Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Дика: Дизајнирањето на високото образование треба да соодветствува со барањата на општеството

Во фокусот на надворешната евалуација на Европската асоцијација на универзитети, беше интернационализацијата на универзитетите. Денес, достигнувањето интеграција на мултикултурната и повеќејазичната заедница е срж на мисијата на УЈИЕ и може да се постигне на предавања во кои наставата се изведува на англиски јазик, со директно искуство од реалниот пазар на трудот, како и со меѓународните искуства и стандарди.

„Се чувствуваме привилегирани во врска со заклучокот на проценката од меѓународните оценувачи на крајот од усното известување пред Универзитетскиот сенат дека Универзитетот на Југоисточна Европа е успешен бренд кој треба да се негува ...“ истакна ректорот на Универзитетов, проф.д-р Замир Дика. Според него , со овие стандарди нашиов Универзитет се трансформираше во важен фактор кој влијае врз трансформацијата на општествата на Балканот во општества базирани на знаење.

„Сепак, и покрај сите овие позитивни напори и позитивни практики во високото образование во Македонија, како и позитивната подготвеност на сите учесници во развојот на развојните политики на земјава, како и во регионов, воопшто, продолжува трендот на забавување на развојот економиите и раселување на најздрвиот дел од нашето население кон западните земји.И покрај тоа што европските земји го ставаат високото образование во центарот на развојот за да обезбедат конкурентен напредок на глобално ниво, сепак оваа врска не функционира правилно и како последица на тоа потребна е суштинска интервенција, односно реформа во високообразовниот систем. Предусловите за овој чекор се идеални. Имаме нов политички моментум и нова филозофија која се базира на вредностите на едно општество и мултиетничка држава со јасни перспективи за интеграција во семејството на евроатлантските вредности. Тој продолжи „Но, за да се оди напред, прво, сите учесници во системот за високо образование имаат потреба од консензус за следниве прашања: Дали сме подготвени да прифатиме дека нашиот високообразовен систем е предимензиониран? Дали сме подготвени да прифатиме дека академските и менаџерските перформанси се далеку од очекувањата на општеството и на пазарот на трудот? Дали сме спремни да прифатиме дека амбицијата за безусловна автономија го одвлекува фокусот на академскиот кадар од тоа студентот да биде во центарот? Дали сме спремни да прифатиме дека можеме да учиме едни од други и дека треба да соработуваме? Дали сме спремни да признаеме дека дипломите се уште се продаваат на универзитетите?“ забележа меѓудругото ректорот Дика кој понатака истакана дека иако овој пристап на прв поглед изгледа наивен тој е кохерентен со методологиајат на научно истражување.

Ректорот Дика забележа дека Универзитетот на Југоисточна Европа е максимално подготвен да придонесе во дизајнирање на високото образование со единствена цел исполнување на барањата на општеството базирано на вредности, конкурентност, развој на економија и надеж.

Google+