Ве информираме дека тестот за одредување на нивото на познавање на англискиот и на македонскиот јазик ќе се одржи на 14 септември (среда) :
· Првиот термин во 10:00 часот
· Вториот термин 12:00 часот
Потребна документација:
· Потврда за прием на апликацијата при подавање на документите. Доколку немате таква потврда може да земете во објект 802 –шалтер 6.
· Студентите кои ја запишале првата година, ИД картичка
· Пенкало со сино мастило.
Тестирањето ќе се одржи во Јазичниот центар, објект 1001, Универзитетски кампус во Тетово, без оглед на која локација ќе студирате (Скопје или Тетово).
Тестирањето е за:
· Кандидатите кои се пријавиле (и се примени) во првиот уписен рок но кои не се тестирани
· Кандидатите кои се пријавиле (и се примени) во вториот уписен рок.
Забелешка:
Студентите кои се запишале или се пријавиле на студиската програма Англиски јазик и литература ќе имаат тестирање на 14.09.2011 (среда), во 14:00 часот. На тестирањето треба да бидат сите пријавени кандидати и оние кои веќе го поминале првото тестирање.