Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, ја организираат петтата сесија на Охридската школа на природното право, под наслов: Предизвици на реформите во правниот, политичкиот и безбедносниот систем во период 30 јуни – 7 јули 2019 година.
Ги повикуваме заинтересираните студенти на втор и трет циклус на правни, политички и економски студии, да се пријават на повикот и да земат учество на Охридската школа на природното право.
Рок за пријавување е 15ти мај 2019 година.
Повеќе информации за начинот за аплицирање ќе пронајдете ТУКА.
Целосните трошоци за сместување, храна и работни материјали се покриени.