Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Маркетинг

Циклус на студии: Втор циклус (Постдипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Код на програмата: N-MBAMAR120C
Академска година: 2017 / 2018
Титула: Магистер по економски науки - Насока: Mаркетинг
ЕКТС: 120 (2 години) Aкредитација

Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век. 

По успешно завршување на програмата, студентите ќе можат:
- Индивидуално и групно да работат на истражување на најсоодветните форми на исполнување на потребите на населението;
- Да ги елаборираат, од научен и од професионален аспект, разликите и потребите на заедницата;
- Активно да бидат вклучени во изградбата на макро и микро економската  политикита;
- Да бидат информирани и да придонесуваат во научните и во професионалните елаборати.

Знаење и разбирање

- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.

Примена на знаењето и разбирањето

- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.

Способност за проценка

- Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.

Комуникациски вештини

- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на на бизнис и економија.

Вештини на учење

- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и  во непрофитабилните организации.

Семестар 1

  • [MCBA1018] [6 ЕКТС] Финансии за менаџери
    Целта на предметот е да се обезбедат теоретски и практични знаења на студентите од областа на менаџирањето со финансиите на деловните субјекти. Студентите (потенцијални менаџери) се запознаваат со финансиските информации за да можат да ги анализираат и да ги протолкуваат финансиските податоци, во евентуалните инвестициони и финансиски одлуки. Целта е и да се овозможи студентите да развијат способности за вреднување на деловниот субјект како и за менаџирање со разните форми на финансирање на деловните активности и за предвидување при донесувањето одлуки за инвестирање сега и во иднина.
  • [MCBA1011] [6 ЕКТС] Напредна економија
    Предметот е составен од два дела и тоа: микроекономија и макроекономија. Во рамките на микроекономијата се изучува однесувањето на потрошувачот во услови на егзистенција на буџетско ограничување и неговата целна функција - максимизација на корисноста, како и однесувањето на претпријатието во различни пазарни структури и нивната целна функција - максимизација на профитот. Во микроекономијата се изучуваат и факторите на производство и нивните цени, како и улогата на државата во регулирањето на бизнисите и на домените на пазарниот неуспех. Макроекономијата го изучува функционирањето на економијата во целина. Во тој контекст вниманието е фокусирано на најзначајните макроекономски големини: бруто домашниот производ, инфлацијата, невработеноста, штедењето, инвестициите, девизниот курс и слично. Посебно внимание се обрнува на факторите кои ја нарушуваат макроекономската рамнотежа на кус и долг рок, како и на природата и карактерот на клучните макроекономски политики низ кои се настојува движењето на фактичкиот бруто домашен производ да се доближи, толку колку што тоа е возможно, до движењето на потенцијалниот бруто домашен производ.
  • [6 ЕКТС] Напреден стратегиски менаџмент
    Целта на предметот на последипломските студии е студентите да ги продлабочат своите знаења од областа на стратегискиот менаџмент преку анализа на конкретните случувања од оваа област во Република Македонија и во светот. Во овој правец целта е да се разработат на подетално ниво сите релевантни теми од областа на стратегискиот менаџмент и да се надополнат со случаи од практиката на деловните организации.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EMBA1020] Промоција
    • [ECMBA30] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [EMBA1021] Теорија на игрa
    • [EIER2030] Извозни стратегии и политика на конкурентност
    • [EMAR0105] Дизајн и управување со производ
    • [EMBA05] Менаџмент на цени
    • [EMBA2020] Организациско однесување
    • [EMAR0106] Систем на дистрибуција и продажба
    • [MCBA1015] Стратегиски маркетинг
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 2

  • [EMBA01] [6 ЕКТС] Напреден маркетинг-менаџмент
    Целта на предметот е да се подготват студентите да ги употребуваат и да ги применуваат маркетинг-стратегиите во практиката на компаните, при менаџирање со маркетинг-околината, пазарите и со сегментите на пазарите, истражување на пазарите, потрошувачите, геомаркетингот, маркетинг-герилата, е-маркетингот, но и како да управуваат 4-П на една организација или компанија, така што ќе бидат во можност да дизајнираат оптимални маркетинг-елементи итн., производи, цени, промотивни и дистрибутивни методи со кои се соочуваат компаниите. Како значајно маркетинг-решение вклучува внимателната анализа на ситуацијата, интелигентна употреба на истражувањето, како и принципите на маркетингот. Целта на предметот е да се разбере комплексноста на одлуките во маркетинг-менаџмент, како и во рамките на анализа на пазари, клиенти, конкуренти и при интегрирањето на концепти со оригиналниот маркетинг-план.
  • [EMBA02] [6 ЕКТС] Маркетинг и истражување
    Целта на предметот е: 1. Стекнување знаења и вештини за самостојно спроведување на маркетинг-истражувачки проект. 2. Осознавање на одделните фази од процесот на маркетинг-истражувањето. 3. Осознавање на квалитативните маркетинг-истражувачки методи. 4. Осознавање на квантитативните маркетинг-истражувачки методи. 5. Осознавање на методите за истражување на одделните инструменти на маркетинг-миксот.
  • [MCBA1022] [6 ЕКТС] Однесување на потрошувачите
    Однесувањето на потрошувачите е напреден предмет кој се фокусира на разбирањето и управувањето на односот потрошувач - маркетер. Предметот ги разгледува концептите и теориите на социјалните науки и ги употребува за да ги разбере потрошувачите и развие, оцени и имплементира ефективните маркетинг стратегии. Материјалот кој ќе биде покриен вклучува учење за потрошувачите, перцепција и меморија, мотивација, убедување и однесување, потрошувачко одлучување, задоволство, реферабилни групи и потрошувачко однесување, потрошувачко однесување на домаќинствата, приходна и социјална класа, возрасна суб-култура, културата и потрошувачкото однесување, етика и социјална одговорност во потрошувачкото однесување.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EMBA1020] Промоција
    • [ECMBA30] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [EMBA1021] Теорија на игрa
    • [EIER2030] Извозни стратегии и политика на конкурентност
    • [EMAR0105] Дизајн и управување со производ
    • [EMBA05] Менаџмент на цени
    • [EMBA2020] Организациско однесување
    • [EMAR0106] Систем на дистрибуција и продажба
    • [MCBA1015] Стратегиски маркетинг
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет
    • [MFE01] Реторика
    • [MFE02] Мултилингвализам и мултикултурализам
    • [MFE03] Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
    • [MFE04] Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
    • [MFE05] Професионална комуникација
    • [MFE09] Пазар на трудот
    • [MFE08] Методологија на наставата
    • [MFE10] Филозофија на општествените науки
    • [MFE11] Менаџмент на проекти
    • [MFE12] Методи на оптимизација
    • [MFE13] Етички и правни прашања во информатички технологии (ИТ)
    • [MFE14] Заштита на човековите права

Семестар 3

  • [BE0101] [6 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет се фокусира на еден широк спектар на методи на истражување кои може да се користат во рамки на сите општесвени науки. Се посветува внимание како на квантитативните така и на квалитативните методи на истражување. Овој предмет е наменет за поединци кои имаат потреба да спроведат општесвени истражувања како дел на нивните академски студии.
  • [BE0102] [6 ЕКТС] Напреден маркетинг на услуги
    Целите на предметот се да им помогне на студентите да стекнат знаења за уникатните аспекти и предизвици својствени за маркетингот и за управувањето со испораката на услуги или други нематеријални понуди. Се овозможува и развивање на способноста да размислуваат критички и стратешки за можности и проблеми кои се јавуваат во индустрии на услуги и да ги применуват концептите на маркетинг-услуги и рамки за да се формулираат значајни решенија. Потоа анализирање на процесот на испорака на услуги и откривање на критичките фактори за успех во квалитетот на услугите, врз основа на докази од академски истражувања и современи погледи на маркетинг-практичари. Исто така, да станат почувствителни за клучните прашања при создавањето и управувањето со односите со клиентите во оваа индустрија и да ги ценат важноста од задоволството на клиентите и обновувањето на услугите, како и вредноста на лојални клиенти.
  • [BE0103] [6 ЕКТС] Напреден меѓународен маркетинг
    Преку предметот Напреден меѓународен маркетинг студентите ќе стекнат знаења од областа на меѓународниот маркетинг. Притоа студентите ќе добијат напредни познавања од областа на меѓународниот маркетинг. Посебно значење се придава на влијанието на факторите како што се културата, општествената средина, политичката средина, човековите ресурси и глобалниот маркетинг, пазарната сегментација, елементите на маркетинг-миксот и др.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EMBA1020] Промоција
    • [ECMBA30] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [EMBA1021] Теорија на игрa
    • [EIER2030] Извозни стратегии и политика на конкурентност
    • [EMAR0105] Дизајн и управување со производ
    • [EMBA05] Менаџмент на цени
    • [EMBA2020] Организациско однесување
    • [EMAR0106] Систем на дистрибуција и продажба
    • [MCBA1015] Стратегиски маркетинг
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EMBA1015] Применета статистика
    • [EMBA1020] Промоција
    • [ECMBA30] Менаџмент на вкупен квалитет
    • [EMBA1021] Теорија на игрa
    • [EIER2030] Извозни стратегии и политика на конкурентност
    • [EMAR0105] Дизајн и управување со производ
    • [EMBA05] Менаџмент на цени
    • [EMBA2020] Организациско однесување
    • [EMAR0106] Систем на дистрибуција и продажба
    • [MCBA1015] Стратегиски маркетинг

Семестар 4

  • [BE-THESIS-120] [30 ЕКТС] Магистерски труд
    По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавна одбрана на магистерскиот труд. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Маркетинг.
Google+