Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

„Отворен ден“ во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово

З.Дика: Со нашата академска понуда сме конкурентни на пазарот на трудот

Во сабота, на 7 мај, на Отворениот ден на Универзитетот на Југоисточна Европа, се промовираше понудата на студиските програми базирана на Конкурсот за запишување студенти на факултетите на Универзитетот на Југоисточна Европа во академската 2011/2012 година, според моделот на студии по циклуси.„Како единствен универзитет со приватно-јавен непрофитен статус, овозможуваме остварување на нашата мисија, инсистирајќи на создавање квалификуван и способен кадар, кој е ценет од страна на работодавците, општеството и е конкурентен на глобалниот пазар. Овие млади, денеска, истовремено се и достојни граѓани на обединета Европа. Од 1.300 студенти кои се очекува да се запишуваат во новата 2011/2012 академска година, 412 ќе учат на студиските програми на англиски јазик. Нашите наставни план-програми ги следат најдобрите традиции на студирање во земјите на Европската Заедница и во САД. Актуелно, како единствен јавно-приватен непрофитен универзитетние сме во фаза на силна поддршка на општествената вредност која ја создава нашиот универзитет. Оваа година за прв пат ЈИЕУ ја зголемува понудата со 4 нови студиски програми: Економија, Агробизнис, Туризам, Лидерство и младинска работа во заедницата“, рече меѓудругото ректорот проф. д-р Замир Дика. Тој, исто така истакна дека овој Универзитет аплицира поинаква методологија од другите универзитети, адаптирајќи се со новиот профил на студентот а при тоа трансформирајќи го во „личен универзитет“.

Универзитетот, оваа година ќе дели 162 стипендии, кои ќе бидат распределени врз основа на одредени критериуми. Сите оние кои ќе бидат корисници на оваа стипендија ќе полагаат испити по одредени предмети, особено на англиски јазик. Стипендии оваа година доделува и бизнис заедницата а најпознатите банки од земјава како НЛБ Тутунска Банка и Стопанска Банка нудат поволни студентски кредити за студентите од ЈИЕУ.

Вреди да се спомене дека во Универзуитетскиот кампус имаше средби и разговори фокусирани низ факултетите на кои во детали беа објаснувани студиските програми од аспект на стекнување на знаења, вештини и компетенции, методологијата на наставата, начинот на вреднување на знаењата, ресурсите, инфраструктурата и режимот на студирање. Оваа година по прв пат се нудат онлајн студии (студии од дистанца).

Во Универзитетскиот кампус во Тетово се нудат вкупно 16 студиски програми од кои7 се на англиски јазик и други странски јазици како што се Студии по бизнис администрација, Лидерство и младинска работа во заедницата, Компјутерски науки, Компјутерско инженерство, Бизнис Информатика, Англиски јазик и литература како и Германски јазик и литература. Што се однесува до бројот на студентите има слободни места за 1085 нови студенти.

Во Универзитетскиот центар во Скопје се нудат 8 студиски програми од кои 4 се на англиски јазик и како што се: Информациски системи и менаџмент, Бизнис информатика, Студии по бизнис администрација и Компјутерски науки. Во однос на бројот на студенти вкупно слободни места има за 270 нови студенти.

Исто така се промовираа и последипломските двегодишни студиски програми од вториот циклус на студии (3+2). Имено, во Универзитетскиот кампус во Тетово вкупно се нудат 14 студиски програми, а слободни места за студирање има за 385 студенти. Додека во Универзитетскиот центар во Скопје вкупно се нудат 5 студиски програми, а слободни места за студирање има за 115 студенти.

За време наОтворениот ден беше речено дека и оваа година ќе се нудат трисеместрални студиски програми од вториот циклус на студии (последипломски студии), и тоа во Универзитетскиот кампус во Тетово вкупно се нудат 4 студиски програми, а слободни места за студирање има за 95 студенти. Додека во Универзитетскиот центар во Скопје вкупно нудиме 2 студиски програми,а слободни места за студирање има за 50 студенти.

Google+