Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Бизнис администрација (МБА)

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-MBA120C
Академска година: 2018 / 2019
Титула: Магистер по бизнис администрација
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Програмата на УЈИЕ, МБА, е замислена како елитна програма за МБА која е предвидена за луѓето со искуство во регионов, кои бараат подобра квалификација и подобра кариера. Еден типичен студент на МБА програмата би требало да има доволно работно искуство и солидна додипломска квалификација во полето на бизнис-администрација или економија. Бидејќи програмата е главно насочена и кон студентите од странство и од земјава, програмата ќе се предава целосно на англиски јазик. По завршувањето на студиите, студентите ќе имаат професионална компетенција и специјализација од УЈИЕ.
Всушност, главните компоненти на програмата МБА ќе бидат:
- Основните надлежности: студентите ќе стекнат знаење што ќе ги прави надлежни во своите работни места (квантитативна анализа, табеларни пресметки, моделирање, финансиски менаџмент, стратегиски менаџмент, управување со проекти, операции за управување, информациски системи за управување итн.)
- Специјализација: студентите ќе ја добијат својата специјализација со помош на изборните предмети.
- Искуствено учење: Capstone или магистерска теза, студиски натпреварувања, теренски патувања итн).

Студентите кои ќе ја завршат оваа програма, примарно се очекува да бидат менаџери или да работат во консалтинг-компаниите. Секако, ова програма ви дава доволно стручна подготвеност за управување со каков било бизнис, но и специјализација  од еден од најдобрите факултети за бизнис во САД. Специјализацијата и практичната работа ќе ви ја дадат насоката која вие ќе ја изберете за вашата кариера.

Знаење и разбирање

- Студентите кои ќе ги завршат студиите на оваа програма ќе демонстрираат добро разбирање на интерните процеси и операции на бизнисите, од малите бизниси, па сѐ до мултинационалните компании. Тие ќе можат да ги разбираат односите помеѓу организацијата и нејзините екстерни пазари и економската околина. Уште повеќе, студентите ќе разбираат како менаџерските одлуки влијаат врз стејкхолдерите во компанијата и надвор од неа.   

Примена на знаењето и разбирањето

- Студентите кои ќе дипломираат на програмата МБА ќе бидат во можност да ги интегрираат бизнис-алатките и техниките, што произлегува од широкото знаење на главните функции (сметководство, економија, финансии, информациони системи, маркетинг, менаџмент на операции и стратегии) за да решаваат комплексни бизнис-проблеми и да донесат добри бизнис-одлуки.

Способност за проценка

- Студентите кои ќе дипломираат од оваа програма ќе бидат во состојба да прават процени врз основа на длабокото познавање на аналитичките алатки кои се користат во модерниот бизнис и критичкото мислење, гледајќи на проблемите од различни перспективи.

Комуникациски вештини

- Студентите кои ќе дипломираат на програмата МБА ќе  демонстрираат микросоцијални вештини и лидерство, круцијални за долговечен успех во кариерата. Овие вештини рефлектираат ефективно самооценување, комуникација и колаборација внатре организацијата.  

Вештини на учење

- Студентите кои ќе дипломираат на програмата МБА ќе бидат во состојба да мислат и да ги артикулираат на критичен начин етичните и правните рефлексии, важни за уметноста на менаџирањето и водењето на една корпорација.

Семестар 1

  • [MBA1010] [6 ЕКТС] Бизнис-аналитика
    Целта на овој предмет е да им обезбеди на студентите разбирање на неколку техники на науката на управување и да обезбеди увид во начините на кои некои од овие алатки може да се користат за анализа на комплексни бизнис-проблеми и да се постигне рационално решение. Техниките за изучување се прогнозирање, линеарно планирање, симулација и моделирање. Случаи на зголемување на комплексноста ќе се користат за акцент на описот на проблемот, дефиниција и формулација. Компјутерот ќе се користи многу во текот на овој предмет, пред се со користење на програмите на располагање за извршување на пресметки, откако проблемите е правилно формулирани. Акцентот ќе биде ставен на толкувањето и спроведувањето на резултатите. Покрај тоа, ние ќе го испитаме и иднината на аналитиката.
  • [MBA1020] [6 ЕКТС] Маркетинг-стратегии
    Целта на овој предмет е како да им помогне на студентите за да ги развиеат своите вештини и да се сдобијат со искуство во анализа на состојбата на бизнисот, а потоа формулирање, спроведување и следење на маркетинг стратегии во конкурентна средина. Курсот ќе се фокусира посебно на прашања како што се изборот на сегментите во кои да се натпреварува, развојот на значајни точки на диференцијација и позиционирање на производи, распределба на ресурси, дизајнирање на производи, поставување и управување со цените, развој и управување на дистрибуциони стратегии како и развој и управување на стратегии за промоција.
  • [CMBA02] [6 ЕКТС] Економија за менаџери
    Цели на предметната програма: Да ги запознава и подготви студентите за примена на економските теории, принципи и правила во реалната економија. Истовремено да ги научи студентите за начинот на оптимизација и практична алокација на ресурсите. Преку практични примери и студии на случај да ги подготви студентите за предизвиците на реалната економија.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1050] Стратешка конкурентна анализа
    • [EMBA0101] Управување со финансиски ризик
    • [PM-203] Управување со синџирот на набавки
    • [EMBA0102] Трговско управување
    • [EPM-102] Управување со квалитет и безбедност
    • [MCMG2021] Менаџмент на човечки ресурси
    • [EMBA0104] Управување со електронски бизнис
    • [EMBA0105] Бизнис-право и етика
    • [MCMG3010] Менаџмент на мал бизнис и претприемништво
    • [EMBA0106] Менаџмент на јавни институции
    • [EMBA0107] Инвестирање во недвижнини
    • [CMBA19] Управување со проекти
    • [EMBA0108] Пари, банки и финансиски институции
    • [CMBA07] Анализа на финансиски извештаи
    • [EMBA0109] Дизајн и оптимизација на бизнис-процеси
    • [EMBA0110] Управување на односите со клиентите
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [MBA02] [6 ЕКТС] Управувачко сметководство
    Предметот има за цел да им обезбеди на студентите напредно познавање на сметководство на трошоци и управување, особено во однос на: пресметката, буџетирањето, контролата и евалуација на центрите на одговорноста при донесување на одлуки во полза на развивање на компанијата. Посебна специфична цел на овој предмет ке биде утврдување на трошоците и определување на приходите во специфични ситуации на база на концептот на опортунетен трошок и приход и во ситуациии кога се одлучува на база релевантни информации.
  • [EFIN0107] [6 ЕКТС] Менаџмент на информациони системи
    Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени теми од областа на собирањето, обработката и користењето на информациите од страна на претпријатието. Фокусот ќе биде ставен на самата важност на информациите за менаџирањето со современите претпријатија. Информационите технологии ќе бидат опфатени, меѓутоа само од аспект на нивната улога за обработка на информациите на претпријатието односно поддршка на сèвкупниот процес на управување со истите. Во тие рамки, ќе се посвети внимание на следните аспејкти: вовед во менаџментот на информационите системи, основни типови на менаџмент на информациони системи, информациската технологија и менаџментот на информационите системи, изградба на менаџмент информациони системи во претпријатието.
  • [MCMG3022] [6 ЕКТС] Оперативен менаџмент
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење и да бидат способни: - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се остваруваат производството и услугите. - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се контролираат производството и услугите. - Да најдат соодветен пристап за решавање на секоја ситуација поврзана со сложената проблематика на производството и услугите. - Да ги осознаат разновидните активности во организацијата и функционирањето на целосниот систем на оперативниот менаџмент. - Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се создаваат услови за производството и услугите.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1050] Стратешка конкурентна анализа
    • [EMBA0101] Управување со финансиски ризик
    • [PM-203] Управување со синџирот на набавки
    • [EMBA0102] Трговско управување
    • [EPM-102] Управување со квалитет и безбедност
    • [MCMG2021] Менаџмент на човечки ресурси
    • [EMBA0104] Управување со електронски бизнис
    • [EMBA0105] Бизнис-право и етика
    • [MCMG3010] Менаџмент на мал бизнис и претприемништво
    • [EMBA0106] Менаџмент на јавни институции
    • [EMBA0107] Инвестирање во недвижнини
    • [CMBA19] Управување со проекти
    • [EMBA0108] Пари, банки и финансиски институции
    • [CMBA07] Анализа на финансиски извештаи
    • [EMBA0109] Дизајн и оптимизација на бизнис-процеси
    • [EMBA0110] Управување на односите со клиентите
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [MBA03] [6 ЕКТС] Управување со бизнис во глобален конекст
    Студентите преку програмата на предметот: „Меѓународен бизнис“ ќе се здобијат со знаења од областа на меѓународниот бизнис и меѓународните институции. Овој предмет ќе им даде на студентите основни познавања од областа на меѓународниот бизнис. Посебно значење се придава на влијанието на факторите како што се културата, општесвената средина, политичката средина, човековите ресурси и др. врз меѓународниот бизнис. Овој предмет дава основни познавања од областа на принципите на увоз-извоз и стратегиите на меѓународниот бизнис. Предметот исто така нуди знаења за функсиите на менаџментот кои се во врска со меѓународниот бизнис.
  • [MBA04] [6 ЕКТС] Менаџмент стратегии
    Цели на предметната програма: • Овозможување на студентите да ги користат аналитичките алатки на теоријата на играта и индустриска економија за да ги учат клучните стратешки проблеми во корпоративното донесување одлуки. • Дознавање повеќе за конкуренцијата на олигополот, совршената конкуренција и монополот поставување на цени во конкуренција и Бертран парадоксот. • Фокусирање на анализата на структурата на пазарот како што се опишува структурата на пазарот: C4-соодносот, Herfindahl индекс, Лернер индекс и пазарната моќ. • Запознавање со значењето на заговор, стратешки сојузи и реализирање синергии во рамките на фирмите.
  • [MCFA2012] [6 ЕКТС] Финансии на корпорации
    Предметот претставува можност студентите да ги продлабочат своите познавања од оваа област. При тоа, особено внимание им е посветено на следниве подрачја: извори на финансирање на фирмите, структура на капиталот, финансирање на тековното работење, финансирање на инвестициите, финансиска политика, финансиска анализа.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1050] Стратешка конкурентна анализа
    • [EMBA0101] Управување со финансиски ризик
    • [PM-203] Управување со синџирот на набавки
    • [EMBA0102] Трговско управување
    • [EPM-102] Управување со квалитет и безбедност
    • [MCMG2021] Менаџмент на човечки ресурси
    • [EMBA0104] Управување со електронски бизнис
    • [EMBA0105] Бизнис-право и етика
    • [MCMG3010] Менаџмент на мал бизнис и претприемништво
    • [EMBA0106] Менаџмент на јавни институции
    • [EMBA0107] Инвестирање во недвижнини
    • [CMBA19] Управување со проекти
    • [EMBA0108] Пари, банки и финансиски институции
    • [CMBA07] Анализа на финансиски извештаи
    • [EMBA0109] Дизајн и оптимизација на бизнис-процеси
    • [EMBA0110] Управување на односите со клиентите
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1050] Стратешка конкурентна анализа
    • [EMBA0101] Управување со финансиски ризик
    • [PM-203] Управување со синџирот на набавки
    • [EMBA0102] Трговско управување
    • [EPM-102] Управување со квалитет и безбедност
    • [MCMG2021] Менаџмент на човечки ресурси
    • [EMBA0104] Управување со електронски бизнис
    • [EMBA0105] Бизнис-право и етика
    • [MCMG3010] Менаџмент на мал бизнис и претприемништво
    • [EMBA0106] Менаџмент на јавни институции
    • [EMBA0107] Инвестирање во недвижнини
    • [CMBA19] Управување со проекти
    • [EMBA0108] Пари, банки и финансиски институции
    • [CMBA07] Анализа на финансиски извештаи
    • [EMBA0109] Дизајн и оптимизација на бизнис-процеси
    • [EMBA0110] Управување на односите со клиентите

Семестар 4

  • [BE-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавна одбрана на магистерскиот труд. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по бизнис-администрација.
Google+