Почетокот наактивностите во рамките на овој настан беше отворен со промоцијата на двете нови книги за јазикот, литературата и културата на Арбрешите, а академик Али Али имаше говор за двете академски книги.
Прватакнига е насловена „Јазични, фолклорни, етнографски и културни студии за Арбрешите од Италија“ со автор проф. д-р Веби Беџети, проф. д-р Мустафа Ибрахими, проф д-р Хамит Џафери и проф. д-р. Зеќир Кадриу.
Втората книга вклучува трудови кои беа презентирани на III-от Меѓународен научен симпозиум за јазикот и книжевноста на Арбрешите одржана во ЈИЕУ, на 28-29 април 2008 година со наслов „Јазикот, литературата и културата на Арбрешите“
На крајот на промоцијата беше прикажан документарниот филм „Средби со Арбрешите од Калабрија“ од авторот проф. д-р Мустафа Ибрахими, во соработка со Факултетот за современи науки и технологии.
На27 мај се одржа VI-та меѓународната научна конференција „Елена Ѓика и народната култура“, организирана од Катедратаза албански јазик и литература на која учествуваа научници од сите простори каде живеат албанци.
На конференцијатаучествуваа 30 научници од земјава, Албанија, Косово, Италија, Франција и Бугарија.
Поздравен говор на отворањето на конференцијата имаше ректоротна Универзитетот на Југоисточна Европа проф. д-р Замир Дика, деканот на ФЈКК, проф. д-р Ендрју Годспид и шефот на Катедрата за албански јазик и литература проф. д-р Хамит Џафери.
Главен реферат на конференцијата имаше проф. д-р. Емин Кабаши од Институтот за албанологијата од Приштина, на тема „Елена Ѓика и европските димензии на албанската култура“.
Во текот на првата сесија беа прочитани 15 трудови, на авторите: Јорго Було, Антонио Далесандри, Шабан Синани, Клара Кодра, Хамит Џафери, Али Јашари - Александра Пилури, Мерита Сауку-Бруци, Бардош Гаче, Роланд Зизи, Агрон Џелили, Зеќир Кадриу, Илиа Каранџа, Бахтије Грбеши, Самира Идризи.
На втората сесија со свои трудови се претставија 15 автори, и тоа: Али Алиу, Мухарем Јакупи, Веби Беџети, Букурше Исуфај, Зеќирја Незири, Гзим Реди, Мустафа Ибрахими, Ермир Џинди, Нехат Красниќи, Шиќри Галица, Артур Ламај, Фотаќ Андреа, Јоана Калинку-Пеева, Русана Бејлери, Јехона Рушиди - Реџепи – Мерал Шехаби – Лулјета Адили – Челику и Јусра Абдираими.
Конференцијата се одржа во духот на конструктивна соработка и дебата и се карактеризираше со научен професионализам.