Програмата Студии по дипломатија е дизајнирана да го развие концептуалното разбирање на
студентите за практиките и процедурите на модерната дипломатија и да им помогне ефективно
да работат во дипломатската заедница. Таа е дизајнирана за дипломати, високи службеници
во различни министерски претставништва во странство, членови на меѓународни и регионални
организации и за службеници во невладини организации и мултинационални корпорации. Оваа
програма, исто така, е наменета за оние кои во иднина сакаат да развијат дипломатска кариера
или да работат во други владини сектори или мултинационални компании. Оваа програма
е комбинација од академски студии и професионален тренинг. Областа на меѓународните и
културните комуникации, меѓународното право и меѓународната економија се надополнуваат
со академските дисциплини кои се изучуваат. Професионалните аспекти ќе се предаваат од
дипломати, политичари и од високи владини службеници кои ќе предаваат како визитинг-
професори. Програмата содржи 60 ЕКТС и ќе се реализира преку редовна настава во времетраење
од 2 семестари.
Студентите кои ќе ја следат оваа програма ќе можат да работат во министерствата за надворешни
работи, во владиниот сектор и на полето на меѓународната дипломатија. Другите можат да работат
во: бизнис-секторот, правниот сектор, полиција, банки, новинарството, консултантски менаџмент,
библиотекарството и да бидат предавачи.
Знаење и разбирање
Има длабоки знаења и компетентно разбирање на теориите во областа на дипломатија.
- Има специфични знаења за преговорите, медијацијата и за другите начини за решавање
конфликти.
- Има одредени знаења за улогата на меѓународните организации во дипломатијата.
- Има јасни знаења и разбирања за надворешната политика и за главните актери (државни
и недржавни) кои ја сочинуваат динамичната мрежа на министерството за надворешни
работи.- Има длабоки знаења и компетентно разбирање на теориите во областа на дипломатија.

работи. - Има длабоки знаења и компетентно разбирање на теориите во областа на дипломатија.
- Има специфични знаења за преговорите, медијацијата и за другите начини за решавање конфликти.
- Има одредени знаења за улогата на меѓународните организации во дипломатијата.
- Има јасни знаења и разбирања за надворешната политика и за главните актери (државни и недржавни) кои ја сочинуваат динамичната мрежа на министерството за надворешни работи.
Примена на знаењето и разбирањето
- Може да се вклучува успешно во мали дипломатски задачи, да работи во дипломатск претставништва или во сектори за надворешни работи во рамките на различни
министерства и да биде член на меѓународни трговски организации и на други институции.
- Mоже да работи како член на тимот за развој на преговарачките позиции за меѓународни правни прашања.
- Може да ја толкува теоретската перспектива во меѓународните односи во одредени случаи.
- Ја опишува улогата на дипломатијата во светската политика.
Способност за проценка
- Расудува за тековната дипломатија и за процесите на меѓународно ниво.
- Оценува статии со различна комплексност за меѓународни теми.
- Има способност да интерпретира релевантни податоци за расудување кои се одраз на релевантни дипломатски прашања.
- Може да направи критично размислување и да дава критички ставови за работата на
дипломатските организации како што е министерството за надворешни работи и за
работата на дипломатските мисии.
Комуникациски вештини
- Може да пишува писма во рамките на соодветно дипломатско комуницирање.
- Може да пишува и да презентира научни трудови и да подготви истражувачки проекти од областа на дипломатијата.
- Може да презентира на аудиториум форми на решавање специфични проблеми во
меѓународните односи и дипломатијата.
- Може да развие соодветна дипломатска комуникација и да користи соодветна
терминологија со претставници на дипломатските мисии во Македонија.
Вештини на учење
- Може да ги зголеми професионалните знаења работејќи во дипломатските претставништва.
- Способен е да ги идентификува личните потреби за натамошни знаења и да продолжи со
индивидуално учење за глобалните прашања.
- Може да преземе и да примени нов транспарентен начин во македонската дипломатија со
цел да се реализира евроатлантската перспектива на земјава.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Методологија на истражување
Предметот Методологија на истражување има за цел да ги оспособи студентите на
последипломските студии при Факултетот за јавна администрација и политички науки да вршат
научноистражувачка дејност почнувајќи од елаборација на идејата на научниот труд, па сè до
стекнување продлабочени знаења околу квантитативните и квалитативните знаења за собирање
податоци и за нивна обработка.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународно јавно право
Преку овој предметј студентите ќе се запознаат со базичните концепти на меѓународното
јавно право, честопати идентификувано со меѓународното право воопшто, кое своите основи
ги добива во седумнаесеттиот век, како право на нациите, за што сведочи и името на денес
најзначајната универзална организација - Обединетите нации. Ќе се запознаат со современото
меѓународно јавно право кое ги уредува односите меѓу држави, меѓу држави и меѓународни
организации, меѓусебните односи на меѓународните организации и однесувањата на физичките
и на правни лица за кои државите и меѓународните организации сметаат дека се важни за
меѓународната заедница.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународни односи
Преку овој предмет студентите се запознаваат со: теоретските компоненти во меѓународните
односи, клучните идеи и дебати во областа на меѓународните односи, основните концепти,
актерите во меѓународните односи, надворешната политика и моќта во меѓународните односи.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Анализа на надворешна политика
Во рамките на овој предмет преку анализа на објавени трудови за надворешната политика студентите ќе осознаат како надворешнополитичките средства можат да се применат во конкретна студија на случај. Се очекува студентите да можат критички да размислуваат во однос на надворешнополитичките методи кои ги преземаат државите и меѓународните организации, како и во однос на нивната поврзаност со дипломатските методи.
-
Мирно решавање спорови
Во рамките на предметот се проучуваат судските и вонсудските процедури за решавање спорови меѓу државите. Притоа се обработуваат улогата на преговорите, медијацијата и помирувањето и улогата на Обединетите нации за мирно решавање меѓународни спорови. Се проучува и системот на меѓудржавната арбитража: ад хок, и тоа во рамките на веќе создадените трибунали како Иран-УСА, Трибуналот Клејмс и ИЦСИД. Ќе бидат изучувани практиките и процедурите на Меѓународниот суд за правда и негови капацитети, како и механизмот за решавање меѓународни спорови за човекови права, во трговското право и во поморското право.
-
Меѓународни институции
Преку овој предмет се опфаќаат теоретски прашања во однос на меѓународните институции на универзално и регионално ниво, нивниот историски развој, улогата, функциите и надлежностите. Посебно внимание се посветува на нивната улога во решавање на колективните прашања и на проблемите во глобалната политика. Фокусот е поставен на нивната улога во сферата на мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, демократијата и владеењето на правото. Фокусот е врз главните тела воспоставени во рамките на институциите, задолжени за реализирање на поставените цели
-
Историја на дипломатијата
Преку предметот ќе се обезбедат теоретски и методолошки способности за разбирање на дипломатијата и на дипломатските односи од историски аспект и на современт план. Студентите ќе бидат квалификувани за независна и продлабочена научна и истражувачка работа во најширока смисла на дипломатијата, што ќе им овозможи трансмисија на теоретските, научните и на истражувачките сознанија во општествената праксата
-
Глобализацијата како феномен во современото општество
- Ќе имаат подлабоко концептуалното разбирање на глобализацијата како феномен кој го изедначува светот (Фридман).
- Имаат визија за себеси и за општеството во услови на глобализација.
- Способни се да дебатираат на интелигентен начин глобализацијата во различни димензии: економска, политичка, културна и социопросторна.
- Способни се да ја идентификуваат позадината на глобализацијата и проблематичните рефлексии (на пример антиглобализација).
- Спремни се споредат различни перспективи на глобализацијата и на нејзините влијанија национално, регионално и меѓународно.
- Ќе бидат во можност да развијат структурирана студија на „производ" или (епи)феномен на глобализацијата.
-
Европска унија: институции, политики и право
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со комплексноста и со развојот на европската интеграција, а со самото тоа и со развојот на: институциите (политички и правни), нивната природа и посебностите, легислативата и политиките. Воедно, основната цел е запознавање на студентите со главните теоретски толкувања на развојот на Европската унија и согледување на сегашните и можни идни предизвици со кои ЕУ се соочува, пред сè, во однос на нејзините институции, политики и право.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 2

Семестар 2
-
[24 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој предмет им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за
истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд.
Предметот е наменет да биде целосно практичен и притоа студентите да ги стекнат потребните
знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на
тезата. Предметов има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја
пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сè што е
предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување
на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства
како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.
-
[6 ЕКТС]
Слободно изборен предмет 1
-
Политичка етика: национална, меѓународна и дипломатска
- Има знаења и ги разбира семантиката и концептите на моралот, стандардите на однесување, моралното расудување и моралната филозофија.
- Развива став за позицијата на моралот во професионалниот живот.
- Формира јасни ставови за правата и одговорностите на вработениот во јавната-државната администрација.
- Способен да се соочи со етички проблематични ситуации.
- Информиран е преку литературата за етиката во сферата на јавната администрација.
- Подготвен е да употребува комуникативни алатки и да ги почитува етичките стандарди во работата со државните институции и јавните актери.
-
Дипломатија и дипломатски методи
Во рамките на овој напреден премет се проучуваат: функциите на дипломатијата, создавањето и прекинувањето на дипломатските односи, релациите меѓу дипломатските и надворешните политики, дипломатските тајни служби и шпионирањето и принципите, практиките и проблемите на дипломатскиот имунитет. Се проучува организацијата на дипломатските мисии надвор од земјава, улогата на амбасадорите и другите дипломатски службеници, вклучувајќи ја нивната одговорност спрема нивните влади, како и нивниот однос со владите на земјите во кои тие се назначени. Се врши анализа на тоа како дипломатијата е поврзана со комуникациите, конфликтот, менаџментот, преговорите и се дискутира за специјализираната дипломатија и за влијанието на технологијата на дипломатијата. Преку предметот се нуди специјализиран тренинг за структурата и механизмите на дипломатијата со екстензивно користење на симулационите техники. Се развиваат: нагласените способности за пишување и зборување, професионалната етика, преговарачките техники и се проучува бирократска организација. Притоа студентите се оспособуваат за подготвување фактички и аналитички извештаи и меморандуми, предлог-политики и формална дипломатска коресподенција како и аспекти на односи со јавноста, јавни изјави за политиката и конференции за печат.
-
Апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им се овозможи на студентите да стекнат познавања и вештини за апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и од друга документација.
-
Oдбрани поглавја од ИТ-апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
- Да им се овозможи на студентите да стекнат познавања и вештини од одбрани поглавја од ИТ-апликациите кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
- Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.