Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа автентичен модел на концептот едно општеството

Универзитетот на Југоисточна Европа е најавтентичен модел на концептот на едно општеството, рече ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во јавната дискусија што ја организираше Владата на Република Северна Македонија, која се одржа во средата (26. јуни 2019 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. На оваа јавна дискусија беше презентиран нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на концептот едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија.

„Ова е најсоодветната дебата на најсоодветното место, бидејќи се совпаѓа со концептот и мисијата на нашиот универзитет. Ние, лесно можеме да се разбираме на академските и раководните единици, преку спроведување на концептот на флексибилна употреба на јазиците како и взаемно почитување. Употребата на јазиците и почитувањето на другите бара инвестиција и тоа ние го направивме. Затоа, нашите совети и предлози во писмена форма ќе бидат испратени до Владата за да бидат земени предвид при усвојувањето на стратегијата “, рече меѓу другото ректорот Беџети.

Пратеникот Рубин Земун рече дека сме поминале низ разни општествени системи, кои се движат од целосно негирање до граѓанскиот концепт. Идејата е стратегијата да биде посеопфатна и државата да игра поактивна улога во поттикнувањето на интеркултурализмот и да создаде механизми за заштита на овој концепт.

Проректорот за истражување и за меѓународна соработка проф. д-р Беса Арифи ја истакна улогата на УЈИЕ како типичен пример за мултиетничка, мултикултурна соработка и кој успешно функционира.

„За првпат се презентира стратегија, која има акциски план и временска рамка. Ние сме подготвени конкретно да придонесеме со нашиот модел и експертиза “, рече проректорката Арифи.

„Националната стратегија за развој на концептот за едно општество е документ кој прв пат се подготвува во Северна Македонија, и е од особено значење бидејќи треба да иницира активности и да ги зајакне процесите на комуникација и соработка помеѓу различните култури и заедници во насока на создавање на општество кое е и фер и правично и ги прави граѓаните еднакви“, рече Роберт Алаѓозовски, претседател на Координативното тело за подготвување на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот.

Во дискусијата со конкретни примери се вклучија претседателот на Сенатот на УЈИЕ, Јонуз Абдулаи, деканот на Правниот факултет, Аднан Јашари и професорот Али Пајазити, како и други учесници.

Google+