Учесници на панелот беа проф. д-р Муртезан Исмаили и проф. д-р Јонуз Абдулаи од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, кои, меѓу другото изјавија дека "присуството на претставниците од Република Македонија, Република Косово, Р. Словенија, Р. Србија, Р. Црна Гора и Р. Босна и Херцеговина како и самата природа на оваа Конференција покажува дека е насочена да придонесе за перспективите на младите од земјите на Западен Балкан како и да ги забрза чекорите за интеграција во Европската унија".
Главниот акцент на оваа регионална конференција беше подигнувањето на свесноста за употребата на успешни модели на работа за иницирање позитивни промени на ниво на младински политики за да се придонесе за успешни евроинтеграции на земјите од Западен Балкан.
Проф. д-р Муртезан Исмаили и проф. д-р Јонуз Абдулаи на Регионалната конференција на тема “Промоција на моделите на работа кои придонесуваат кон градење на младинската политика во регионот”
6 март 2010Регионалната конференција на тема “Промоција на моделите на работа кои придонесуваат кон градење на младинската политика во регионот” се одржа во салата на Советот на Град Скопје, на 02 и 03 март 2010 година, организирана од Центарот за неформално образование “Триаголник”, во соработка со Град Скопје.
Повеќе вести
- На УЈИЕ се одржа Саемот за кариера 2026 – мост помеѓу студентите и пазарот на трудот
- УЈИЕ и ХЕРА потпишаа Меморандум за соработка за унапредување на практичната настава и истражувањето во области од општествено значење
- Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, оствари средба со амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом
- Во УЈИЕ најталентираните средношколци се натпреваруваа на Националната олимпијада по економија
- Младите против насилството: Едукативна обука со средношколци на УЈИЕ
- УЈИЕ дел од Годишната конференција на ЕУА во Истанбул
- Посета на Амбасадата на САД и презентација на програми за образовна размена на УЈИЕ