Поранешниот студент на ЈИЕУ ја работел темата во областа на компјутерското инженерство со наслов: ,,Веб-апликација за следење на резултатите на пациентите со Паркинсова болест преку мобилен апарат (PDA)“. Трудот има за цел да создаде еден систем базиран на веб кој им помага на лекарите со обезбедување на помошни информации во донесување на одлуките за време на оценување на симптомите на Паркинсовата болест кај нивните пациенти преку мобилен дигитален апарат (PDA, Personal Digital Assistant). Главниот придонес на овој систем е новиот и безбеден начин за собирање на информациите за симптомите на пациентите во домашни услови. Лесниот пристап и историјатот на информациите овозможува создавање на база на информации за моментално индивидуално оценување и одредување на клиничкиот третман. Наградата се доделува од Бизнис инкубаторот, Фондацијата Текникдален во Универзитетот Даларнес во Шведска. Наградата се образложува со фактот дека трудот придонесува за лансирање на нов продукт за автоматско следење на статусот на болеста на пациентите со Паркинсова болест од компанијата Solvay Pharmaceuticals, Allschëil, Швајцарија.
Мевлудин Мемеди го завршил Факултетот за компјутерски науки во ЈИЕУ а магистратура ја завршил во Универзитетот Даларнa, а потоа е примен како единствен Албанец млад асистент на овој шведски универзитет.