Правосудниот испит им ги проширува можностите за афирмација на дипломираните правници во смисла на остварување на нивните обврски и интереси, за кои положувањето на овој испит претставува задолжителен услов. Оттука, следејќи го искуството на современите правни факултети, кои приоритет му даваат на практичното обучување на кадрите, сметаме дека е разумно на студентите како и на другите заинтересирани кандидати, да понудиме обука за подготвување на правосудниот испит.
Содржина и начин на организирање на обуката
Наставната програма на Обуката се основа на Програмата за полагање на правосудниот испит, врз основа на член 7 на Законот за правосуден испит, Сл. Весник на РМ бр. 137-2013 (http://www.pravdiko.mk/wp-content/uploads/2013/11/Zakon-za-pravosudniot-ispit-07-10-2013.pdf).
Обуката ќе се изведе во две сесии: теоретски и практичен дел.
За теоретскиот дел на обуката ќе се ангажираат искусни и докажани професори во соодветните правни области, додека пак за практичниот дел ќе се ангажираат експерти од праксата (судии, јавни обвинители, адвокати, извршители, нотари, итн.).
Теоретскиот дел ќе ги покрие овие области:
1. Граѓанско право (материјално и процесно),
2. Кривично право (материјално и процесно),
3. Трудово право,
4. Трговско право,
5. Меѓународно право, Уставно право и Управно право.
Практичниот дел на обуката ќе покрие:
1. Студиски случаи – Граѓанско право и
2. Студиски случаи – Кривично право
Целокупниот фонд на часови на обуката ќе опфати 57 часови (1 час трае 50 минути)
Студентите и кандидатите кои ќе ја следат обуката ќе имаат пристап до сите потребни материјали на програмата за полагање на правосудниот испит назначени од Министерството за правда. Кандидатите исто-така ќе имаат бесплатен пристап во akademika.com.mk за сите правни акти, за време на обуката. Кандидатите во секое време може да им се обратат за консултации на професорите, експертите како и на координаторот на обуката за време додека трае обуката како и за време додека трае испитната сесија за полагање на Правосудниот испит во Министерството за правда.
Ова обука ќе се понуди за студентите од вториот циклус на Правниот факултет – УЈИЕ, како и за другите заинтересирани кандидати.
Краен рок за пријавување: 11 Април 2018 година.
Формуларот за пријавување се наоѓа во следниот линк: https://goo.gl/ogsPCH
Студентите и кандидатите кои ќе ја следат обуката ќе имаат пристап до сите потребни материјали на програмата за полагање на правосудниот испит назначени од Министерството за правда. Кандидатите исто-така ќе имаат бесплатен пристап во Eurisk - електронска збирка (е-право) за сите правни акти, за време на обуката. Кандидатите во секое време може да им се обратат за консултации на професорите, експертите како и на координаторот на обуката за време додека трае обуката како и за време додека трае испитната сесија за полагање на Правосудниот испит во Министерството за правда.
Цена на обуката
Цената на Обуката за подготвување на Правосудниот испит е 10.000,00 денари.
(*За студентите на полседипломските студии на Правниот Факултет-УЈИЕ ќе има одреден попуст на цената.)
Кандидатите може да го извршат плаќањето во две рати.
- Primac: JIEU TETOVO -UEJL TETOVE U
- BANKA: STOPANSKA BANKA
- Smetka : 200001161622619
- Cel na doznaka: Uplata za Obuka na pravosuden ispit
- Sifra: 930
За дополнителни информации во врска со Обуката обратете се кај Координаторот Доц. д-р Арта Селмани-Бакиу (arta.selmani@seeu.edu.mk)
