Според објавениот конкурс за запишување на студенти во прва година, на факултетите на ЈИЕУ, во академската 2013/2014година и Одлуката на Советот на Ректорот, одржан на 02.09.2013, Централната комисија за запишување на студенти ја објавува прелиминарната листа на примените студенти во првиот уписен рок по факултети:
ПРЕЛИМИНАРНА ЛИСТА НА ПРИМЕНИ КАНДИДАТИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК
Поднесување на жалби
Кандидатите кои се пријавиле во првиот уписен рок, може да поднесат жалба во рок од 24 часа од денот на објавување на прелиминарните резултати, до 24:00 часот, 03.09.2013, преку е-маил адресата admissions@seeu.edu.mk.
Жалбите ќе бидат разгледани на 05.09.2013.
Забелешка:
1.
а. Кадидатите кои не доставиле целосна документација, тоа може да го направат во вториот уписен рок, од 2 септемвир до 12 септември 2013.
б. Кандидатите кои не положиле државна матура, но имат положено школска матура или заршен испит ќе се сметат за прием во вториот уписен рок.
В. Кандидатите со завршено средно образование во училиштата во кои не се применува државна матура ќе се сметат за прием во вториот уписен рок.
2. Доколку заклучно со вториот уписен рок (12 септември 2013), во одредени студиски групи не ќе се пријават доволен број студенти, како е предвидено со огласот за нови студенти, тогаш на тие студенти ќе им се понуди можноста да бират меѓу сличните студиски програми.
3. Советот на Ректорот на УЈИЕ одлучи да студентите кои завршиле средно образование надвор од Република Македонија да бидат примени во првиот уписен рок, под услов да до 30 септември2013 достават конфирмација од Министерството за Образование и Наука на РМ за започната постапка за нострификација на средното образование.
Регистрација на примените кандидати ќе биде во период
од 03.09.2013 до 14.09.2013.
За повеќе информации контактирајте со Кацеларијата за Прием, зграда 801.
Е-маил: admission@seeu.edu.mk
Тел: +389 44 356 188 (Тетово)
Тел: +389 44 356 398 (Скопје)
Информации за условите и начинот на регистрација
Се информираат сите студенти кои ги примени во првиот уписен рок на додипломски студии во Универзитетот на ЈИЕ, дека регистрацијата на првата година на студии ќе се изврши во период од 03.09.2013 до 14.09.2013.
За регистрација, студентите треба да донесат уплатница за уплатена школарина за првиот семестар во износ, зависно од студиската програма, според следната шема:
За редовни студии:
Факултет за Бизнис и економија
· Бизнис економија 55 300 ДЕН
· Агробизнис 55 300 ДЕН
· Информациски системи и менаџмент 31 250+40 000ДЕН
Факултет за Современи науки и технологии
· Компјутерски науки 55 300 ДЕН
· Компјутерско Инжењерство 55 300 ДЕН
· Бизнис Информатика 61 500 ДЕН
· Медиумска информатика 61 500 ДЕН
Оддел за интегрирани студии со пракса
§ Современ банкарски менаџмент 61 500 ДЕН
§ Современ менаџмент на претпријатија 61 500 ДЕН
§ Применета информатика за ИТ компании 61 500 ДЕН
Правен Факултет 40 000 ДЕН
Факултет за Јавна администрација и политички 40 000 ДЕН
Факултет за Јазици, култури и комуникација 40 000ДЕН
За вонредни студии
· Бизнис и економија 40 000 ДЕН
· Современи науки и технологии 40 000 ДЕН
· Правни студии 27 700 ДЕН
· Јавна администрација и полички науки 27 700 ДЕН
· Јазици, култури и комуникација 27 700 ДЕН
За онлине студии
§ Компјутерски науки 40 000 ДЕН
§ Бизнис и економија 40 000 ДЕН
Уплата на семестар
Уплатата на семестар, преку жиро-сметка на Универзитет на ЈИЕ:
Уплата на школарина за прв сеемстар:
3ти– 14тисеп.2013
Уплата во денари:
Примач: Универзитет на ЈИЕ
Банка депонент: Стопанска банка А.Д. Скопје
Бр. на жиро-сметка: 200-0008775390-10
Цел на уплата: школарина за 2013/14
Уплата од страство (во Евра):
Name of Institution: SEEU Tetovo
Address: Bul. Ilindenska 335, 1200 Tetovo/Macedonia
Bank Name: STOPANSKA BANKA
Acc. number (EUR): 0009009090
IBAN: MK07200000900909026
SWIFT: STOBMK2X
Напомена:Во уплатницата задолжително внесете го матичниот број.
За дополнителни информации за начинот на плаќање на семестарот (можноста за плаќање на рати или претплата) ве молиме да контактирате со Канцеларијата на бурсар, зграда 802.
Е-маил: bursary@seeu.edu.mk
Тел:+389 44 356 049
Тест за одредување на нивото на англискиот јазик
Тетово 10 септември 2013, вторник, од 11:00 и 13:00 часот
Скопје 6 септември 2013, петок, од 11:00 и 13:00 часот