Од 15-17 декември во Драч, Албанија, се одржа научната конференција „Албанскиот јазик денес:  јазични политики за подобрување и надополнување на стандардот“." /> Од 15-17 декември во Драч, Албанија, се одржа научната конференција „Албанскиот јазик денес:  јазични политики за подобрување и надополнување на стандардот“.">

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Мустафа Ибрахими учествуваше на научната конференција за албанскиот јазик во Драч

Од 15-17 декември во Драч, Албанија, се одржа научната конференција „Албанскиот јазик денес:  јазични политики за подобрување и надополнување на стандардот“.

Конференцијата беше организирана од Центарот за албанолошки студии во Тирана, со учество на специјалисти од сите албански краишта. На оваа конференција со свој реферат учествуваше и проф.д-р Мустафа Ибрахими на тема „Влијанието на јазичните слоеви во појавата на  варијантите во стандардниот јазик гледано од социолингвистички аспект“.
Конференцијата се одвиваше во духот на конструктивна дебата и соработка, карактеризирана со научен професионализам и заврши  многу успешно.
На крајот од конференцијата се усвои резолуција од 12 точки  кои се однесуваат на подобрување и надополнување на стандардот. Исто така се предложи формирање на Сеалбански Совет за јазикот, со статус на јавна установа, која може да биде добар патоказ за изнаоѓање на решение за важните прашања на јазичните политики, јазичното планирање и на стратегиите за развивање и одбрана на албанскиот јазик.
Google+