, маркетинг, производство и логистика, управување со човечки ресурси). Студентите ќе научат како компанијата функционира секојдневно и како се организирани нејзините процеси преку технологија.

Студиската програма соодветствува со потребите на пазарот на трудот. Како таква ќе има значаен придонес за оспособување на студентите за градење професионална кариера преку стекнување високообразовни квалификации согласно со потребите на пазарот на трудот. Преку оваа програма студентите ќе имаат можност за ветувачка (меѓународна) кариера благодарение на моменталниот увид во комбинацијата на деловна економија, квантитативните методи и технологијата, способностите за управување и ИТ и јазични вештини.

Знаење и разбирање

Поседува знаење и разбирање за деловното окружување, деловните субјекти и нивните делувања во контекст на применет бизнис (економија, менаџмент, маркетинг, финансии, програмирање, бази на податоци, компјутерски и информациски системи, мрежи и инженерство на податоци).

Способност за развој и за примена на оригинални и креативни идеи во околини во кои се поклопуваат или заемно се поврзуваат областите на применет бизнис.

Способност за примена на интердисциплинарно знаење и демонстрирање специјалистички компетенции од применет бизнис.

Примена на знаењето и разбирањето

Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми во нови околини или во околини во кои студентите немаат претходно искуство во мултидисциплинарен контекст на реална бизнис-околина или организациска околина. Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во областа на бизнисот, имплементирајќи соодветни пресметувачки алатки, околини и технологии.

Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од бизнис процесите и соодветно користење компјутерски алатки базирани на дефинирани техники за истражување и испитување. Поседува знаење да започне и да развие сопствен бизнис.

Способност за проценка

Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области поврзани со бизнис-процесите и со користењето компјутерски алатки и техники.

Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со бизнис-процесите, за идентификација на соодветни специјализирани инстанци во областа на бизнисот и во информатиката и за донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.

Има способност за донесување деловни одлуки на ниско ниво на менаџмент. 

Поседува способност да ја анализира конкуренцијата на пазарот.

Комуникациски вештини

Способност за јасно и недвосмислено изведување стручни заклучоци, резултати, студии и  сознанија  со способност за прилагодување на стилот и формата на изразување.

Компетентност за критички, независни и креативно аргументирани истражувања, евалуација на методологии и предлагање и бранење нови хипотези.

Способност за иницирање, водење и за преземање одговорност за индивидуи и за групи во случаи во кои бизнис-компетенциите и информатичките компетенции се од суштинска важност.

Способност за презентирање резултати од различни студии, пренесува деловни планови на работни групи и стејкхолдери. 

Вештини на учење

Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и за автономно дообразование, како и за негово изведување самостојно и автономно во вообичаените бизнис- области и информатички области.

Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис-области и информатички области во рамките на вмрежената економија.

Ги користи компјутерските вештини за да се здобие со правни знаења. 

Умее да прави индивидуално и тимско учење.

Поседува способност да прави деловни анализи и да користи научна литература и преглед од други автори.

Семестар 1

  • [CMBA01] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења и да ги разберат различните научни теории и методологии. На почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно да ги опишат; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
  • [CMBA19] [6 ЕКТС] Менаџмент на проект
    Целта на предметот е воведување на студентите во светот на современите проекти и нивно соочув Целта на предметот е студентите да се воведат во светот на современите проекти и да се соочат со можностите и предизвиците на реалниот економски живот во креирање на соодветни потребни реални проекти. Специфични цели на предметот се: како да се утврди одреден проект (користејќи неколку фази) и да се истакне значајната улога на менаџерот на проектот (разбирање на потребата, областа на делувањето, активностите за реализација, комплексноста на модерниот проект и др.). Студентите треба да се обучат како да ги применуваат современите алатки и техники на современиот проектен менаџмент при трансформирање потреба или креативна идеја во соодветен реален и документиран проект кој ќе направи да бидат поинвентивни за себе и покомпетитивни на пазарот на трудот.
  • [CM198] [6 ЕКТС] Истражување на пазарот
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаења за да го разберат односот помеѓу истражувањето на пазарот и донесувањето на одлуки, запознавајќи се со процесите што се користат во формулирање и спроведување на истражувањето на пазарот. Исто така, студентите ќе ги разберат и пазарните услови под кои истражувањето се води и се применува, вклучувајќи ја и методологијата употребена во анализирањето на пазарите. Студентите ќе го разберат опсегот на квалитативни и квантитативни техники и методи кои се на располагање во истражувањето на пазарот, вклучувајќи ја нивната применливост и ограничувања.
  • [CM182] [6 ЕКТС] Собирање, агрегирање и управување со податоци
    Системите за менаџирање на бази на податоци се основата на модерните информациски системи. Менаџирањето на податоци, што се фокусира на собирање, складирање, и екстракција на податоци, е клучна активност за секоја организација. Темите опфатени во вој предмет се концептуалниот диазјн на системи на податоци, релациски дизајн и нормализација. Фокусот на овој предмет ќе биде на релационите бази на податоци со SQL како јазик за креирање и манипулација на бази на податоци.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EM619] Теорија на игри и бизнис стратегија
    • [EM638] Финансиски извештаи и одлучување
    • [EM621] Финасии на недвижен имот и анализа на инвестиции
    • [EM618] Одржливо претпријатије
    • [EM622] Лидерство, тимска работа и разновидност
    • [EM623] Сметководствени информациони системи
    • [EM639] Менаџмент на иновации
    • [EM640] Менаџмент на инвестиции
    • [EM624] Преговори за решавање конфликти и водечки промени
    • [EM641] Трговска аналитика
    • [EM642] CRM и дигитална аналитика
    • [EM643] Аналитика на финансиски податоци
    • [EM628] Управување бизнис - процеси
    • [EM645] Бизнис логистика
    • [EM630] Дигитален бизнис
    • [EM644] Дигитален маркетинг
    • [EM635] Менаџмент на вкупен квалитет и перформанси
    • [EM559] Бизнис консалтинг

Семестар 2

  • [BE-MA-THESIS] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+