Програма: |
Водство и управување во образованието (2026/2027) |
| Циклус на студии: | Трет циклус (докторски) |
| Факултет: | Јазици, култури и комуникација |
| Код на програмата: | PhD-ELM |
| Академска година: | 2023 / 2024 |
| Титула: | Доктор на науки по водство и управување во образованието |
| ЕКТС: | 180 (3 години) |
| Решение: |
Целта на студиската програма по водство и управување во образованието е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на сознанијата, посебни и систематски знаења, за академското ниво на процесот на трансформација на образованието во земјава и пошироко во регионов.
Кадар со нови знаења во образованието.
Способност да истражува во областа на образованието.
Да креира политики во образованието и во школството.
Да е способен за резултативно менаџирање со образовните организации.
Знаење и разбирање
- Разбирање на локалните, регионалните и на глобалните промени во образованието.
- Студентите ќе бидат лидери во образовните иновации.
Студентите ќе бидат добро упатени во реформите на образовниот процес во Македонија и во регионот и ќе поседуваат вештини за имплементација на акционите планови и на програмите за реформи.
Примена на знаењето и разбирањето
- Студентите ќе бидат во можност да ги советуваат владините и невладините чинители во областа на образованието, како и да ги планираат локалните потреби и потребите од кадар преку нивно усогласување со економските ресурси на земјата, при што ќе се нагласуваат вештините за стратешко управување и лидерство.
Студентите ќе можат да преземаат водечки улоги во образовните институции (јавни и приватни) во Република Северна Македонија и пошироко.
Способност за проценка
- Студентите ќе се соочат со ризиците и со предизвиците што ги носи преминот од традиционалното кон модерното во образовниот систем.
Ќе бидат во можност да вршат процена на програмите, наставните планови, кадарот и образовната политика.
Комуникациски вештини
- Ќе поседуваат одлични комуникациски вештини.
Ќе поседуваат способност за користење на технологијата во училниците и во администрацијата, со цел успешно функционирање во општества и институции базирани на знаење.
Вештини на учење
- Ќе стекнат вештини за обезбедување лидерство во училиштата низ Република Северна Македонија и за имплементирање на истражувања во образовните институции.
- Ќе стекнат вештини за управување со човечките, економските и технолошките ресурси.
Ќе бидат обучени и компетентни за преземање одговорност и за унапредување на образованието. Преку обука, задолжителна за сите студенти, ќе можат ефикасно да дејствуваат во мултикултурна и мултијазична средина.
Семестар 1
-
[C2464]
[10 ЕКТС]
Методологија на истражување
Целта на овој предмет е да се објаснат методологиите и техниките на научната работа, кои на студентите често им создаваат тешкотии. Практичните вежби ќе им помогнат да научат како треба да се однесуваат во библиотека, како да напишат писмена работа, реферати, семинарска работа или слично. Во рамките на овој предмет ќе бидат опфатени следниве теми: определување тема, библиографија, правила за цитирање, научни шифри, организирање на работата итн.
-
[C2018]
[10 ЕКТС]
Клучните прашања во подчувањето на водството во образованието
Предметот е дизајниран да им помогне на студентите да ја разберат организациската динамика на училиштата. Стекнатото знаење треба да им помогне на студентите во идентификувањето и предлагањето алтернативи на програмските и бихевиористичките правилности што можат да се сретнат во училиштата или во организациите за човечки услуги. Преку овој предмет ќе се обработуваат прашања што се однесуваат на организациската култура, професионалниот развој на кадарот, како и на развојот на училишното планирање. Во овој модул студентите ќе ги развијат следниве компетенции: • Да стекнат и да унапредат знаења за историските, филозофските и социолошките перспективи на образованието во општеството. • Да ги продлабочат своите знаења за општествените и образовните трендови, теоријата и практиката. • Да ги развиваат и унапредуваат своите способности за перцепција, идентификација и истражување на мултикултурните аспекти на образованието и нивната интеракција со општествените појави. • Да ги научат техниките и да ги унапредат своите вештини за научноистражувачка работа, како и за комуникација и соработка со заедницата. • Да се запознаат со професионалните обврски на наставниците, нивниот профил и нивната мисија во општеството.
-
[C2463]
[10 ЕКТС]
Пишување на докторска дисертација
Преку овој предмет студентите се оспособуваат да извршуваат самостојно научно истражување, односно да го пишуваат докторскиот труд. Преку предметот студентите ќе ги стекнат потребните знаења и способности и ќе стекнат доверба за успешно истражување. Поради тоа, има повеќе соработка и дискусии отколку кај предметите кои се базирани на предавање. Од студентите се очекува да учествуваат активно во дискусиите.
Семестар 2
-
[C2616]
[10 ЕКТС]
Предлог-докторски проект
Оваа активност подразбира подготовка на самостоен истражувачки проект под менторство, кој претставува основа за докторската дисертација. Студентот го започнува процесот на изработка на планот за истражување на дисертацијата преку систематско разработување на неговите клучни компоненти. Активностите вклучуваат идентификација и преглед на релевантна литература, дефинирање на теоретската рамка и истражувачките хипотези, избор и дефинирање на методологијата на работа, како и изработка на индивидуален план за истражување. Процесот се заокружува со прва јавна презентација на истражувачкиот проект.
- [10 ЕКТС] Изборен предмет
- [10 ЕКТС] Изборен предмет
Семестар 3
-
[C2665]
[30 ЕКТС]
Научно-истражувачка работа
Во втората година кандидатот продолжува со научно- истражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.
Семестар 4
-
[C2666]
[20 ЕКТС]
Публикации I
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
-
[C2667]
[10 ЕКТС]
Студентска мобилност
Целта на мобилноста на докторандите е тие да ја презентираат, разменат и дискутираат својата истражувачката работа со колеги од другите европски земји за подобрување на квалитетот на нивната дисертација.
Семестар 5
-
[DLCC0105]
[20 ЕКТС]
Презентација на резултатите од истражувањето
На крајот на 5. семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот ќе ги презентира јавно вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето.
-
[PHD-S5-01]
[10 ЕКТС]
Публикации II
Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.
Семестар 6
-
[EML-PHD-THESIS]
[30 ЕКТС]
Докторска дисертација
„Докторската дисертација“ е академска активност која опфаќа спроведување на оригинално научно истражување во конкретна област на студиите. Активноста вклучува идентификација на значаен истражувачки проблем, развој на методологијата на истражувањето, собирање и анализа на податоци, како и толкување и презентирање на резултатите на систематски и научен начин. Целта е студентот да покаже способности за самостојно истражување и создавање на нови знаења или нови пристапи во соодветната област. Активноста има за цел развивање на вештини за критичка и синтетичка анализа, примена на напредни истражувачки методологии, научно презентирање на резултатите и почитување на принципите на академски интегритет. Исто така, дисертацијата го подготвува студентот за професионален и академски придонес во својата област и за активно учество во меѓународната научна заедница. По завршувањето на докторската дисертација под менторство, истата се поднесува до Наставно-научниот совет на соодветниот факултет, се разгледува/прифаќа од Наставно-научниот совет на факултетот, се доставува до членовите на комисиската комисија и започнува постапката за јавна одбрана.