И на двете средби, официјални претставници од УЈИЕ се сретнаа со претставници од локалните компании и банки.
Целта на овие дискусии беше да се обезбедат подетални информации за компаниите и за банките за студиските програми интегрирани со практика и да се истакне важноста на овие студии за компаниите, за банките и за студентите.
Учесниците дискутираа за овие комбинирани студии – теорија и интегрирана практика – која им помага на студентите да се обучат за нивните идни работни места и им се обезбедува целосна стипендија од компаниите и банките партнери на Универзитетот.
Студиските програми интегрирани со практика се нудат на Универзитетот на Југоисточна Европа за прв пат во земјава. Тие претставуваат иновација за иднината на пазарот на трудот затоа што во овие студиски програми се комбинирани теоретските и практичните аспекти на процесот на предавање и учење. Овие програми се дизајнирани за да се осигури идната млада генерација да има конкурентна предност на пазарот на трудот.Учесниците ги презентираа нивните гледишта и ги дискутираа можностите на програмите меѓу учесниците беше и германскиот експерт за интегрирани студии проф.Норберт Маркс; проректорот за претприемништво, проф.д-р Мирољуб Шукаров, деканот за факултетот за бизнис и економија проф.д-р Стефан Ќирици, проф.д-р Бесник Фетаи, доц.д-р Бујар Рауфи, г. Лумни Ајвази директор на Центарот за развој на бизнисот, г. Имер Ологу, одговорен на филијалата на „Стопанска банка“ во Тетово и г. Хамим Даути од „ Даути Комерц“ .
Компаниите и банките ја поздравија програмата и изразија подготвеност за соработка со Универзитетот во унапредувањето на образовниот систем со што ќе се исполнат барањата и очекувањата од деловната заедница. Тие изразија подготвеност за соработка со Универзитетот со цел развој на бизнисот преку обуки организирани од Центарот за развој на бизнисот или преку нови студиски програми посебно дизајнирани за претпријатијата кои функционираат во Македонија и во другите балкански земји.
