Целиот процес траеше 1 година и имавме неколку циклуси на коментари од различни рецензенти и благодарение на помошта од менторот, проф.д-р Бетим Чичо и вработените професори од Факултетот за современи науки и технологии, особено деканот проф. д-р Адриан Бесими (коавтор) и проф. д-р Висар Шеху (коавтор), успеавме нашиот труд да биде прифатен во списанието „Микропроцесори и микросистеми“ (MICPRO) “, вели Нухи Бесими.
„Од објавените резултати во MICPRO, дојдовме до заклучок дека е можно да се користат дури и поевтини платформи за експерименти различни од нашата истражувачка работа. Таков пример се дистрибуираните Raspberry PIs кои овозможија обработка на текстуални податоци и примена на алгоритми за машинско учење по многу ниска цена“, нагласува авторот на трудот Нухи Бесими.
Докторската теза на кандидатот за докторски студии, Нухи Бесими е насловена како „Хибридно решение за препорака за скалабилни истражувачки трудови“ и главниот фокус на неговото истражување е да дефинира модел базиран на алгоритми за машинско учење за препорака, организирање и обработка на трудовите за полесно да се идентификуваат научните трендови во различни области и да се идентификуваат истражувачките студии за докторантите и младите истражувачи.