Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Професорите и претставниците на Генералниот секретаријат дискутираа за промоцијата на Законот за употреба на јазиците

„Подигнување на јавната свест за спроведувањето на Законот за употреба на јазиците“ беше темата на тркалезната маса на која денес (11. јуни 2019 година) дискутираа претставниците од Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, раководниот кадар и професорите од Универзитетот на Југоисточна Европа за важните прашања за имплементацијата на Законот за употреба на јазиците.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети рече дека како институција се чувствуваме почестени што првата дебата на оваа тема се одржува токму на нашиов Универзитет. Универзитетите се најсоодветните места каде што може да се дискутира за темата за спроведувањето на Законот за јазици, додека УЈИЕ подготви програма за придонес кон оваа и кон други важни теми со општествено влијание.

„Јазикот е ткивото на идентитетот на секоја нација и затоа УЈИЕ е најуникатниот пример и модел на почитување на овој идентитет со примената на повеќејазичноста многу порано од усвоениот Закон за јазици. Кодексот на толеранција, флексибилното користење на јазикот и мултиетничката уникатност го прават УЈИЕ најтипичен модел на општество за сите“, рече ректорот Беџети.

Во својот говор, заменик-генералниот секретар на Владата на РМ, Тахир Хани, рече дека УЈИЕ не е избран случајно како место каде што ќе ја започнеме оваа кампања, бидејќи го знаеме политичкиот момент кога е основана оваа институција и јазичните бариери кои тогаш поминаа иако имаше забелешки.

„Јазичниот модел на овој универзитет е доказ за тоа како една мултиетничка и повеќејазична држава треба да функционира. После дебатите, ќе донесеме владина програма за промовирање на Законот за употреба на јазиците “ рече г.Хани.

Директорот на Агенцијата за примена на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села, ги претстави потешкотиите со кои оваа институција се соочила од почетокот на своето работење. Тој побара помош од професорите и од студентите да придонесат и да му се придружат советувајќи го и помагајќи му во професионалниот аспект. Тој го најави потпишувањето на договорот кој им овозможува на студентите на УЈИЕ да го реализираат практичниот дел во оваа институција и конкретно ќе се ангажираат и ќе консултираат професори со професионалното искуство на Универзитетот.

Продеканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација, доц. д-р Демуш Бајрами, зборувајќи за важноста на дебатата и вклучувањето на академскиот кадар на УЈИЕ во овие дискусии, покажува институционална зрелост и свест на вработените. Според него, јазикот е алатка за развој на културниот и на националниот идентитет на индивидуата.

Со сугестии, со идеи и со критики се вклучија професори, претставници на раководниот кадар и други експерти кои ги искажаа своите ставови по ова прашање.

Google+