„Инотел“ ќе понуди интензивни, корисни и практични искуства за учење што се предизвикувачки, стимулирачки и релевантни, како и тесно поврзани со развојот на висококвалитетни апликации. Студентот ќе има голема флексибилност при изборот на насоки кои се совпаѓаат со интересите во широк спектар на области, вклучувајќи: Алгоритми, Архитектура, Комуникација на податоци, Вградени системи, Дистрибуирани компјутерски системи, Верификација на хардвер, Дизајн на интеракција, Логички методи, Машинско учење, Мрежи, Системи во реално време, Програмски јазици и безбедност на Интернет на нештата.
Во рамките на програмата, „Инотел“ опфаќа широк спектар на прашања: од уреди за Интернет на нештата, поврзани автомобили и индивидуални компоненти за дизајн на глобално дистрибуирани системи. Студентите ќе бидат обучени и опремени со знаење, вештини и ставови потребни за успешна професионална кариера во различни области на технологијата. Програмата особено ви овозможува како идни ИТ професионалци да конципирате, да дизајнирате и да имплементирате системи кои работат правилно и се одржливи и сигурни.
По дипломирањето студентите ќе бидат високо квалификувани и подготвени за работиа како програмери, архитекти и развивачи на системи. „Инотел“посебно ги нагласува во моделирањето, дизајнот и концептуалните способности кои ќе ви овозможат поголема флексибилност, така што ќе бидете квалификувани за практикантскта работа и ќе имате можност да се вработите од локалниот тим за развој на Инотел веднаш по испитот.
За апликација, кликнете тука.
Лице за контакт:
Петер Линдберг
и-мејл: peter.lindberg@innotel.com
Нусрет Халити