Доколку сте студент, млад претприемач или имате сопстевн тим кој има уникатна, иновативна и остварлива бизнис-идеја во ИКТ (Информатички и комуникациски технологии) индустријата, вие сте тие кои одсега имаат можност, со помош на Инкубаторот да ја преточите вашата идеја во реален интернационален бизнис.
Сите заинтересирани треба да аплицираат онлајн (http://techpark.seeu.edu.mk/en/incubator/apply) за да учествуваат во натпреварот за да бидат дел од инкубаторот. Инкубаторот може исклучително да ви помонге во домените на:модерни и совермено опремени канцеларии и помошни деловни простории, пристап до ангел инвеститори, помош при планирањето на бизнисот, маркетинг и промовирање, вмрежување, консултации и советувања, обуки, пронаоѓање на странски деловни партнери, како и многу други услуги креирани специјално за вашиот тип на бизнис.
Вашата идеја ја заслужува оваа шанса - дозволете заедно да ја оставриме.
Ве очекуваме!