COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Социјална работа и социјална политика (2021/2022)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Современи Општествени Науки
Код на програмата: SWSP60
Академска година: 2021 / 2022
Титула: Магистер по социјална работа и социјална политика
ЕКТС: 60 (1 годинa)
Решение:

Цели на студиската програма се:

- усвојување на знаења за социјалната работа со поединци, семејствата, групите и локалните заедници кои се наоѓаат во социјален ризик или се соочуваат со социјалени проблеми;
- усвојување на знаења за надминување на социјалните нееднаквости и придонес за социјалните  и  ранливите групи;
- усвојување на вештини за давање на услуги без дискриминација по основ на раса, пол, етничка припадност, верска припадност, економски статус, возраст и друго;
- усвојување на знаења за креирање на социјални политики во домените на социјална заштита, социјално осигурување, вработување, образование, домување и др.

Студиската програма ќе има значаен придонес за оспособување на студентите во развивање на иновативни знаења, способности, вештини и компетенции од областа на социјалната работа и социјалната политика. Како таква ќе има значаен придонес за оспособување на студентите за градење професионална кариера преку стекнување високообразовни квалификации согласно со потребите на пазарот на трудот. Во таа насока, оваа програма креира кадри кои ќе управуваат со социјалните служби, со неопходни вештини за испорака на услуги прилагодени да одговараат на современите социјални проблеми на индивидуите и заедницата. Согласно стратегиите и програмите на централно и локално ниво, во насока на зајакнување на улогата центрите за социјална, ЕЛС и де-институционализација, дипломираните во оваа програма ќе одговараат на потребите за човечки капацитети во овие структури и системи.


Знаење и разбирање

Покажува знаење и разбирање на научното поле на студирање, кое се надградува врз предходното образование, вклучувајќи и познавање во доменот на теоретски, практични, концептуални компаративни и критички перспективи во научното поле социјална работа и социјална политика и според соодветна методологија. Разбирање на одредена област и познавање на тековните прашања во врска со научните истражувања и новите извори на знаење во социјалната сфера. Покажува знаење и разбирање на разни теории, методологии во социјаната работа и социјалната политка.

Примена на знаењето и разбирањето

Може да го примени знаењето и разбирањето на начин што покажува професионален пристап во работата или професијата. Покажува компетенции за идентификација, анализа и решавање проблеми со кои се соочуваат поединци, семејства, групи, локалните заедници и други појави во социјаната област. Способност за пронаоѓање и поткрепување аргументи во рамките на полето на студирање.

Способност за проценка

Способност за прибирање, анализирање, оценување и презентирање информации, идеи, концепти од релевантни податоци од надлежност на системот на социјална заштита. Донесување соодветна проценка земајќи ги предвид личните, општествените, научните и етичките аспекти кои треба да ги поседува социјалниот работник. Сподобност да оценува теоретски и практични прашања, да дава објаснување за причините и да избере соодветно решение.

Комуникациски вештини

Способеност да комуницира и дискутира со стручната и со нестручната јавност, за информации, идеи, проблеми и решенија. Способност за независно учество, со професионален пристап, во специфични, научни и интердисциплинарни дискусии.

Вештини на учење

Презема иницијатива да ги идентификува потребите за стекнување понатамошно знаење и учење со висок степен на независност.

Семестар 1

  • [MCDP1040] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да ги разберат различните научни теории и методологии. Во почетокот на студентите ќе им бидат објаснети основните концепти и теоретските дефиниции и примероците за сите постојни методи на истражување, хипотеза, директни и индиректни варијабли, валидација на резултатите, BIAS заклучоците, како и научни квалитативни и квантитативни методологии на истражување, но и други методолошки пристапи. За секое поглавје студентот ќе изврши и практични задачи. По успешното завршување на овој предмет, студентите ќе бидат во можност: да го знаат и да го разберат значењето на основните научни концепти; да ги научат техниките за ефикасно пребарување информации и за ефикасен пристап до релевантни информации и литература; да ги идентификуваат, опишат и да ги формулираат научните проблеми; да направат внимателен избор на алтернативните истражувачки пристапи, внимателно опишани; да ги споредат и да ги објаснат предностите и недостатоците на различните научни методи за прибирање и за анализа на податоци кај квантитативно и квалитативно истражување; да ги применат основните научни методи за анализирање квантитативни и квалитативни податоци; да ја совладаат основната теоретска рамка врз која ќе се надградат; да рецензираат и да направат процена на стручни и научни публикации.
  • [CM153] [6 ЕКТС] Методики на социјална работа
    Да се добијат научни и продлабочени сознанија кои претставуваат вовед во сите научни области поврзани со социјалната работа и методиката на работа во социјалната работа со ризичните групи.
  • [CM152] [6 ЕКТС] Теории на социјална работа
    Да се добијат научни и продлабочени сознанија кои претставуваат вовед во сите научни области поврзани со социјалната работа.
  • [CM147] [6 ЕКТС] Социјална политика на Европската унија
    Да се добијат продлабочени сознанија за наднационалната социјална политика која ја практикува Европската унија (ЕУ) и да се стекнат вештини за применување на специфичните социјални програми на ЕУ во национален контекст.
  • [6 ЕКТС] Општ изборен предмет
    • [EM495] Социјална работа и здравствена заштита
    • [CM141] Трудово право и работни односи
    • [EM496] Социјална работа во образование
    • [EM498] Превентива и социјален труд
    • [EM499] Заштита на децата
    • [EM500] Решавање конфликти
    • [EM501] Економија на социјална политика
    • [EM502] Основи на кризни интервенции во социјалната работа
    • [EM503] Социјална работа во организирање на заедницата
    • [EM504] Социјална работа со лица со посебни потреби
    • [EM505] Сиромаштија и социјална работа
    • [EM506] Анализа и дизајн на прашалници
    • [EFIN0104] Јавни финансии
    • [EM507] Стратегии на пребарување на работа
    • [EM508] Лидерство и учење
    • [CM144] Планирање на социјалниот развој

Семестар 2

  • [MCPA4010] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е целосно практичен за да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза, водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
Google+