М-р Арта Точи, предавач на нашиот Универзитет обработи тема која е многу актуелна во време кога англискиот јазик е јазик за глобална комуникација.
,, Улогата на мајчиниот јазик при изучувањето и предавањето на англискиот јазик како странски јазик”, беше насловот на докторската дисертација на м-р Арта Точи. Учењето на странскиот јазик е поврзано со учењето на мајчиниот јазик. Не може да се научи еден странски јазик ако претходно не се научи стандардниот мајчин јазик. Овие беа некои од заклучоците на оваа докторска дисертација.
М-р Јетон Шасивари, исто така предавач на нашиот Универзитет предизвика голем интерес со темата ,,Изборниот процес како основен елемент на претставничката демократија со посебен осврт на РМ". Оваа тема беше поврзана со развојот на законската рамка на изборите во Македонија, со најсоодветниот изборен модел, природата на мандатот на пратеникот, изборните единици, администрација на изборите и други слични проблеми. Некои од заклучоците на докторската дисертација на м-р Јетон Шасивари се дека моделот на изборите е направен со споредбени истражувања на изборните модели на неколку земји од Западна Европа.
Многу интересна тема беше и докторската дисертација на м-р Влера Ејупи со наслов: "Создавањето на женските и машките ликови во новелите “Вљубени жени и Синови и љубовници од Дејвид Херберт Лоренс”,со која се заврши процесот на одбрана на магистерските и докторските тези за овој период.