Деновиве и официјално е соопштено од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија дека во Скопје е обезбедено градежното земјиште за изградба на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа, во површина од 21.335 м2. " /> Деновиве и официјално е соопштено од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија дека во Скопје е обезбедено градежното земјиште за изградба на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа, во површина од 21.335 м2. ">

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на ЈИЕ ќе изгради кампус во Скопје

Деновиве и официјално е соопштено од страна на Министерството за транспорт и врски на Република Македонија дека во Скопје е обезбедено градежното земјиште за изградба на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа, во површина од 21.335 м2.

Така, ова земјиште и според Деталниот урбанистички план на општина Сарај, е предвиден

o за изградба на објект за високо образование. Во меѓувреме, откако ќе се завршат работите околу техничките прашања (документацијата, проектот, итн.) се очекува да започне изградбата на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа.

        "Нашите амбиции, кои се веќе обелоденети", според првиот човек на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ), академик Алајдин Абази, наскоро ќе станат реалност со изградбата на нов универзитетски кампус во Скопје. "Веќе, се создадени сите услови за да изградиме еден универзитетски кампус во Скопје, сличен на кампусот во Тетово", вели ректорот Абази, истакнувајќи дека проектот за изградба на Универзитетскиот кампус во Сарај, со сета веројатност "ќе се спроведува во две фази, или подобро речено, на два дела, каде што првиот дел ќе биде посветен на формалното универзитетско образование во првиот и вториот циклус, структурирани според Болоњскиот систем, за сите студиски програми кои денес се нудат во студискиот центар во Скопје, со тенденција понудата да  содржи повеќе програми на англиски јазик, но исто така и на албански и на македонски јазик. Но, кои програми на кои јазици ќе бидат понудени ќе зависи од потребите и барањата на пазарот. Системот на настава и учење ќе биде ист како и во Тетово. Затоа, самиот објект (во првата фаза), ќе ги исполнува сите услови, во согласност со европските стандарди".

Што се однесува на втората фаза, се вели дека во оваа фаза е предвидена изградбата на вториот дел од објектот, кој ќе и биде посветен на обуката и образованието, вклучувајќи и различни лаборатории. "Иако се уште не е прецизирано, дали во втората фаза на изградба ќе бидат предвидени обучувања во областите на енергијата и заштитата на животната средина, сепак, има многу реални шанси овие две области бидат главни во оваа фаза", рече Ректорот на ЈИЕУ.

Исто така за овој проект се подготвува една подетална програма. Ректорот Абази, признава дека доколку целосно би се реализирала оваа програма и доколку навремено се направат сите предвидени подготовки тогаш е можно првата фаза на кампусот за биде активирана од идната академска година. "Ние се надеваме дека на овој начин ќе дадеме посебен придонес за високото образование во согласност со мисијата што ја има нашиот Универзитет, надевајќи се дека ќе имаме значително влијание во делот каде ќе се смести универзитетскиот кампус во Скопје, односно во општина Сарај", наведува меѓу другото, ректорот Абази.

 
Тетово
Илинденска бр.335
1200 Тетово
Тел: +389 44 356 000
Факс: +389 44 356 111
Skopje
Архиепископ Ангелариј, бр.1
1000 Skopje
Тел: +389 44 356 396
Тел: +389 44 356 397
Мапа на сајтот
Контакт
Email: web@seeu.edu.mk
Google+