По завршувањето на писмената фаза на натпреварот, Правниот Факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа беше високо -рангиран на 55. место од 150 останати универзитети ширум светот, доближувајќи се до местата на престижните универзитети како Универзитетот во Кембриџ, Универзитетот во Оксфорд, Универзитетот во Болоња, како и Универзитетот во Мастрихт.
Со оглед на фактот дека натпреварот во Нирнберг претставува еден мошне респектабилен и амбициозен настан за млади студенти на правни студии, овој резултат преставува голем успех за Правниот факултет, како и за Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој резултат несомнено докажува дека нашиот факултет поседува голем потенцијал и капацитет да понуди и да издвојува значителни успеси во блиска иднина на меѓународно ниво.
На импровизираниот суд во Нирнберг, студентите од универзитетите - учеснички расправаат за фиктивен случај пред Меѓународниот кривичен суд. Тие вршат усни и писмени правни излагања, како од позиција на обвинител, така и од позиција на одбрана.