Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Поранешните студенти (алумните) најважното средство на Универзитетот

Во саботата (22. јуни 2019 год.), Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа во кампусот во Тетово организираше традиционална средба со поранешните студенти (алумни)на која присуствуваа околу 100 поранешни студенти од овој Факултет.

Целта на оваа средба беше да се добијат повратни информации од пазарот на трудот и да се задржи и зајакне мрежата на алумните, овозможувајќи синергија на мрежното поврзување како важна компонента на оваа асоцијација. На порнешните студенти им беше презентиран Статутот на асоцијацијата на Алумни, според кој имаа можност да изберат претставници преку назначување на кандидати од своите редови.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. д-р Абдулменаф Беџети ја истакна важноста од можноста за средбата со Алумни на Универзитетот и големото присуство кое покажува посветеност кон институцијата.

„Денес не сакам да зборувам како ректор, бидејќи за вас сум, јас сум и ќе останам ваш професор, на кого се сеќавате од предавањата. По 18 години институцијата се сменила, но и вие исто така. Гледам тука поранешни студенти кои сега се на раководни и одговорни позиции во најважните јавни институции. Гледам тука успешни сопственици на бизниси и вистински професионалци ангажирани во релевантни меѓународни институции и во невладиниот сектор“, истакна ректорот Беџети.

„Нашата асоцијација АЛУМНИе наше богатство и не постои сличен модел во регионов како УЈИЕ, кој ги третира алумните како најважното средство“, рече Ректорот акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, кој ги повика поранешните студенти да комуницираат со институцијата, да изразуваат меѓусебно почитување и да дејствуваат со увереност и срце. “

Деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Хирије Абази ги поздрави своите поранешни колеги од студиите, изразувајќи лично задоволство и задоволство на институцијата за масовното учество на алумните и нивната желба да се запознаат и одржат контакти со својот матичен универзитет.

„Оваа година имавме 15. генерација на дипломирани студенти и поминатите години сведочат за функционалноста и влијанието што овој универзитет го имаше во нашите кариери и животи. УЈИЕ ја задржува позицијата на единствен модел на образовна институција во регионов, и ние сме горди на ова, бидејќи сите ние направивме да се чувствуваме посебно и да се однесуваме така “, рече меѓудругото деканката Абази.

Одговорната на Кариерниот центар, Бурбуќе Капроли Хамзаи, го презентираше Статутот на Асоцијацијата на УЈИЕ Алумни и формите за комуникација кои Центарот ги користи за комуникација со поранешните студенти на Универзитетот.

Некои од поранешните студенти, како што се: Бесник Адеми (сопственик на приватниот бизнис), Бардил Даути (политичар и професор) и Аида Узери-Бафтијари евоцираа спомени од студентските години и го истанаа својот успех забележувајќи дека УЈИЕ играл клучна улога во нивната кариера .

Google+