Целта на студиската програма по Граѓанско право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на граѓанско-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на граѓанското право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и за основите на граѓанското право на Р. Македонија, како и споредбени сознанија од областа во регионов и во ЕУ.
Дипломата на Правниот факултет е призната од Адвокатската комора и од Нотарска комора на РМ. Професионалните адвокатски и нотарски титули бараат формална регистрација во овие комори. Дипломата од Правниот факултет на студентите им овозможува пристап до државните органи, посебно до правосудните органи: судство и јавно обвинителство. Правниот факултет има склучено спогодба за соработка со Академијата за обука на судии и јавни обвинители. На студентите чија амбиција е да се занимаваат со научна работа, Правниот факултет при УЈИЕ, им овозможува продолжување на студиите од трет циклус (докторски студии).
Знаење и разбирање
- Има детални сознанија за граѓанското право, како материјално така и процедуралното право, како и за основните норми во клучните области на граѓанското право.
- Има детални знаења за принципите и институти на граѓанското право, вклучувајќи ги и нивното потекло и нивната содржина.
- Процена на области на граѓанското право на критичен, научен и на практичен аспект.
Примена на знаењето и разбирањето
- Развива и унапредува аналитички и истражувачки способности на изборот на проблеми во теорија и во практика преку употребата на законските акти и судската практика.
- Идентификува и анализира најкомплексни проблеми, земајќи активно учество во сите фази на граѓанската постапка и може да толкува комплексно прашање од граѓанското законодавство (вклучувајќи работа како судија, адвокат, нотар), откако ќе стекне квалификации кои се потребни според законодавството на РМ.
Способност за проценка
- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.
Комуникациски вештини
- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на граѓанско-правните науки.
- Донесува напредни одлуки и работи непосредно и ефективно во сите фази на граѓанско-судската постапка.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.
Вештини на учење
- Развива правилник за истражна работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Студентите ќе бидат оспособени:
* Да ги применат главните правни и други истражувачки методи.
* Критички и креативно да прибираат истражувачки материјал кој е релевантен и кој се цитира од авторите селективно во нивните одговори.
* Да ги разберат обемот на истражувачкиот процес и пристапот на различните методи на научното истражување и да се во можност да ги критизираат.
* Да го проучуваат преку напреден пристап односот меѓу правната теорија и истражувачката практика.
* Да ги применат вештините и знаењето кои ги стекнале преку своите тези.
-
[6 ЕКТС]
Граѓанско материјално право
Концепцијата на наставната програма има за цел студентите да стекнат способност практично да ги аплицираат своите знаења од областа на граѓанското право, способност што мора да ја поседува секој правник. Од студентот се очекува, пред сѐ, да ја совлада техниката на правилна примена на законските прописи (читање и толкување на законските норми).
Исто така од студентот се очекува да ја совлада техниката на изработка на: правни дела (договор, тестамент), изработка на најразлични видови поднесоци (тужби, жалби, приговори, барања) како и изработка на акти на судските органи (пресуди, решенија) и други акти на органите на управата (решенија, договори) со кои настануваат, се менуваат и престануваат граѓанско-правните односи.
-
[6 ЕКТС]
Стварно право
Концепцијата на наставната програма има за цел студентите да стекнат способност практично да ги аплицираат своите знаења од областа на стварното право. Од студентот се очекува, пред сѐ, да ја совлада техниката на правилна примена на законските прописи од областа како и правната техника од областа на стварното право.
-
[6 ЕКТС]
Право на интелектуална сопственост
Со изучување на предметната програма студентите ќе стекнат знаења за основите на правото на интелектуална сопственост, видовите права и титуларите на правата. Истовремено ќе се обучат да ги препознаат и да ги разликуваат правата на интелектуална сопственост во предметите што секојдневно ги опкружуваат. Кај правата што подлежат на регистрација, студентите ќе се обучат како да пополнат пријава за патент, трговска марка, индустриски дизајн и сл. Студентите преку едукацијата ќе треба да стекнат знаења како да ги разликуваат творците (автор, пронаоѓач, креатор) од носителите на правата (физички и правни лица), но и да осознаат кои права им припаѓаат (морални, материјални и други). Стекнувајќи знаења за правата што им припаѓаат на носителите, студентите ќе стекнат практични знаења како се врши прометот на правата од интелектуална сопственост.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Облигационо право
Со изучување на предметната програма студентите ќе стекнат посебни и специфични знаења за основите на облигационото право и за посебните видови облигациони односи.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународно приватно право
Преку овој модул, студентите ќе стекнат напредни сознанија за изворите на правото кои треба да се применат за регулирање на граѓанско – правните односи со странски елемент (национални и меѓународни ) и за начинот на уредување на граѓанско-правните односи со странски елемент (директниот и индиректниот) начин на уредување кој е карактеристичен само за овој модул) како и општите и заедничките елементи на формирање и примена на МПП, фактите преку кои се појавува странскиот елемент (фактите на идентификување), точките на врзување како и институти преку кои се избегува примената на обично меродавно право во МПП.
-
[6 ЕКТС]
Семејно право
Преку предметот Семејно право се изучуваат семејно-правните односи, брачното право и родителското право. По краткиот историски осврт за видовите семејства низ историјата, предметот се фокусира на современи теми, односно на состојбата во Р. Македонија во однос на овие односи. По завршувањето на предавањата по овој предмет од студентите се очекува да стекнат знаења за: поимот и предмет на семејното право во национален и меѓународен аспект; изворите на семејните и брачните односи; условите за склучување брак и нивните форми во случајот кога брачните другари се државјани на РМ, или во случајот кога едниот од брачните другари има странско државјанство; за посвојувањето и старателството во национален и меѓународен аспект.
-
[6 ЕКТС]
Трговско право
Студентите се запознаваат со: правните правила за извршување некоја деловна дејност, начинот на организирање на деловните субјекти, условите за основање и упис на деловните субјекти и трговецот поединец како и со начините на престанување на деловните субјекти; начините за основање некој деловно-правен однос, условите за настанување на тие односи, ефектите и последиците; работата со хартиите од вредност: начините за заштитување на правата на индустриска сопственост, начините на заштитување на деловните субјекти од нелојална конкуренција како и начините на заштитување на потрошувачите.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
* Да им се овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
* Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците добиени од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Граѓанско процесно право
Посебните задачи на оваа програма се состојат во оспособување на студентите самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните институти на парничното право, вонпарничното и извршното право како и да развиваат вештини за примена на стекнатите знаења во практиката во врска со водењето на овие постапки.
-
[6 ЕКТС]
Наследно право
Во рамките на предметот се проучува правното регулирање на преминување на имотот на поединецот врз другите лица во случај на неговата смрт. Посебно се изучуваат правните основи за наследување, наследните редови според правото на РМ, нужниот дел на наследување и нужните наследници, тестаменталното наследување, можноста на создавање тестамент и видовите тестамент, условите за полноважност на тестаментот, моментот на преминување на имотот од оставителот на наследниците како и легатот.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународно економско право
Во рамките на овој предмет се обработуваат меѓународно правните трендови и текови во економијата, меѓународните економски институции како и начинот на нивното работење и дејствување. Предметот има за цел да се воведат студентите во начинот на вршење на економската дејност во меѓународните размери како и меѓународните плаќања, со цел стекнување специфични сознанија за активно вклучување во меѓународната економска дејност на домашните субјекти.
-
[6 ЕКТС]
Споредбено граѓанско право
Во рамките на предметов се проучуваат граѓанските системи на различните држави, преку системска анализа на решенијата од граѓанските закони во контекстот на постојните општествени услови, фактори, развојните тенденции, новелирањето на граѓанското законодавство и неговото хармонизирање со граѓанското право во рамките на ЕУ.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Стечајно право
Посебни задачи на овој предмет се оспособување на студентите самостојно да ги идентификуваат и критички да ги анализираат основните институти на стечајот и стечајната постапка и да развиваат вештини за примена на стекнатите знаења во практиката.
-
Право на осигурување
Студентите ќе стекнат специфични и практични вештини преку соочување со хипотетички ситуации за осигурувањето кое во денешно време се смета за основен предуслов за економска и социјална сигурност како на правните така и на физичките лица.
-
Семејно насилство
Преку овој предмет студентот ќе има можност да дознае повеќе за видовите и категориите на семејното насилство и како тоа се инкриминира во националното законодавство и меѓународните конвенции и каква помош е предвидена за жртвите на ваквото насилство.
Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд (изборен)
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Предметот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.