Во неговото воведно излагање, претседателот на Академијата на науките и уметностите, академик Хивзи Ислами рече „Ние секогаш го сметавме академикот Алајдин Абази како дел од нашата средина и поради тоа неговиот избор за надворешен член на нашата академија беше позитивно примен и високо оценет во академските и интелектуални кругови во Косово и пошироко“.
„Истражувањето и професионалните активности на академик Алајдин Абази се мултидисципинарни. Базирани на неговите објавувања, предавања и професионални и истражувачки проекти се истакнуваат следниве области: Теоретска електротехника, дијалектрични материјали, енергија , екологија и високо образование. Во меѓународните и регионалните журнали и конференции академик Алајдин Абази како автор и ко-автор издаде повеќе од 100 истражувачки и професионални трудови. Тој е автор на пет универзитетски учебници“ рече академик Ислами.
Зборувајќи за биографијата на Алајдин Абази , одговорниот на академијата за науки и уметности рече дека српските авторитети не успеаја да ја надминат силната волја на Алајдин Абази , спротивно на тоа тој беше повеќе мотивиран и упорно работеше за да придонесе за академскиот живот и научната општествена средина на Албанците во Македонија и особено се истакна во организационите работи кои се однесува на основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Исто така, тој го спомена и цврстиот став на академик Алајдин Абази против македонската енциклопедија, каде Албанците беа навредени, став кој водеше до повлекување на енциклопедијата и започна работата на новата енциклопедија.
„Мојот избор за надворешен член на Академијата на науки и уметности има особено значење за мене затоа што повеќе декади јас сум професор на Универзитетот во Приштина. Ова е големо признание за мене.“ рече Алајдин Абази кој детално го презентираше пристапното предавање.
Академик Алајдин Абази е член на Македонската академија на науки и уметности на Македонија (МАНУ), член на Албанската академија на науки и уметности (2011, ASHASH) и член на Академијата на науки и уметности на Косово (2012, ASHAK). Тој е ректор Емеритус на УЈИЕ и му е доделено звањето почесен доктор на науки.