Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Меѓународно право

Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Правен
Код на програмата: N-PhDLAWIL180C
Академска година: 2019 / 2020
Титула: Доктор по правни науки - Насока: Меѓународно право
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Целта на стѕдиската програма Меѓународно право е да се понудат модули кои ќе ја опфаќаат основата на меѓународно-правните сознанија за приближување кон правничките професиите кои се поврзани со областа на меѓународното право и да се обезбедат цврсти, посебни и систематски знаења за институциите и концепциите на меѓународното право како и за нивната состојба и перспектива во регионов и во светот.

Дипломата на студиската програма ќе им овозможи на студентите на докторските студии да бидат оспособени за научноистражувачката работа во областа на меѓународно-правните науки како и за изведување настава во универзитетите во државава и во странство, при што активно ќе бидат вклучени и во процесот на зацврстување на ресурсите на дејностите на државната власт во контекст на процесот на евроатлантските интеграции на земјава.

Знаење и разбирање

- Има солидни познавања на дисциплините од областа на меѓународното право како правото на меѓународни организации, човековите права, меѓународното јавно право, меѓународното приватно право, меѓународното кривично право, меѓународното економско право и меѓународните односи.
- Има продлабочени познавања на напредните техники и методи на истражување во областа на меѓународното право.

Примена на знаењето и разбирањето

- Ги толкува во критичен дух теориите на меѓународното право и релевантните случаи од практиката.
- Применува теоретски знаење во практични ситуации кои се јавуваат во областа на меѓународното право како заштитата на човековите права, дипломатијата, решавањето спорови и колизијата на закони како и преговорите и медијацијата.
- Го синтетизира стекнатото знаење и го применува во специфични околности.

Способност за проценка

- Има поразвиено критичко мислење преку методите на анализа и споредување.
- Развива вештини на решавање проблеми преку практиката на решавање покомплексни случаи од домашната и од меѓународната судска практика и јуриздикција.

Комуникациски вештини

- Употребува соодветна терминологија за комплексни и специфични прашања во областа на меѓународно-правните науки.
- Активно се вклучува во научно аргументирање и во дебата.
- Ги употребува официјалните јазици на Универзитетот и има напредни вештини на информатичките технологии во научната работа.

Вештини на учење

- Развива правилник за истражувачка работа кој се употребува во неговата професија.
- Развива практика на продолжено учење, ангажирајќи се при тренирање лица кои работат во државните институции за спречување на криминалот.

Семестар 1

  • [DLAW0101] [10 ЕКТС] Методологија на истражување
    Овој предмет е дизајниран за студенти кои се подготвуваат за изработка на докторска теза. Главните цели на предметот се на студентите да им се понудат алатки за коцептуализација на нивната теза во однос на изнаоѓање истражувачко прашање и создавање методи за прибирање податоци и за кавалитативна анализа. Предметот е фокусиран на проблемите на кавантативните методи и техники, како што се статистичката анализа, текстови поврзани со теоријата и тестирањето. Потоа од значење се и темите за дескриптивна и каузална инференција, лонгитудинални, компаратаивни истражувања и студија на случај. Напредни информации ќе се нудат за прибирање податоци работејќи со текст. Целта е анализирање квалитатаивни податоци, финално вклучување на сите тероетски и практични дејствија во функција на дизајнирање и пишување на тезата.
  • [DIL0102] [10 ЕКТС] Меѓународно јавно право - продлабочена програма
    Предметот опфаќа работа на случаи од областа на меѓународното право, а во еден дел вклучува и практична работа (intership) во релевантни институции, што, пак, може да опфати и научноистражувачка работа на студентите по групи.
  • [DIL0103] [10 ЕКТС] Меѓународно приватно право - продлабочена програма I
    Преку овој модул студентите ќе стекнат нaпредни сознанија за изворите на правото кои треба да се применат за регулирање на граѓанско-правните односи со странски елемент (национални и меѓународни ) и за начинот на уредување на граѓанско-правните односи со странски елемент (директниот и индиректниот (колизиониот) начин на уредување кој е карактеристичен само за овој модул) како и за општите и заедничките елементи на формирање и примена на МПП, фактите преку кои се појавува странскиот елемент (фактите на идентификување), точките на врзување како и институти преку кои се избегува примената на обично меродавно право во МПП.

Семестар 2

  • [DIL0104] [10 ЕКТС] Прифаќање и одобрување на планот за докторската дисертација
    По првиот семестар, студентот ги започнува активностите за составување на својот план за докторската дисертација. Активностите вклучуваат одредување на литературата, составување хипотетичка рамка, дефинирање методологија за работа и определување индивидуален план како и прва јавна презентација.
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDIL0101] Европско приватно право
    • [EDIL0102] Меѓународно хуманитарно право
    • [EDIL0103] Kонкурентно право на ЕУ
    • [EDIL0104] Меѓународни организации
  • [10 ЕКТС] Изборен предмет
    • [EDIL0101] Европско приватно право
    • [EDIL0102] Меѓународно хуманитарно право
    • [EDIL0103] Kонкурентно право на ЕУ
    • [EDIL0104] Меѓународни организации

Семестар 3/4

  • [PHD-S3-S4-01] [40 ЕКТС] Научно-истражувачка работа
    Во втората година (3 и 4 семестар) кандидатот продолжува со научноистражувачката дејност според одобрениот индивидуален план. Менторот дава процена во врска со овие активности во форма на извештај до Наставно-научниот совет.
  • [PHD-S3-S4-03] [20 ЕКТС] Публикации I
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 5

  • [DIL0105] [20 ЕКТС] Презентација на резултатите од истражувањето
    На крајот на 5-от семестар, по истражувачките активности според индивидуалниот план, кандидатот вкупните резултати од оваа фаза на трудот и од истражувањето ќе ги презентира јавно.
  • [PHD-S5-01] [10 ЕКТС] Публикации II
    Публикација (издавање) на истражувачките активности според таблицата на релевантност на медиумот за публикација. Издавачките активности и успеси на кандидатот се проверуваат пред научниот аудиториум според областа и релевантноста на истражувањето.

Семестар 6

  • [IL-PhD-THESIS] [30 ЕКТС] Докторска дисертација
    Продолжување на работата на докторската дисертација. Се предава тезата (дисертацијата), се прифаќа од Наставно-научниот совет и се предава на членовите на комисијата и започнува процедурата за нејзина одбрана.
Google+