Целта на последипломската програма по водство и управување во образованието е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата насознанијата, посебни и систематски знаења,за академското ниво на процесот на трансформација на образованието во опкружувањето и пошироко во регионот
- Кадар со нови знаења во образованието.
- Способност да истражува во областа на образованието.
- Да креира политики во образованието и во школството.
- Да е способен за резултативно менаџирање со образовните организации.
Знаење и разбирање
- Разбирање на локалните, регионалните и наглобалните промени во образованието.
- Студентите ќе бидат лидери во образовните иновации.
- Студентите ќе бидат добро упатени во реформите на образовниот процес во Македонија и во регионот и ќе поседуваат вештини за имплементација на акционите планови и на програмите за реформи.
Примена на знаењето и разбирањето
- Разбирање на локалните, регионалните и наглобалните промени во образованието.
- Студентите ќе бидат лидери во образовните иновации.
- Студентите ќе бидат добро упатени во реформите на образовниот процес во Македонија и во регионот и ќе поседуваат вештини за имплементација на акционите планови и на програмите за реформи.
Способност за проценка
- Студентите ќе се соочат со ризикот и со предизвиците кои ги носи промената на традиционалното со модерното во образовниот систем.
- Ќе бидат во можност да вршат процена на програмите, наставните планови, кадарот и на образовната политика.
Комуникациски вештини
- Ќе поседуваат одлични комуникациски вештини.
- Ќе поседуваат способност за користење на технологијата во училниците и во администрацијата за нивно успешно функционирање во општествата и институциите базирани на знаење.
Вештини на учење
- Ќе стекнат вештини за обезбедување водство во училиштата низ Македонија и за имплементитрање на истражувањата во образовните институции.
- Ќе стекнат вештини за управување со човечките, економските и со технолошките ресурси.
- Ќе бидат обучени и компетентни за преземање одговорност и за унапредување на образованието. Преку обука, задолжителна за сите студенти, ќе можатефикасно да дејствуваат во мултикултурната и во мултијазичната средина.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки во однос на изноаѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци, за проучување и истражување во општетсвените науки. Селекцијата на прибраниот фактографски материјал, неговата анализа и научна интерпретација претставуваат значајна компонента на испитувањето на причинско-последичните односи. Предметот е фокусиран на проблемите на квантативните и квалитативните методи и техники на истражување.
-
[6 ЕКТС]
Вовед во водството во образованието
Предметот има богата содржина во врска со стиловите, квалитетот и управувањето со училиштата. Главните теми се:
- Стилови на учење;
- Квалитет во училиштата;
- Тимови и тимска работа;
- Управување со промените во училиштата;
- Теорија на организација;
- Клима и култура;
- Водство;
- Дефинирање на средбите во училиштата;
-
[6 ЕКТС]
Психологија на образованието
Предметот, карактеристиките и задачите на педагошката психологија:
- Историски развој и создавање на дисциплината;
- Предметот на дисциплината;
- Карактеристики и задачи на дисциплината;
- Методите на педагошката психологија;
- Видови и теории на учењето;
- Трансфер на учењето и способност за учење;
- Мотивација и вреднување на учењето;
- Психо-педагошки аспекти на мислењето;
- Психолошки аспекти на наставата;
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Информациски и комуникациски технологии во наставниот процес (ИКТ)
Целта на овој предмет е:
- Да се презентираат понапредни концепти и технологии од областа на ИКТ.
- Да се прикажат нивните примени во наставниот процес.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани поглавја од ИТ апликации.
- Практична примена на овие цели во наставниот процес во склоп на изработка на индивидуален проект на студентот.
-
Учечње и осознавање во образованието
Преку овој предмет се обработуваат клучните концепти кои се вклучени во донесувањето одлуки за обликот на наставната програма, за теориите на наставната програма и за практичните аспекти на планирање, имплементација, евалуација и на истражување. Покрај тоа, ќе се истражуваат стилови на учење и повеќекратни интелегенции и ќе се размислува за тоа како овие идеи можат да влијаат врз пристапот на предавањата на науката во образованието.
-
Стратегиско планирање
Предметот ги опфаќа следните теми:
- Изработка на стратешки план за развој на училиштето;
- Мисија на училиштето;
- Визија за училиштето;
- Подрачја на промени и приоритети;
- Цели на училиштето;
- Задачи и активности;
- План за евалувација;
-
Евалвација на образовните организации
Преку овој предмет ќе се воведат теоретска и практична евалвација на организациите низ процесотот на рецензија на извештаите за организационата и курикуларната поставеност на образовните институции. Темите се однесуваат на сите аспекти на дизајнирање и имплементација на евалвацијата во образованието, оценките на евалвацијата, иструментите и пристапите.
-
Социологија на образованието
Целта на предметот е истражувањето и елаборацијата на општествените услови во кои функционираат образовните институции и во кои се образуваат новите генерации. Темите кои ќе бидат обработени се: научната литература и образованието, општеството и образованието, образованието и надминувањето на традиционалните бариери, образованието во дигиталните општества, идната работа, новите професии и училишта, искуството и улогата на училиштата како општествени институции, веројатноста за успех на младите генерации, идеолошката улога на образованието, актуелните училишта и нивната општествена улога во ЕУ и во САД.
-
Менаџирање со човечки ресурси
Предметот претставува вовед во елаборацијата на менаџирање со човечките ресурси и опфаќа повеќе аспекти: значење, важност на човечките ресурси; поим и концепт на ЧР; планирање на човечкиот потенцијал; регрутирање; темелни претпоставки на квалитетна професионална селекција; обуката како процес; следење на работната успешност; мотивација за работа; едукација и развој во современите претпријатија; развиток и управување со кариера, со посебен осврт на специфичните теми на менаџментот на човечките ресурси; стресот и управувањето со стресот, мобинг, флуктуација и апсентизам.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 2
-
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистерската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, наставно-научниот совет на факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од наставно-научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Водство и управување во образованието.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Мултикултурно образование
Целта на предметот е на студентите да им се овозможи стекнување систематски знаења од областа на мултикултурното образование, дисциплина што се занимава со проучување на однесувањето на личностите во работните организации: организирање на ниво на индивидуа, на ниво на група, како и на ниво на организацијата во целина од аспект на мултикултурното образование.
-
Правни прашања во образованието
Целта на предметот е студентите да стекнат вештини за примена на главните истражувачки методи, критички и креативно да прибираат истражувачки материјал од областа на правото во полето на образованието, да го разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критикуваат од правен аспект, да ги разберат клучните научно-истражувачки дебати кои се однесуваат на предметот на избраната област, особено во однос на развојот на клучните концепти, епистемолошките концепти и општественото истражување од областа на правото во полето на образованието.
-
Oдбрани поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со познавања и вештини од одбрани поглавја од ИТ апликации кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
- Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со познавања и вештини од апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.