Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Стипендии HESP

Цел на програмата

Универзитетот на Југоисточна Европа, во соработка со Фондацијата Отворено Општество OSF (Open Society Foundation) преку Програмата за поддршка на високото образование HESP, Лондон, им нуди финансиска поддршка на студентите, покривајќи околу 80% од школарината. Во посебни случаи, може да вклучи и дел од сместувањето или превоз за студентите кои што доаѓаат надвор од Тетово.

Целта на оваа програма е да им овозможи на студентите финансиска поддршка, без која не би биле во можност да студираат на Универзитетот на Југоисточна Европа. При распределбата на финансиската помош -HESP ќе се земат предвид социјалната и економската состојба на студентите, како и нивниот успех од средното образование.

Број и распределба на стипендиите HESP

Преку програмата HESP, УЈИЕ ќе распредели околу 50 стипендии. Стипендиите HESP се доделуваат за период од 3 (три) години. Условите за продолжување на стипендиите се одредуваат во Одлуката за доделување (Award Letter) на почеток на секој семестар.

Право за аплицирање за оваа стипендија имаат сите кандидати со македонско државјанство кои во академската 2015/16 година ќе се запишат како редовни студенти на додипломски студии на една од студиските програми кои се нудат на овие факултети:

Факултет и Број на стипендии:

  • Факултет за јавна администрација и политички науки - околу 25 стипендии
  • Факултет за јазици, култури и комуникација  - околу 25 стипендии

Висина на стипендијата

Фондот на стипендиитеHESP овозможува:

  • делумно плаќање на школарината; - макс. 1.000 евра
  • делумно плаќање за сместување или превоз; - макс. 600 евра 

Висината на стипендијата зависи од социјалната и од економската состојба на студентот.

За квалификација во оваа програма кандидатот мора да освои најмалку 60 од вкупно 100 можни бодови од успехот од средното образование, додека рангирањето и селекцијата на кандидатите ќе се изврши според потребата за финансиска помош.

При изборот на кандидатите предност ќе имаат студентите со посебни потреби!

Начин и рок за аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • пополнета апликација за стипендија HESP
  • потребната документација (наведена на последната страница на образецот) со која се потврдува социјалната и економската состојба на студентот.

Апликацијата може да се преземе од  линкот  Формулари или да се земе директно во Канцеларијата за финансиска помош (Тетово), објект 801. 

Краен рок за пријавување

01.06.2015 - 11.09.2015

Доставување на апликацијата

Апликацијата, заедно со потребната документација (наведена на стр. 6 на пријавата) може да се достави најдоцна до 11 септември 2015 година, во Канцеларијата за финансиска помош (Тетово), објект 801, или да се испрати по пошта.

Доколку ја праќате апликацијата по пошта, ве молиме да внимавате таа да стигне на време. Поштата пристигната по 11.09.2015, нема да биде земена превид! Ќе се разгледаат само комплетираните апликации! 

Google+