Амбасадорката Штајнекер објасни дека билатералната дипломатија во Европа е во опаѓање како резултат на нагласената улогата на мултилатералните институции и механизмите на мултилатералната дипломатија. Поради ова дојде до еволуција на дипломатската професија со зголемени функции на мултилатералната дипломатија за современите дипломати. Исто така, и во Македонија, билатералната дипломатија се чини дека се заменува со мултилатералната дипломатија особено кога се земаат во предвид аспирациите за интеграција во ЕУ“.
Пред голем број на студенти и предавачи на УЈИЕ, Амбасадорката на Германија во РМ Штајнекер рече дека билатералната дипломатија не е завршена, но има една нова улога зголемување на функцијата на мултилатералната дипломатија спроти предизвиците на времето. Билатералната дипломатија се спроведува од амбасадите за да соберат повеќе информации во неколку сегменти за земјата домаќин.
Во своето предавње таа нагласи дека „вистинскиот пат за малите земји како Македонија е да се фокусира на мултилатеризмот , бидејќи овој вид на дипломатијата нуди повеќе можности за помалите држави“. Тенденцијата за фокусирање на мултилатералната соработка е голема предност наспроти билатералната дипломатија за малите држави.
Германската амбасадорка им предложи на студените да бидат поактивни во општеството и да најдат конструктивни решенија и да не чекаат секогаш од политичарите затоа што сите имаат можност да го направат својот избор преку избори, активирање во граѓанското општество и преку својата професија.
Во своето воведно обраќање, директорот на Институтот за научни истражување „Макс ван дер Штул“, проф д-р. Ветон Латифи, истакна дека германската дипломатија претендира постојано на редефинирање на мултилатералните институции на меѓународната дипломатија. „Ова најдобро се гледа од ориентацијата на германската билатерлна и мултилатерална дипломатија за редефинирање на улогата на меѓународните организации во однос на балканскиот регион во постојаните намери за реформирање и за јакнување на мултилатералната димензија на ЕУ, НАТО и ОН во однос на меѓународните безбедносни предизвици и ризици.“
