Програмата на УЈИЕ, МБА, е замислена како елитна програма за МБА која е предвидена за луѓето со искуство во регионов, кои бараат подобра квалификација и подобра кариера. Еден типичен студент на МБА програмата би требало да има доволно работно искуство и солидна додипломска квалификација во полето на бизнис администрацијата или економијата. Бидејќи програмата е главно насочена и кон студентите од странство и од земјава, програмата ќе се предава целосно на англиски јазик. Всушност, главните компоненти на програмата МБА ќе бидат:
- Основните надлежности: студентите ќе стекнат знаење што ќе ги прави надлежни во своите работни места (квантитативна анализа, табеларни пресметки, моделирање, финансиски менаџмент, стратегиски менаџмент, управување со проекти, операции за управување, информациски системи за управување итн.);
- Искуствено учење: Capstone или магистерска теза, студиски натпреварувања, теренски патувања итн);
Студентите кои ќе ја завршат оваа програма, примарно се очекува да бидат менаџери или да работат во консалтинг-компаниите.
Знаење и разбирање
Студентите кои ќе ги завршат студиите на оваа програма ќе демонстрираат добро разбирање на интерните процеси и операции на бизнисите, од малите бизниси, па сѐ до мултинационалните компании. Тие ќе можат да ги разбираат односите помеѓу организацијата и нејзините екстерни пазари и економската околина. Уште повеќе, студентите ќе разбираат како менаџерските одлуки влијаат врз стејкхолдерите во компанијата и надвор од неа.
Примена на знаењето и разбирањето
Студентите кои ќе дипломираат на програмата МБА ќе бидат во можност да ги интегрираат бизнис-алатките и техниките, што произлегува од широкото знаење на главните функции (сметководство, економија, финансии, информациони системи, маркетинг, менаџмент на операции и стратегии) за да решаваат комплексни бизнис-проблеми и да донесат добри бизнис-одлуки.
Способност за проценка
Студентите кои ќе дипломираат од оваа програма ќе бидат во состојба да прават процени врз основа на длабокото познавање на аналитичките алатки кои се користат во модерниот бизнис и критичкото мислење, гледајќи на проблемите од различни перспективи.
Комуникациски вештини
Студентите кои ќе дипломираат на програмата МБА ќе демонстрираат микросоцијални вештини и лидерство, круцијални за долговечен успех во кариерата. Овие вештини рефлектираат ефективно самооценување, комуникација и колаборација внатре организацијата.
Вештини на учење
Студентите кои ќе дипломираат на програмата МБА ќе бидат во состојба да мислат и да ги артикулираат на критичен начин етичните и правните рефлексии, важни за уметноста на менаџирањето и водењето на една корпорација.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Бизнис аналитика
Терминот бизнис аналитика се употребува за група аналитички и квантитативни методи за методолошко проучување на податоците на организацијата и за употреба на заклучоците за поддршка при донесување одлуки. Во рамките на овој предмет се дава вовед за основните алатки кои се користат во бизнис аналитиката. Исто така, во рамките на овој предмет се проучуваат и техниките за оптимизација кои овозможуваат наоѓање оптимални решенија за комплексни бизнис-проблеми. Приодот на овој предмет е целосно практичен и базиран на практични примери. Целта на овој предмет е студентите да стекнат солидно знаење на алатките за квантитативна бизнис-аналитика и како овие алатки се употребуваат во табуларен софтвер.
-
[6 ЕКТС]
Маркетинг стратегии
Целта на овој предмет е студентите да се запознаат со стратегиите кои компаниите ги употребуваат за постигнување стратегиска конкурентност. Во рамките на овој предмет студентите ќе добијат и искуство во областа на стратегии за развој на продукти, ефективна комуникација преку употреба на иновации, како и ориентација кон пазарот. По завршувањето на овој предмет студентите ќе имаат подобро разбирање како маркетиншките алатки кои се употребуваат за постигнување на стратегиски цели.
-
[6 ЕКТС]
Сметководство
Целта на предметот е да им помогне на студентите во разбирањето на суштината на сметководство. Предметот Принципи на сметководство се однесува на основите на сметководство. Тој ги запознава студентите со подрачјето на сметководство и ги покрива следниве подрачја: општо за сметководството, книговодството, финансиските извештаи, пресметување на трошоците на производи и услуги, центри на трошоци, видови трошоци, пресметување и книговодство на директните и индиректните трошоци, анализа на трошоците-количините-профитот, критичка точка на рентабилност, вкупни и варијабилни трошоци, мастер буџет, флексибилен буџет, контрола на трошоци, центри на трошоци, центри на профит и инвестициони центри, вреднување на деловните информации врз основа на расположливите информации (релевантни трошоци и релевантни приходи.
-
[6 ЕКТС]
Изборен предмет 1
-
Критичко размислување и етика
Овој предмет се фокусира на тоа како менаџерите можат да спроведат ефективни стратегии поврзани со корпоративната одржливост и со корпоративната општествена одговорност. Во рамките на овој предмет посебно внимание ќе им посвети на овие теми: теориите на корпоративната општествена одговорност, кои се поврзани со сметководството, управувањето со животната средина, општиот менаџмент и со другите општествени науки; развојот на корпоративна општествена одговорност низ времето; методите за анализа на концептуалните основи на корпоративната општествена одговорност во современите бизниси и организации.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 1
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликации, кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Финансии
Преку овој предмет студентите ќе ги стекнат потребните вештини и знаења во сферата на финансии. Во рамките на овој предмет се опфатени основните вештини што се употребуваат во модерните организации кои се поврзани со: временска вредност на парите, вреднување инвестиции, вреднување хартии од вредност и финансиско планирање. По завршување на овој предмет, студентите ќе бидат подготвени да прават вреднување на инвестиции, хартии од вредност, како и финансиско планирање.Вреднувањето е вештина која е потребна за сите менаџери во сите дисциплини. Секој менаџер треба да ги разбира вредносните импликации на бизнис-одлуките кои тој ги донесува. Затоа, секој студент ќе биде мотивиран не само да креира одлуки кои додаваат вредност (што е и цел на оваа програма), туку и да знаат колку вредност креираат нивните одлуки (специфична цел на финансиите).
-
[6 ЕКТС]
Економија
Основната цел на овој предмет е студентите да ги разбират главните економски концепти и теории кои се користат во анализата на економските прашања. Овој предмет е наменет за да се оспособат студентите да прават економска анализа со основните принципи, концепти и техники. На крајот на овој предмет студентите треба да бидат способни да „размислуваат како економист". Овој предмет обезбедува преглед на принципите на микроекономија и макроекономија, со фокус на применети менаџерски одлуки во глобален амбиент. После завршување на овој предмет студентите треба да се во состојба активно да учествуваат во дебатите за економски прашања.
-
[6 ЕКТС]
Оперативен менаџмент
Проучувањето на наставната материја по овој предметот им овозможува на студентите да се запознаат со сложената проблематика на управување со производството и услугите сфатено како процес на планирање и организирање на производството и услугите, но и како контрола на функционирањето на производството и услугите како систем, за да се остварат целите на производството и услугите на најефективен и на најефикасен начин. Во тие рамки, особено внимание се посветува на следниве аспекти на оперативниот менаџмент: производството и услугите како систем, планирање на системот на производството и услуги, дизајн на производот и услугите, квалитет на производот и услугите, производствена и услужната програма, локација, капацитет, производствена опрема, фабрички згради, планирање на фабричкиот простор, производствени и услужните процеси, планирање и следење на производството во време, контрола на резервите, системот на складирање и внатрешен транспорт, одржување на опремата и градежните објекти и обезбедување на производството со енергија, контрола на трошоците и организациона структура на производството.
-
[6 ЕКТС]
Менаџмент на информациони системи
Преку овој предмет се дава опширен вовед за информационите системи (MIS) и се проучува улогата на информатичките системи во поддршка на широк спектар на организациски функции. Ќе се анализира употребата на информатичките системи во поддршка на административно работење, донесување одлуки, како и целокупните стратешки иницијативи и корпоративни филозофии. Предметот е наменет за студенти од програмата МБА а не за технички специјалисти. Со тоа ќе се обезбеди менаџерска перспектива во користење, дизајн и во евалуација на информациски системи.
-
[6 ЕКТС]
Слободен изборен предмет 2
-
Реторика
Во текот на својата историја долга 2500 години, реториката се користи за означување многу нешта, но под реторика денес се подразбира уметноста на убедување преку јазик. Реториката го означува начинот на кој поединецот се надоврзува на одредена тема или идеја со цел да го убеди другиот. Реториката ја карактеризираат неколку главни одлики и најпрвин ги дефинира одредените типични ситуации на говорот.
-
Методологија на наставата
Целта на овој предмет е да се запознаат студентите со основните пристапи и методи на предавање. Од студентите се очекува стекнат знаења и вештини со кои ќе можат да применат средства за активна настава. Опфатен е и пристап за развојот, наставата и учењето како концепти, како и за основни практики кои ќе им овозможат на предавачите да предаваат за развојот на мислењето. Преку овој предмет, студентите ќе стекнат и теоретска основа и стратегии со кои ќе можат да го развиваат и своето и критичкото мислење на студентите.
-
Мултилингвализам и мултикултурализам
Цел на овој предмет ќе биде разгледување на повеќејазичноста во мултикултурните општества, кaкo социјална појава. Оваа појава е масовна во светот. Во предавањата ќе се разгледуваат попрецизно термините: еднокултурност, повеќекултурност, мултикултурност. Ќе биде разјаснет поимот лингвистички национализам, а се изделуваат две форми на ваков национализам, при што едната се судира со другата: кај водачите на најмоќните земји национализмот значи ширење, а за малцинствата тој добива форма на непокор и борба за афирмација на идентитетот, наспроти таков притисок. Видно место во програмата ќе зазема и мултикултурализмот во сферата на образованието.
-
Oдбрани напредени поглавја од ИТ - апликации за изработка на научен труд
Целта на овој предмет е:
* Да им се прикажат техничките елементи, структурата на текстот и дизајнот на еден научен труд.
* Да им овозможи на студентите да стекнат понапредни познавања и вештини од одбрани напредни поглавја од ИТ-апликации, кои ќе им бидат потребни при изработка на научни и стручни трудови.
* Практична примена на овие цели при изработка на индивидуален научен труд на студентот.
-
Одбрани напредни поглавја од апликации за статистичка обработка на податоци
Целта на овој предмет е:
- Да им се прикажат техничките елементи од областа на статистиката: организирање, обработка, споредување преку анализи и публикување на податоците.
- Да им овозможи на студентите да се стекнат со понапредни познавања и вештини од обрани напредни поглавја од апликациите за статистичка обработка на податоци.
- Практична примена на овие цели при статистичка обработка на податоците стекнати од прашалници, прилози, научни истражувања и друга документација.
-
Професионална комуникација
Предметот е фокусиран на развојот на оние комуникациски вештини кои се суштествени за ефикасно функционирање во професионалниот свет. Студентите ќе го совладуваат процесот на анализа на различни комуникациски ситуации, и тоа како соодветно да одговорат на нив. Меѓу темите кои ќе бидат вклучени се и комуникација во организации, интерперсонална и групна комуникација, усни презентации, интервјуа за вработување, професионални деловни писма, како и интерперсонални вештини, вклучувајќи групна динамика и тимска работа.
Семестар 3
-
[7 ЕКТС]
Изборен предмет 3/1
-
Информациски технологии
Разработка на прашања поврзани со информационите системи, вклучувајќи системи за поддршка на корпорации, купување системи и практики на имплементација, можностите во електронскиот бизнис.
-
Корпоративна архитектура
Преку овој предмет се даваат фундаменталните знаења и перспективи кои важат за сите организации, независно од тоа која рамка или метода на корпоративна архитектура се употребува во таа организација. Во првиот дел се разгледува историјата на корпоративната архитектура и се инкорпорираат : ИТ стратегија, планирање, моделирање информации и управување. Во вториот дел се разгледуваат главните рамки и методи на корпоративна архитектура, со фокус на креирање на артифакти за бизнис-менаџерите, менаџерите на технологијата, и тие што ја имплементираат технологијата. Третиот дел се концентрира на имплементација на корпоративна архитектура со фокус на стандардите, управувањето и повеќекратното користење на артифакти, како и на интеграцијата на корпоративната архитектура со реинженерингот на бизнис-процесите, управувањето на потребите, интеграцијата на системи и методите на развивање системи.
-
Стратешка конкурентна анализа
Целта на предметот е студентите да се запознаат со теми поврзани со теоријата на структурната анализа на индустријата и да стекнуваат практика за неговата примена. Студентите ќе научат како да го користат моделот за конкурентните сили за да можат да ги толкуваат стратешките импликации на еволутивните и револуционерните промени во структурите на индустријата.
-
Управување со интелектуална сопственост во глобално опкружување
Кога бизнисите невнимателно ги споделуваат своите главни технологии, тие ризикуваат да ги изгубат. И покрај овој факт, не постои ниту една регулаторна шема која обезбедува меѓународна заштита на информации. Понатаму, додека голем број земји нудат некој степен на правна заштита за креативни продукти, процеси и услуги, нивото на оваа заштита се разликува. Преку овој предмет бизнис-менаџерите ќе се запознаат со правните рамки и практичните прашања при заштитата на интелектуалната сопственост, како и со основните типови интелектуална сопственост и со клучните разлики како тие се заштитуваат во различните земји во светот. По завршувањето на овој предмет студентите ќе научат како да ја заштитат интелектуална сопственост на својата компанија во услови кога нивниот бизнис се протега вон границите на земјата и во услови на глобален бизнис.
-
Управување со ризик во големите компании
Целта на овој предмет е да се подготват студентите за менаџирање на ризикот на корпорациите и претпријатијата во глобализираниот свет. Од гледна точка на една мултинационална компанија, ние ќе се фокусираме на ризикот од странски инвестиции, ризикот на земјата, ризикот на девизниот курс и на непазарниот ризик. Ние ќе учиме за различни монетарни аранжмани во минатото и сегашноста, ќе ја анализираме самата природа на девизниот пазар и ќе се обидеме да ги разбереме причините и последиците на меѓународните валутни кризи. Ние ќе ги анализираме и ќе ги мериме различните форми на ризикот на девизниот пазар и ќе совладуваме стратегии и инструменти за управување со овие ризици. Ние, исто така, ќе ги анализираме новите области на управување со непазарни ризици. Како што социјалните проблеми и проблемите поврзани со околината растат, и како што се намалуваат глобалните комуникациски трошоци, така ќе се согледа дека бизнисите се под зголемена контрола, преку подигање на регулаторните и социјалните ризици. Ние ќе ја испитаме непазарната бизнис-средина, дефинирајќи ги главните играчи и социјалните и економските институции во кои работат. Потоа истражуваме за успешниот развој на стратегиите за намалување на непазарниот ризик.
-
Управување со синџирот на набавки
Примарниот фокус на овој предмет е планирањето во синџирот на набавки. Планирањето на синџирот на набавки е комплексен процес и бара софистицирани системи и алатки. Управувањето со синџирот на набавки е концепт во кој се бара управување со секвенција на процеси за задоволување на потребите на потрошувачот. Целта на овој предмет е да адресира некои концепти и прашања во врска со логистиката и дистрибуцијата во управувањето со синџирот на набавки користејќи софистицирани техники како математичко програмирање, симулација и моделирање.
-
[7 ЕКТС]
Изборен предмет 3/2

Изборен предмет 3/3

Изборен предмет 3/4

Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
По положувањето испити, студентот може да ја започне постапката на поднесување, подготвување и за јавна одбрана на магистерската тезата. Студентот избира ментор, со чии инструкции го подготвува барањето за магистерската тезата. Барањето мора да биде дозволено од наставно-научниот совет на факултетот. По подготвување на конечната верзија на магистерскиот труд, наставно-научниот совет на факултетот формира тричлена комисија, која го подготвува извештајот, со кој се прифаќа или се одбива магистерскиот труд. Позитивниот извештај се одобрува од наставно-научниот совет и се утврдува датумот за јавна одбрана. По успешното завршување на одбраната студентот стекнува диплома - Магистер по бизнис администрација (MBA).