Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Бизнис информатика (2012/2013)

Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Современи науки и технологии
Академска година: 2023 / 2024
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение:

Тригодишната студиска програма (Bachelor of Science) Бизнис-информатика го спојува најдоброто од бизнис-околината и од технолошките перспективи кои сеопфатно даваат импулс на современиот развој на индустријата и воедно се подготвуваат студентите за позицијата на лидери во организации насекаде низ светот. Пазарот на трудот веќе поминува низ рапидна експанзија исто  така  како што се движат општеството и економијата на оваа земја кон стандардите на Европската унија и кон глобализацијата воопшто.

Во рамките на тригодишната програма се вклучени студии кои по природа се динамични, интегративни и интерактивни. Се очекува овие студии да генерираат високи професионални резултати приспособени на потребите на пазарот на трудот, кои истовремено ќе служат како солидна основа за понатамошните студии на последипломско ниво.

Преку студиската програма Бизнис-информатика се адресираат специфични потреби и трендови кои ги задоволуваат сегашните и идните потреби на пазарот на трудот во одредени полиња на корпоративниот развој поврзани со менаџментот и управувањето на информациските системи и со нивниот развој. Програмата, исто така, вклучува и: развој на портали, мултимедијални технологии и проекти, ИТ-апликации за нови бизниси, бази на податоци, мрежа од верижни вредности, е-трговија, интерактивен маркетинг, менаџирање на односите со потрошувачи (CRM), конвергенција на бизнисот и виртуелниот бизнис, корпоративни финансии и сметководство.

Преку оваа програма студентите сериозно ќе ја разберат и ќе ја осознаат областа на бизнисот и на компјутерските науки, истовремено ориентирајќи се во одредени области, кои се предвидени во вториот циклус на студиите. За време на тригодишната студиска програма на студентите им се даваат можности за практична работа (internship), со што ќе се оспособат да ги применат своите стекнати знаења и вештини во областа на бизнис-информатиката.

Универзитетот тековно поседува извонредна ИТ-инфраструктура за реализација на предложената наставна план-програма со компјутерски лаборатории, интернет-пристап и можност за учење од далечина (distance learning), како и библиотека со интернет- ресурси достапни за пребарување.

Структурата на наставната план-програма претставува балансирана комбинација на основни знаење и специфични професионални вештини. Првата година е значајна за студентите, бидејќи спојува цел спектар на интердисциплинарни предмети со практична имплементација од двете полиња, бизнис и информатика. Ова ќе биде од исклучителна важност за нивната професионална оформеност.

Наставни цели на програмата

  • Да им овозможи на студентите независно истражување, навлегувајќи во оние области од бизнис информатиката кои не биле опфатени со наставната програма.
  • Да развиваат способности за критички, аналитички и за функционален пристап, споредбени способности за решавање на проблемите кои можат да се применуваат во областите на бизнис-информатиката.
  • Да се понуди можност за развој на лични способности, комуникација, истражувања и на други значајни способности потребни за вработување.
  • Да се понуди можност за запознавање и за стекнување први работни искуства во реална работна околина од областа на студирањето преку практична работа и преку стажирање.
  • Да  се  потенцира  повеќејазичната  настава  и  да  се  промовира  меѓуетничкиот и меѓукултурниот дијалог.
  • Да се  стекнат познавања и вештини од основните дисциплини од бизнис-информатиката: програмирање, бази на податоци, компјутерски мрежи, напредни веб-технологии, корпоративни финансии, менаџмент, маркетинг и како нивна имплементации во сродните области.

Со завршување на програмата Бизнис информатика, дипломираните студенти ќе најдат вработување во: развојот на системи, софтверот за управување со проекти, поддршка на крајните корисници на ИТ, програмирање, а и како аналитичари на бизнис-системи. Поради оваа причина, поединците кои имаат не само способноста да дизајнираат технички, компјутерски базирани решенија, но исто така можат да ги забележат можностите на ИТ од бизнис-перспектива, ќе се бараат за вработување од секоја организација. Студентите ќе ги стекнат следниве вештини.

  • Да управуваат со информациите во средни и големи организации.
  • Да анализираат, да планираат и да развијат решенија кои се во согласност со потребите на пазарот.
  • Да планираат потребни бизнис-анализи и да го проценат ризикот на бизнисот.  
  • Да ја ​​развијат умешноста, да придонесат во процесот на донесување одлуки, дизајн и имплементација на промени во бизнис-процесите.
Знаење и разбирање
  • Поседување на знаење и разбирање од областите бизнис и информатика (економија, менаџмент, маркетинг, финансии, програмирање, бази на податоци, компјутерски и информациски системи, мрежи и инженерство на податоци).
  • Способност за развој и за примена на оригинални и креативни идеи во околини во кои се преклопуваат или заемно се поврзани областите на бизнисот и информатиката.
  • Способност за примена на интердисциплинарно знаење и за демонстрација на специјалистички компетенции од бизнис-информатиката.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми во нови околини или во околини во кои студентите немаат претходно искуство во мултидисциплинарен контекст на реална бизнис-околина или организациска околина. Планирање, водење и евалвација на независни истражувања во областа на бизнисот, имплементирајќи соодветни пресметувачки алатки, околини и технологии.
  • Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од бизнис процесите и соодветно користење компјутерски алатки базирани на дефинирани техники за истражување и испитување. 
Способност за проценка
  • Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области поврзани со бизнис-процесите и со користењето компјутерски алатки и техники.
  • Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со бизнис-процесите, за идентификација на соодветни специјализирани инстанции во областа на бизнисот и во информатиката и за донесување издржани процени во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето. 
Комуникациски вештини
  • Способност за јасно и недвосмислено изведување стручни заклучоци, резултати, студии и  сознанија  со способност за прилагодување на стилот и формата на изразување.
  • Компетентност за критички, независни и креативно аргументирани истражувања, евалвација на методологии и предлагање и бранење нови хипотези.
  • Способност за иницирање, водење и за преземање одговорност за индивидуи и за групи во случаи во кои бизнис-компетенциите и информатичките компетенции се од суштинска важност.
Вештини на учење
  • Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и за автономно дообразование, како и за негово изведување самостојно и автономно во вообичаените бизнис- области и информатички области.
  • Способност за преземање одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис-области и информатички области во рамките на вмрежената економија.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Компјутерски системи
    Цели на предметната програма се запознавање со: основните елементи, структурата, компонентите, организацијата и функционирањето на компјутерските системи. Во рамките на овој предмет се опфаќа широк спектар на компјутерски системи и периферни уреди. Се обработуваат и основите на претставување и манипулирање со податоци и основите на компјутерските мрежи и веб-технологиите.
  • [6 ЕКТС] Вовед во економија
    Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со надворешното и со внатрешното окружување на претпријатието. Притоа, особено внимание ќе биде посветено на финансиската функција, на маркетинг-функцијата и на организациската функција на претпријатието. Покрај ова, се согледува и влијанието на претпријатието врз заедницата.
  • [6 ЕКТС] Калкулус и линеарна алгебра
    Главна цел на предметот е студентите да стекнат практично знаење за основните поими од предметот Калкулус. Исто така, студентите да се запознаат и целосно да ги совладаат поимот функција ( како посебно пресликување ), начините на задавање една функција, непрекинатоста на основните функции. Да се оспособат за изнаоѓање: гранична вредност на функција (лимес), изводи, интеграли, определен интеграл и решавање проблеми во врска со наоѓање на максималната и на минималната вредност на реалните функции. Да се запознаат со: основните поими на алгебарските структури, теоријата на матрици, решавањето на системите на линеарни равенки. Да решаваат и да задаваат различни задачи во врска со горенаведените поими.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по англиски јазик 1
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по албански / македонски јазик 1
    • Албански јазик за почетници 1
    • Албански јазик за почетници 2
    • Албански јазик за почетници 3
    • Македонски јазик 1
    • Македонски јазик 2
    • Македонски јазик 3
    • Македонски јазик 4
    • Македонски јазик за почетници 1
    • Македонски јазик за почетници 2
    • Македонски јазик за почетници 3
    • Македонски јазик за почетници 4
    • Академско пишување на македонски јазик

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Дискретни структури
    Целта на овој предмет е студентите да ги стекнат потребните математички знаења кои имаат директна примена во областа на бизнис-информатиката. Дел од концептите предвидени во овој предмет веќе се познати за студентите, но тука целта е да ги формализираат тие концепти на уште повисоко ниво што ќе им овозможи да го збогатат својот дијапазон на идеи и истите да ги применат решавајќи различни практични проблеми.
  • [6 ЕКТС] Компјутерско програмирање 1
    Во рамките на овој предмет се презентираат основните концепти на програмирање кои понатаму служат како вовед во структурното програмирање. Целта е студентите да се оспособат да напишат јасни и ефикасни C++ програми, применувајќи широк спектар на програмирачки техники.
  • [6 ЕКТС] Принципи на менаџмент
    Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со основите на менаџментот, неговата генеза и дефинирање, како и со основните принципи врз кои треба да се базира работата на секој иден менаџер. Следењето на овој предмет исто така има за цел студентите да стекнат основни познавања од областа на основните функции на менаџментот како планирањето, организирањето, координирањето, мотивирањето и контролата. Совладувањето на предметот на студентите ќе им овозможи: * Да ги научат основите на менаџментот и да се оспособат за нив да даваат конкретни примери. * Да се оспособат да гледаат на совладувањето на овој предмет како на потреба и стекнувањето знаења да бидат во контекст на практичната примена на наученото. * Да размислуваат на ефикасен начин кој ќе им помогне при соочувањето со деловните проблеми во понатамошниот нивен живот.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по англиски јазик 2
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по албански / македонски јазик 2
    • Албански јазик за почетници 1
    • Албански јазик за почетници 2
    • Албански јазик за почетници 3
    • Македонски јазик 1
    • Македонски јазик 2
    • Македонски јазик 3
    • Македонски јазик 4
    • Македонски јазик за почетници 1
    • Македонски јазик за почетници 2
    • Македонски јазик за почетници 3
    • Македонски јазик за почетници 4
    • Академско пишување на македонски јазик

Семестар 3

  • [6 ЕКТС] Финансиско сметководство
    Целта на предметната програма е да им се помогне на студентите да ја разберат суштината на сметководството, да ги совладаат основите на финансиското сметководство и концептите и принципите на сметководството.
  • [6 ЕКТС] Компјутерско програмирање 2
    Овој предмет е наменет за студенти кои имаат предзнаења за структурно програмирање и кои сакаат тие знаења да ги применат во C++. Цел на предметот е студентите: да стекнат знаења и разбирање од областа на објектно-ориентирано програмирање (апстрактни типови на податоци, класи, енкапсулација, апстракција, наследување, полиморфизам и други), да се научат студентите да пишуваат јасна и ефикасна програма C++ користејќи ги објектно-ориентираните принципи на програмирање за креирање ефикасни апликации, да имаат способност да направат евалвација на одредена објектно-ориентирана солуција и да се оспособат да ги применат концептите на апстрактни типови на податоци во решавање на проблемите базирајќи се на принципите на објектно-ориентирано програмирање реализирани во C++.
  • [6 ЕКТС] Применета веројатност и статистика
    Целта на овој предмет е студентите да ги стекнат потребните знаења од предметот Применета веројатност и статистика, а кои имаат директна примена во областа на компјутерските науки. Целта е да се совладаат обработката на статистичките податоци, нивните законитости, нивното претставување, законитостите на донесување соодветни заклучоци врз основа на обработените податоци и др. Исто така, целта е да се научат основните принципи на веројатноста, но и да се научи како тие принципи можат да се применат во различни области од секојдневниот живот, а посебно во областа на компјутерските науки.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 3
    Јазични предмети
    • Албански јазик за професионални цели
    • Академско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Академско пишување на албански јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Француски јазик
    Комуникациски вештини
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    Вештини по ИТ
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ вештини
    • Напредни познавања за Word и PowerPoint
    • Гугл Апс (Google Apps)
    • Напреден Access
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    Разно
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет по англиски јазик 3
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени

Семестар 4

  • [6 ЕКТС] Основи на информациски системи
    Цели на предметната програма (компетенции): * Да ги научат основните концепти и терминологијата на информациските системи: основни информациски системи и концепти - хардвер, софтвер, мрежи; е-World - е-бизнис и е-трговија; развојни процеси. * Да научат повеќе за информациските системи и технологии кои ги подобруваат бизнис-вредностите и различните бизнис-процеси во организациите. * Да ги применат е-концептите со различни управувачки дисциплини, при процес на анализа, интерпретација, процена и одлука. * Да го разберат процесот на редизајнирање на организации со користење на информациските системи. * Да ја опишат улогата на информациските системи во донесувањето одлуки. * Да ја испитаат безбедноста на информациите, како и етички и социјалните прашања. * Да се запознаат со Интернетот, електронската трговија и со е-бизнисот. * Да се оспособат студентите да работат на проекти, индивидуално или групни, кои по природа можат да бидат: студии на случај, научноистражувачки проекти, развојни проекти или практична работа.
  • [6 ЕКТС] Бази на податоци
    Предметот претставува вовед во концептите на бази на податоци и во системите на бази на податоци. Студентот кој успешно ќе го заврши овој предмет, ќе може да ги користи моделите и концептите на дизајнирање на бази на податоци. Ќе биде во можност да употреби и да дизајнира едноставни и конкретни бази на податоци базирани на релацискиот модел на бази на податоци. Ќе може да го користи MS SQL Server системот за менаџирање на бази на податоци (DBMS), јазикот SQL и да реализира прашалници (queries).
  • [6 ЕКТС] Маркетинг
    Преку овој предмет студентите ќе ги научат основните концепти кои се вградени во функциите на маркетингот на современите организации. Фокусот е ставен на концептите како и на прашањата поврзани со маркетингот на производи и услуги на потрошувачите. Овој предмет, исто така, овозможува разбирање на маркетинг-средина со анализирање на пазарот, а потоа студентите ќе можат да имплементираат успешните маркетинг стратегии во таквата средина. Тие, исто така, ќе можат да ги применуваат научните концепти за дизајнирање комплетен маркетинг-план за својот производ. Овој предмет ќе придонесе студентите да бидат запознаени со разновидни активности во маркетингот, кој придонесуваат компанијата да биде поконкурентна и поуспешна на пазарот.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет по англиски јазик
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 4
    • Е-трговија
    • Менаџмент на информациони системи
    • Вовед во безжични мрежи

Семестар 5

  • [6 ЕКТС] Корпоративни финансии
    Преку овој предмет студентите ќе ги стекнат потребните вештини и знаења во сферата на финансии. Овој предмет ги опфаќа основните вештини што се употребуваат во модерните организации како: временска вредност на парите, вреднување на инвестиции, вреднување на хартии од вредност и финансиско планирање.
  • [6 ЕКТС] Алгоритми и структури на податоци
    Преку овој предмет студентите се запознаваат со фундаменталните концепти и принципи при анализа и дизајнирање на алгоритами и при користење различни структури на податоци. Се разгледуваат различни алгоритами за решавање на истиот проблем. Детално се разгледува временската и просторната комплексност на алгоритамите. Се воспоставуваат критериуми за пронаоѓање на подобриот алгоритам. Се изучува дизајнирање на различни и веќе познати структури на податоци (линеарни и нелинеарни) и се разгледува можноста за креирање нови структури на податоци, како и нивната конкретна примена. Последниот дел од предметот претставува вовед во графови и се разгледуваат основните модели за граф-алгоритами. Студентите се запознаваат со различни типови на податоци и различни алгоритами, со што се овозможува понатамошно директно вклучување во анализа, дизајнирање и во примена на конкретни софтверски проекти.
  • [6 ЕКТС] Веб-програмирање
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со проблемите на веб-развојот и да го разберат веб објектно-ориентираното програмирање, техниките и технологиите. * Да разбираат различни техники на програмирање и јазици кои им се на располагање на организации и претпријатија и да имаат можност да изберат соодветна архитектура за веб-апликацијата. * Да демонстрираат способности за дизајн и за имплементација на веб-развој. * Да бидат способни да донесуваат информирани и критички одлуки во врска со веб-развојот. * Да бидат во можност да дизајнираат и да имплементираат разумно софистицирани веб-апликации со употреба на една или на повеќе соодветни технологии. * Да имаат знаење критички да ги анализираат и да ги оценуваат веб-апликациите. * Да имаат критичко и систематско разбирање на веб-протоколи. * Да се запознаат со повеќе технологии за веб-развој и со синтаксата на скриптните јазици, како и на програмските јазици и да ги научат основите и концептите на програмирањето; да се оспособат да обрнуваат внимание на кодот на јасноста и документацијата. * Да ги анализираат клучните концепти OOP: класи и објекти, наследство и др. * Да стекнат вештини во дизајнирање софтверски решенија на проблемите од различни области на примена.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 5/2
    • Податочно рударство
    • Веб-технологии
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 5/1
    • Податочно рударство
    • Веб-технологии

Семестар 6

  • [6 ЕКТС] Инженеринг на податоци
    Предметот е вовед во концептите и принципите на податочното инженерство. Во овој предмет се разгледуваат методите на чување и организација на податоци и методите на нивна обработка со цел да се помогне при донесување одлуки во бизнис-околини. Детално се обработуваат теми од дескриптивна статистика со цел опишување податоци, нивна дистрибуција, корелација итн. Особено значење се дава на практичната имплементација на податочни складишта и методи на трансформација на податоци во корисни информации. Меѓу користените методи се: примена на алгоритми за класификација, групирање (eng. Clustering), донесување одлуки, регресивни модели и слично.
  • [6 ЕКТС] Системско и софтверско инженерство
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат критичко и систематско разбирање на принципите и на техниките за системска и софтверска спецификација, анализа и дизајн, програмирање, тестирање и евалвација, одржување и управување со проектирање на ефективни софтверски апликации. Како резултат на тоа студентите ќе ги сфатат алатките и методологијата на развој на софтверски солуции. По завршување на предметот студентите ќе бидат способни: 1. Да го анализираат процесот на развивање софтверски солуции и да ја изразат суштината концизно и прецизно. 2. Да дизајнираат структура на модул за решавање на проблемот, како и процена на алтернативи. 3. Програма и спроведување на софтверски модул така што ќе го извршува ефикасно и правилно; 4. Да работат во мали тимови, да соработуваат за различни аспекти на развој на софтвер, и за размена на идеи во конструктивна и софтвер за управување со проекти организиран начин; 5. Да ги ценат развојните вештини и методолошките прашања во развој на софтверот, како што се: важноста на мислењето на корисникот како фидбек, работата со ограничени ресурси, одржливоста, тестирањето и менаџирањето на развојниот софтверски тим.
  • [6 ЕКТС] Деловни информациски системи
    * Студентите да стекнат знаења за спознавање на системите ЕРП (ERP - Enterprise Resource Planning), на изборот на софтвер EРП, како и интеграцијата на процесите и трансакциите во системот ЕРП. * Да им се овозможи на студентите да ги разберат предизвиците поврзани со успешната имплементација на системите за менаџирање на снабдувачки синџири (Supply Chain Management systems). * Да им се овозможи на студентите да ги разберат предизвиците поврзани со успешната имплементација на системите за менаџирање на односите со клиентите (Customer Relationship Management systems). * Да се развијат аналитичките и организациските способности на студентот преку употреба на бизнис-студии на случај, како и работи во групи.
  • [6 ЕКТС] Дипломска работа
    Ова е активност за дипломската работа и проектот на професионалното позиционирање во областа на бизнис информатиката. Студентите треба да подготват проект, вообичаено едно поврзување помеѓу информатичката технологија и бизнисот, да ја изработат структурата на проектот, да изведат истражување и да го напишат техничкиот извештај. Теоретски, овие проекти претставуваат комплетен систем или пак производ, интегрирана анализа, симулација или користење на софтвер или хардвер доколку е соодветно.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет 6/2
    • Менаџмент на ризик
    • Управувачко сметководство
Google+