Националниот натпревар за пишување на есеи во Македонија се организира веќе по седми пат, и претставувазаеднички потфат организиран од страна на волонтери од Мировниот корпус на САД во соработка со ЕЛТАМ(Асоцијација на наставници по англиски јазик во Македонија) и Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ). Целта на овој натпревар е да се подигне свеста за значењето на пишувањето и да се мотивираат учениците да пишуваат концизни есеи по англиски јазик,како и да се развијат вештините на наставниците за предавања за пишување на есеи. За учество може да се пријават учениците од седмо и осмо одделение како и учениците од 1-4 година од средно образование од сите региони на Македонија. Победниците ќе бидат избрани во три нивоа, и на регионално е на национално ниво. Секоја година членовите на нашата голема мрежа на волонтери од Мировниот корпус на САД се активираат за да им помогнат на националните координатори, тренери на работилници и судии.
За повеќе информации погледнете ги линковите: