Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Повик за апликации за стипендии за курсеви по германски јазик во Баварија

Нови стипендии за школарини во Слободната држава Баварија за летни курсеви по германски јазик во 2016 година. Стипендиите вклучуваат средства за школарината, за сместувањето и за исхраната.

Студентите и младите научници од сите академски области со основно познавање на германскиот јазик (најмалку ниво A2) од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија, Словенија и Украина може да се пријавуваат за стипендиите за летни курсеви -BAYHOST.

За дополнителни информации во однос на летните курсеви и процедурата за пријавување ве молиме да погледнете тука:
http://www.uni-r.de/bayhost/english/scholarships/language-courses-in-bavaria/index.html

Кандидатите кои ќе се пријават неопходната документација треба да ја испратат преку пошта до Баварскиот високообразовен центар за Средна, Источна и Југоисточна Европа -BAYHOST најдоцна до 4. Април, 2016 година (датум на прием!).

Google+