
Програма: |
Водство и управување во образованието (2012/2013) |
Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
Факултет: | Јазици, култури и комуникација |
Академска година: | 2022 / 2023 |
Титула: | Магистер по водство и управување во образованието |
ЕКТС: | 120
(2 години)
![]() |
Решение: |
Целта на последипломската програма по водство и управување во образованието е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на сознанијата, посебни и систематски знаења, за академското ниво на процесот на трансформација на образованието во опкружувањето и пошироко во регионот.
Кадар со нови знаења во образованието.
Способност да истражува во областа на образованието.
Да креира политики во образованието и во школството.
Да е способен за резултативно менаџирање со образовните организации.
Знаење и разбирање
- Разбирање на локалните, регионалните и наглобалните промени во образованието.
- Студентите ќе бидат лидери во образовните иновации.
- Студентите ќе бидат добро упатени во реформите на образовниот процес во Македонија и во регионот и ќе поседуваат вештини за имплементација на акционите планови и на програмите за реформи.
Примена на знаењето и разбирањето
- Студентите ќе бидат во можност да ги советуваат владините и невладините политичари во однос на образованието како и да ги планираат локалните потреби и потреби на кадарот преку нивно адаптирање со економските ресурси на земјата, истовремено нагласувајќи ги вештините за стратешко управување и водство.
- Студентите ќеможат да ги преземат водечките улоги во образовните институции (јавни и приватни) во Република Македонија и пошироко.
Способност за проценка
- Студентите ќе се соочат со ризикот и со предизвиците кои ги носи промената на традиционалното со модерното во образовниот систем.
- Ќе бидат во можност да вршат процена на програмите, наставните планови, кадарот и на образовната политика.
Комуникациски вештини
- Ќе поседуваат одлични комуникациски вештини.
- Ќе поседуваат способност за користење на технологијата во училниците и во администрацијата за нивно успешно функционирање во општествата и институциите базирани на знаење.
Вештини на учење
- Ќе стекнат вештини за обезбедување водство во училиштата низ Македонија и за имплементитрање на истражувањата во образовните институции.
- Ќе стекнат вештини за управување со човечките, економските и со технолошките ресурси.
- Ќе бидат обучени и компетентни за преземање одговорност и за унапредување на образованието. Преку обука, задолжителна за сите студенти, ќе можатефикасно да дејствуваат во мултикултурната и во мултијазичната средина.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки во однос на изноаѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци, за проучување и истражување во општетсвените науки. Селекцијата на прибраниот фактографски материјал, неговата анализа и научна интерпретација претставуваат значајна компонента на испитувањето на причинско-последичните односи. Предметот е фокусиран на проблемите на квантативните и квалитативните методи и техники на истражување.
-
[6 ЕКТС]
Вовед во водството во образованието
Предметот има богата содржина која се однесува на стиловите, квалитетот и на управувањето со училиштата. Главните теми се: * Стилови на учење * Квалитет во училиштата * Тимови и тимска работа * Управување со промените во училиштата * Теорија на организација * Клима и култура * Водство * Дефинирање на средбите во училиштата
-
[6 ЕКТС]
Психологија на образованието
Предметот, карактеристиките и задачите на педагошката психологија: * историски развој и создавање на дисциплината * предметот на дисциплината * карактеристики и задачи на дисциплината * методите на педагошката психологија * видови и теории на учењето * трансфер на учењето и способност за учење * мотивација и вреднување на учењето * психо-педагошки аспекти на мислењето * психолошки аспекти на наставата
-
[6 ЕКТС]
Стратешко планирање
* Изработка на стратешки план за развој на училиштето; * Мисија на училиштето; * Визија за училиштето; * Подрачја на промени и приоритети; * Цели на училиштето; * Задачи и активности; * План за евалувација;
- [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Менаџирање со човечки ресурси
Предметот претставува вовед во елаборацијата на менаџирање со човечките ресурси и опфаќа повеќе аспекти: значење, важнос на човечките ресурси; поим и концепт на ЧР; планирање на човечкиот потенцијал; регрутирање; темелни претпоставки на квалитетна професионална селекција; обуката како процес; следење на работната успешност; мотивација за работа; образување и развој во современите претпријатија; развиток и управување со кариера, со посебен осврт на специфичните теми на менаџментот на човечките ресурси; стресот и управувањето со стресот, мобинг, флуктуација и апсентизам.
-
[6 ЕКТС]
Евалуација на образовните организации
Преку овој предмет ќе се воведат теоретска и практична евалуација на организациите низ процес на рецензија на извештаи за организационата и курикуларната поставеност на образовните институции. Темите се однесуваат на сите аспекти на дизајнирање и имплементација на евалуацијата во образованието, оценките на евалуацијата, иструментите и пристапите.
-
[6 ЕКТС]
Социологија на образованието
Целта на предметот е истражувањето и елаборацијата на општествените услови во кои функционираат образовните институции и во кои се образуваат новите генерации. Темите кои ќе бидат обработени се: научната литература и образованието, општеството и образованието, образованието и надминувањето на традиционалните бариери, образованието во дигиталните општества, идната работа, новите професии и училишта, искуството и улогата на училиштата како општествени институции, веројатноста за успех на младите генерации, идеолошката улога на образованието, актуелните училишта и нивната општествена улога во ЕУ и во САД.
-
[6 ЕКТС]
Мултикултурно образование
Целта на предметот е на студентите да им се овозможи стекнување систематски знаења од областа на мултикултурното образование, дисциплина што се занимава со проучување на однесувањето на личностите во работните организации: организирање на ниво на индивидуа, на ниво на група, како и на ниво на организацијата во целина од аспект на мултикултурното образование.
- [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Правни прашања во образованието
Целта на предметот е студентите да стекнат вештини за примена на главните истражувачки методи, критички и креативно да прибираат истражувачки материјал од областа на правото во полето на образованието, да го разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критикуваат од правен аспект, да ги разберат клучните научно-истражувачки дебати кои се однесуваат на предметот на избраната област, особено во однос на развојот на клучните концепти, епистемолошките концепти и општественото истражување од областа на правото во полето на образованието.
-
[6 ЕКТС]
Информациски и комуникациски технологии во наставниот процес (ИКТ)
Целта на овој предмет е: * Да се презентираат понапредни концепти и технологии од областа на ИКТ. * Да се прикажат нивните примени во наставниот процес. * Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани поглавја од ИТ-апликации. * Практична примена на овие цели во наставниот процес при изработка на индивидуален проект на студентот.
-
[6 ЕКТС]
Учење и осознавање во образованието
Преку овој предмет се обработуваат клучните концепти кои се вклучени во донесувањето одлуки за обликот на наставната програма, за теориите на наставната програма и за практичните аспекти на планирање, имплементација, евалуација и на истражување. Покрај тоа, ќе се истражуваат стилови на учење и повеќекратни интелегенции и ќе се размислува за тоа како овие идеи можат да влијаат врз пристапот на предавањата на науката во образованието.
-
[6 ЕКТС]
Квалитет во наставата
Содржината на овој предмет е фокусирана во оспособување на студентите да ги водат училиштата, при создавање работна клима во училница за рационално, квалитетно и за прагматично образование. Впрочем, актуелното традиционално образование да преминува од учење за диплома во учење за знаење, вештини и компетенции за материјално производство.
- [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Студентите се воведуваат во студиската програма и се фокусираат во изборот на студиските проблеми за тезата. Собираат материјал за тезата, вршат избор, интерпретација на теориските и емпириските материјали низ квалитетните и квантитетните напредни методи.