COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржува единаесеттата обука на вработените - Ректорот Беџети: Синергичната меѓууниверзитетска соработка модел за справување со предизвиците

„Квалитетот на прво место“ е темата на единаесеттата традиционална обука на вработените, што се одржува од 22-24 јануари на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Обуката ја отвори советникот за квалитет, проф. д-р Вероника Карева, која рече дека оваа форма на обука стана белег на квалитетот на институционалната култура по што сме препознатливи не само локално, туку и пошироко во регионов.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, првично ги информираше вработените дека покрај традиционалната содржина на програмата за обука, ова е исто така е добра можност за транспарентна отчетност на раководството на Универзитетот до сите вработени. Под мотото „Со мали чекори во пресрет на големите предизвици“ тој ја искористи можноста да им се заблагодари на сите вработени за институционалната посветеност и за заедничките успеси што ги постигнавме.

Говорејќи на клучната тема, Ректорот Беџети се фокусираше на неколку главни столбови, кои директно влијаат врз одржливоста и успехот на институцијата, како што се: тековните трендови во високото образование во Европа и на меѓународно ниво; квалитетот како стратешки пристап, клучната улога на технологијата во наставата; активности и предизвици, високообразовната средина во Република Северна Македонија и имиграцијата.

Што се однесува до меѓународните трендови во високото образование, ректорот Беџети рече дека главната грижа е примената на современите наставни методи и дека најдобриот модел за справување со предизвиците е синергична меѓууниверзитетска соработка.

Актуелната средина на високото образование во РСМ, ректорот Беџети ја оценува како многу предизвикувачка, бидејќи дури и по една година од донесувањето на Законот за високото образование, не беа формирани трите главни регулаторни тела.

За следните чекори на Универзитетот, академик Беџети рече дека вертикалната реконструкција е веќе завршена и дека потребата за четиригодишни студиски програми е забележана од сегашните студенти и веќе над 70% од нив се запишале на овие студии.

Во иднина, УЈИЕ ќе се фокусира на понудата на нови студиски програми главно во областа на применетите технологии.

Имиграцијата останува сериозна закана и предизвик за образовните институции во РСМ, врз која не можеме директно да влијаеме, но ја земаме предвид во сите наши проекции како важен фактор за иднината на Универзитетот.

Ректорот Беџети истакна дека зголемувањето на бројот на стипендии даде конкретни резултати и оваа година околу 1/3 од запишаните студенти во првата година се со одличен успех од 5,00. Тој се заблагодари на вработените за придонесот и заложбата со што годинава Универзитетот бележи зголемување на бројот на запишани студенти, кој годинава е четирицифрен број.

Претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. д-р Денис Фарингтон зборуваше за постапката за избор на нов претседател и за замената членовите на Одборот. Тој му се заблагодари на ректорот за неговиот пристап за развојот на Универзитетот, особено во поглед на балансираното буџетирање.

Специјализирани обуки беа спроведени во областа на наставата, управувањето и перформансите, вклучувајќи: проф. д-р Владимир Радевски,проректор за академско планирање имаше презентација на темата „Состојбата со академските прашања– (академско комплетирање, нова понуда, магистерски студии,…итн.), проректорката за истражување и меѓународна соработка проф. д-р Беса Арифи и кадарот од ИМВДШ, проф. д-р Вели Креци и проф. Менан Селими имаа презентација за „ Активности засновани врз проекти”, советничката за квалитет проф.д-р Вероника Карева за „ Развојот на меки вештини и квалитетот на предавањето“, Едлира Палоши од канцеларијата за истражување одржа презентација на тема „ Професионално држење записник и известување“, проф. Артан Лума презентираше за „ Он-лајн безбедност и сајбер безбедност“, додека за „Внатрешната контрола“ презентација имаше внатрешниот ревизор Лирим Амити. На темата „ Организациска култура“ презентираше проф. д-р Изет Зеќири. Првиот ден од обуката заврши со темата „Развој на критичко размислување“ за која презентација имаа Зеќир Зеќири и Бујар Рауфи.

На вториот ден од обуката се презентираа темите: „Функционирање на маркетингот ( врз основа на искуства, податоци и докази)“,од советникот за маркетинг и односи со јавноста, проф. Гадаф Реџепи,„Ангажирање на вработените и посветеноста ( добри и не баш добри примери)“ од проректорот за претприемништво, проф.д-р Бесник Фетаи, „Современи предавања и мотивација на студентите“, од проф. Брикена Џафери и проф. Агим Пошка, „Техники за јавно говорење“ од проф. Демуш Бајрами и проф. Лилјана Силјановска, „Процес на набавка: услуги и функционирање“, од Бесник Џеладини, одговорен на канцеларијата за правни работи и набавка, како и Ментор Емини, директор на службата за ИТ, „Социјалните медиуми на работното место– предности и недостатоци“ , и проф. д-р Мемет Мемети ( декан на Факултетот за СОН) и проф. д-р Али Пајазити, „Подобрување на социјалниот живот на кампусот“ од претседателот на Студентското собрание , Арјон Фејзулаху и проф. Хајрула Хајрулаи, „Подобрување на квалитетот на магистерските и на докторските студии ( од аспект на организација и настава)“ од проф. д-р Аднан Јашари (декан на Правниот факултет) и проф. д-р Лејла Абази директорка на Докторската школа и „Креирање на Google forms“ од проф. Јусуф Зеќири.

Фотографии од прв ден

Фотографии од втор ден

Google+