
Во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, од 7-9 октомври се одржа конференцијата на тема „Концепти и предностите на повеќејазичноста во Европа 2“, која беше продолжение на конференцијата на истата тема, која се одржа во септември 2009 година во организација на Колеџот за комуникација и бизнис од Будимпешта.
Овој пат, организатор беше Факултетот за јазици, култури и комуникација со координаторот проф. д-р Мустафа Ибрахими, во соработка со истражувачката група „Вавилонска Европа“ од Универзитетот од Амстердам со координаторот проф. д-р Ласло Мараш.
Пригодни говори на отворањето на конференцијата имаа заменик - ректорот Пол Фостер, деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација Веби Беџети и координаторите на двата универзитета Мустафа Ибрахими и Ласло Мараш.
На конференцијата беа презентирани над 35 трудови од 14 земји, и тоа: Холандија, Хрватска, Австралија, Косово, Канада, Албанија, Норвешка, Унгарија, Швајцарија, Полска, Турција, Романија, Белгија и Македонија.
Од ЈИЕУ своите трудови ги презентираа: Веби Беџети, Мустафа Ибрахим, Хамит Џафери, Зеќир Кадриу, Елена Андреевска, Гзим и Брикена Џафери, Вероника Карева/ Даниела Илиевска и Шпреса Мустафаи, Наташа и Благојка Здравковска и Флорим Ајдини.
Конференција успешно се одржа во четири научни сесии, и тоа: Повеќејазични институции и организации; мултикултурни општества, транснационални средства за комуникација и други разни теми.
По завршувањето на оваа конференција се одлучи третата конференција „Концепти и предности на повеќејазичноста во Европа 3“ да се одржи во Осијек, Хрватска.