Целите на програмата се :
- Подигнување на нивото на управување и раководење на претпријатијата и развиток на современиот менаџмент;
- Оспособување и изградување на менаџери од современ профил: претприемачи, подготвени да преземаат акции, но и ризици кои се поврзани со секоја иницијатива, флексибилни, решителни и храбри личности;
- Образование на високо квалификувани и професионални менаџери со лидерски способности и желба за справување со предизвиците на новиот милениум;
- Создавање менаџери со нови погледи и начин на размислување, развивање на способности за предвидување на иднината и прифаќање на предизвиците и можностите кои ги нуди бизнисот во 21 век.
Дипломираните од овој профил ќе поседуваат општи и посебни компетенции, вклучувајќи го капацитетот за анализа и синтеза, основното знаење од областа на студирањето. Ќе имаат способност да ги интерпретираат деловните податоци, економските индикатори, да интерпретираат проспекти, извршни извештаи, резимеа, физибилити студии, да планираат, да организираат, да донесуваат одлуки, да контролираат и да ги разгледуваат деловните одлуки во организацијата, да мотивираат со цел да ги постигнат деловните цели; способност да применуваат квантитативни методи, истражувачки методи, теоретски методи со цел да решаваат деловни проблеми и ќе имаат способност да развиваат деловни планови /стратешки планови (краткорочни, среднорочни и долгорочни), да управуваат со организациите во периодот на транзиција и ќе има способност да создаваат услови за локален економски развој, правејќи разлика во конкурентните предности за посебни области на студирање.
Знаење и разбирање
- Пресметка на основните макроекономски агрегати и критичка анализа на постојните макроекономски политики.
- Давање критички осврт на развојните политики и на нивната примена во националното стопанство.
Примена на знаењето и разбирањето
- Можноста за дијагностицирање на реалните пазарни случувања, предвидување на тенденциите на тие случувања како и анализирање на ефектите на преземените мерки на економската политика врз пазарните движења.
Способност за проценка
- Способни да бидат вклучени во позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
- Анализа на општите процеси на економскиот развој во светот и посебно процесите на транзиција, регионализација и на глобализација на светските економски текови.
Комуникациски вештини
- Овозможување на развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
- Овозможување на студентите активно да се вклучат во предавањата и да вршат независно истражување во сите области на на бизнис и економија.
Вештини на учење
- Развивање на концептот на критичко размислување на студентите.
- Овозможување за стекнување истражувачки способности и искуство за претприемништвото, менаџментот, маркетингот и за финансиите во јавните, во приватните и во непрофитабилните организации.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Квантитативни и квалитативни методи на истражување и нивната примена во студиите по економија и бизнис, истражувања и нивна анализа, студии на случај, регресивна анализа, користење статички софтвер како SPSS и Mikrofiti.
-
[6 ЕКТС]
Маркетинг менаџмент
Целта на предметот е студентите да се стекнат со знаења од областа на управувањето со активностите на маркетингот, маркетинг-околината и нејзиното влијание врз работењето на претпријатијата, елаборирање на политиката на производот, цените, дистрибуцијата и промоцијата, како и донесувањето на одлуките кои менаџерите ги носат во однос на овие политики. Исто така се елаборираат стратегиите кои ги применуваат менаџерите, како и последиците од тие стратегии, маркетинг-планирањето, маркетинг-тактиките и маркетинг-контролата.
-
[6 ЕКТС]
Истражување на пазарот
Испитување на потребите од маркетинг информации и ресурси вклучува собирање и проширување на примарните и секундарните податоци, дефинирање на проблем, дизајн на истражувањето, пробни техники, собирање и анализа на податоци,општ преглед на методи за мерење на реакциите на клиентите за карактеристиките на проектот, ефективноста на рекламирањето и други промотивни девизи.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Maркетинг на услуги
Цел на предметот е да се презентираат теоретски и апликативни аспекти на маркетингот на услугите, како: дефинициите на маркетингот на услугите, карактеристиките кои влијаат врз услугите, маркетинг стратегиите за услужните компании упатени на подобрување на квалитетот на услугите, и др.
-
Дизајн и управување со производ
Целта на предметот е да се подготват студентите да ги употребуваат и да управуваат со техниките и методите за дизајн и менаџмент на производите и услугите и да се оспособат да можат да ги применат во бизнис-компаниите.
Цели на предметот ќе бидат и анализирање на:
* Производниот капацитет, самоодлучувањето на производниот центар и системот на единиците на производи и услуги;
* Агрегатно планирање на производството и нивниот распоред;
* Контролата и процесот на контролата во производството;
* Предвидување на потребите;
* Менаџирање на резервите;
* Програма на производството;
* Квалитет на производите;
* Менаџирање на ефикасноста на претпријатието;
* Менаџирање со економичноста.
-
Оперативен менаџмент
Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење за да бидат способни:
* Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се остваруваат производството и услугите.
* Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се конролираат производството и услугите.
* Да најдат соодветен пристап за решавање на секоја ситуација поврзана со сложената проблематика на производството и услугите.
* Да ги осознаат разновидните активности во организацијата и функционирањето на целосниот систем на оперативниот менаџмент.
* Да подготвуваат и да донесуваат одлуки со кои се создаваат услови за производството и услугите.
-
Менаџмент на информациони системи
Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени теми од областа на собирањето, обработката и користењето на информациите од страна на претпријатието. Фокусот ќе биде ставен на самата важност на информациите за менаџирањето со современите претпријатија. Информационите технологии ќе бидат опфатени, меѓутоа само од аспект на нивната улога за обработка на информациите на претпријатието односно поддршка на сèвкупниот процес на управување со истите. Во тие рамки, ќе се посвети внимание на следните аспејкти: вовед во менаџментот на информационите системи, основни типови на менаџмент на информациони системи, информациската технологија и менаџментот на информационите системи, изградба на менаџмент информациони системи во претпријатието.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 2
-
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и јавната одбрана на магистарската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од Наставно-научниот совет на Факултетот. По подговување на конечната верзија на магистерскиот труд, Наставно - научниот совет на Факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од Наставно - научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по економски науки / Насока: Маркетинг.
-
[6 ЕКТС]
Слободно изборен предмет 1
-
Менаџмент на вкупен квалитет
Целта на предметот е да ги оспособи студентите да ја сфатат суштината на менаџметот на вкупен квалитет, неговото значење и позитивните страни од неговото користење. Во рамките на овој предмет ќе се изучува што претставува квалитетот, како кај производите, така и кај услугите, како и последиците од лошиот квалитет и придобивките од добриот квалитет. Понатаму, ќе се изучуваат правците и теориите во менаџментот на вкупен квалитет, почнувајќи од класичните, западните, како и и јапонските автори. Предмет на изучување ќе бидат и елементите на менаџмент на вкупен квалитет. Понатаму, ќе се анализираат најважните техники поврзани со менаџментот на вкупен квалитет за да на крај се изучува начинот на имплементација на менаџментот на вкупен квалитет како и потребните критериуми за најпознатите награди за квалитет во светот
-
Систем на дистрибуција и продажба
Детерминирање на современиот систем на дистрибуцијата како инструмент на маркетингот, носители и организационитеформи надистрибуцијата, односитемеѓу учесниците во процесот на дистрибуција, факторитекои влијаат на развојот на дистрибуцијата, регулирањетона системот на дистрибуција, продажба, методите и современиот начин на продажба. презентирање на елементите на пазарот и неговите институции од аспект на неговото влијание врз вршењето на прометот,избор на соодветна локација како фактор во вршењето на прометните активности,големопродажбата и малопродажбата со сите значајни аспекти на вршењето на нивните активности,прашањата поврзани со трошоците, провизиите- рабатот и формирањето на малопродажната цена, формулирањето и водењето трговска политика, практично осознавање на техниките на трговското работење.
-
Oдбрани поглавја од ИТ- апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со познавања и вештини од одбрани поглавја од ИТ апликации кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им овозможи на студентите да се стекнат со познавања и вештини од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.