Уредите главно се визуелни помагала, дидактички материјали, дигитални лупи, машини за пишување и печатари на Брајова азбука, паметни панели, други помошни и специјализирани уреди, како што се: Брајови екрани и тастатури, специјални предметни помагала, како на пр. математика, уметност, наука итн.
Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот беше 5-годишен проект кој започна во октомври 2014 година од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) со финансиска поддршка од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) и Меѓународната фондација на Лајонс клубовите.
Главната цел на проектот беше да ги зголеми можностите за образование на децата со пречки во видот и да се реализира рано откривање и спречување на болестите на очите.
Проектот имаше едукативни, медицински и социјални елементи, а сопствениците на опремата сега ќе бидат од основно училиште во Скопје,в Битола, во Штип, во Тетово и во Велес.