Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Конгресот на азбуката гo антиципира соединувањето на вредностите од минатото со сегашноста и иднината!

Денес (21 ноември) на редовната средба со деканите и менаџментот, беше одбележан историскиот и културен настан за албанската азбука - Битолскиот конгрес.

„Можеби тоа е само случајност, но роденденот на нашиот универзитет е токму во месец ноември и се совпаѓа со овој многу важен настан за нас. Битолскиот конгрес, како и сите други јазични, литературни, културни, политички и историски настани од денешна перспектива тесно се поврзани со визијата и динамиката на нашиот еманципативен и културен развој“, истакна ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф. д-р Замир Дика.

Како што, рече ректорот Дика, визијата на еден народ се мери со креативната способност да го антиципира соединувањето на вредностите од минатото со сегашноста и иднината. „Внимателниот приод во прифаќањето на овие вредности не можеше да се направи без огромниот придонес на истакнатите личности од книжевноста и лингвистиката во тоа време“, рече тој, меѓу другото.

Вреди да се спомене дека Битолскиот конгрес, кој е познат и како Конгрес за унифицирањето на албанската азбука беше одржан од 14 до 22 ноември 1908 година во Битола. Во тоа време многумина учесници во своите реферати инсистираа на тоа албанскиот јазик да не се пишува ниту со арапско писмо, или, пак, со грчко, туку на латиница, со што Конгресот одлучи одлучи едногласно албанскиот јазик да се пишува само на латиница со 36 букви, азбука која се користи до денес.

Google+