Програма: |
Развој на цивилно општество |
| Циклус на студии: | Втор циклус (Постдипломски) |
| Факултет: | Современи Општествени Науки |
| ЕКТС: | 120 (2 години) |
| Решение: |
Целта на студиската програма од втор циклус Развој на граѓанското општество е да се покрие празнината во формалното образование кај граѓанските организации (ГОи) и фондации, нивните вработени, активистите и волонтерите и на персоналот во меѓународните институции, донаторските агенции и владиниот сектор кои работат и соработуваат со граѓанскиот сектор, како и да се надградат нивното знаење и нивните вештини со цел да се зајакне граѓанското општество во истакнувањето на неговиот глас во процесот на градењето ефективна демократија во Македонија и во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ). Исто така, преку програмата ќе се зајакнат и ќе се надградат постигнувањата на ова поле во регионот на ЈИЕ и ќе се овозможи споделување меѓународни искуства на патот на постигнувањето позитивни општествени промени, бидејќи оваа програма е наменета за раководители на ГОи, вработени, нивни волонтери и активисти, како и за сите заинтересирани за развојот на граѓанското општество.
Во спроведувањето на оваа програма, посебно во практичниот дел од наставата ќе бидат вклучени експерти од граѓанската организација „Центар за институционален развој – ЦИРа“. Ова ќе придонесе кон подобро пренесување на практични искуства и знаење на студентите за развојот на граѓанскиот сектор во Македонија и во регионот на Југоисточна Европа
Целите на програмата се:
- Студентите на оваа програма ќе имаат можност да го најдат балансот помеѓу солидната интелектуална подготовка во општествените науки и практичната обука со експерти за развој на граѓанското општество.
- Студентите ќе стекнат основни комуникациски вештини, како и вештини за преговарање и надминување конфликти потребни за надминување на културните разлики и различните традиции преку користење современи методи на учење, неопходни за постигнување успех во соочувањето со различните образовни системи преплетени со различните традиции.
- Студентите ќе ја манифестираат својата интелектуална независност и ќе ја демонстрираат својата имагинација и отвореност за нови искуства, како и флексибилноста да размислуваат користејќи ги различните дисциплини и трансферот на знаење и вештини помеѓу различните полиња на експертиза.
- Студентите ќе ги демонстрираат волјата и експертизата целосно да придонесат кон граѓанското општество и интелектуалниот живот, со учество во широка понуда на можности за дебати, трибини, учество во конференции и културни настани.
- Студентите ќе добијат можност да бидат независни создавачи на знаење, информирани носители на одлуки и вешти поддржувачи на развојот на граѓанското општество.
- Студентите ќе ги совладаат теоријата и практиката на менаџментот на ГОи инволвирајќи го стратегиското мислење и стратегиското планирање како рамка.
- Студентите ќе се запознаат со динамиката и со основните функции на раководењето со човечките ресурси и раководењето со волонтерите, како основен извор на човечки ресурси кај ГОи.
- Студентите ќе се запознаат со основните принципи на мобилизирање на заедницата во решавањето важни општествени проблеми, како и мобилизирањето ресурси од заедницата.
- Студентите ќе го демонстрираат својот капацитет да го следат овој модул на англиски јазик, како и да учествуваат во дискусии, преговори и дебати на овој јазик. Со ова, тие ќе учествуваат во создавањето поширока регионална заедница на активисти креирана преку овој мост кој ќе се гради помеѓу земјите од ЈИЕ, а која ќе придонесе кон јакнење на довербата и имиџот на ГОи во земјава, но и во регионов.
Развој на граѓанското општество дава висококвалификувани лидери со добро развиени вештини за лидерство и менаџмент за да се соочи со предизвици во областа на развојот на граѓанското општество и нуди висококвалификувани и професионални водачи со современ пристап кон управувањето на вредностите и улогата на граѓанските организации во развојот на демократијата во современите општества.
Знаење и разбирање
- Ќе наоѓаат солидна рамнотежа помеѓу интелектуалната подготовка на општествени науки и на професионална обука со експерти во развојот на граѓанското општество.
- Ќе демонстрираат капацитет за да се дебатира на англиски и да се одржат преговори и долга дебата во овој јазик.
- Ќе учествуваат во поширока регионална заедница воспоставена преку оваа програма помеѓу земјите од ЈИЕ.
Примена на знаењето и разбирањето
- Во состојба е да доведе до истражување на јавното мислење и до спроведување методолошки алатки.
- Демонстрира способност да лобира, да преговара и да посредува повеќе влијателни политички актери во општеството.
- Во состојба е да ги применува теоретските знаења, да го развива истражувањето во решавање на општествените појави и да продолжи со кариера во академската област
Способност за проценка
- Ќе манифестираат интелектуална автономија;
- Ќе учествуваат во современата култура.
- Ќе демонстрира имагинација и отвореност кон нови искуства, како и флексибилност да се размислува низ дисциплини и да пренесува вештини помеѓу областите во експертиза.
- Ќе анализира различни феномени поврзани со политичката културата на соодветното општеството.
- Ќе ги споредува критички политичките трендови во општеството и во државата и ќе го оценува нивното влијание врз евроинтегративните процеси на земјава.
Комуникациски вештини
- Можат да учествуваат во политички дебати, посредување и преговори истовремено обезбедувајќи аргументативна анализа на политичкиот дискурс.
- Има кохерентни вештини за опишување на општествените случувања.
- Професионално комуницира со повеќе актери во тимскиот дух и со инклузивен пристап.
- Демонстрира волја и подготвеност за да придонесе во цивилното општество и интелектуалниот живот преку учество во различни можности за дебата на конференции, културни настани итн.
Вештини на учење
- Може да ја потврди и да ја аргументира улогата на граѓанското општество за општество базирано на знаење.
- Има способност да се преземат иницијативи да се идентификуваат групите на интерес и државните институции во рамките на политичките процеси.
- Има способности за вршење доживотно учење и самоедукација во областа на политичките науки.
- Има способност да се обучуваат граѓаните за политички систем и за демократско општество.
Семестар 1
-
[6 ЕКТС]
Стратегиски менаџмент и управување со промени
Во рамките на овој предмет се истражуваат теоријата и практиката на менаџментот инволвирајќи го стратегиското мислење и стратегиското планирање како рамка. Се однесува на важни прашања од менаџментот, вклучувајќи: контекст на градење стратегии, лидерство, структура на организацијата и дизајн, како и изведба. Во предметот се вклучени и се користат студии на случај од менаџерските практики во јавниот и граѓанскиот сектор. Дел од овој предмет е управувањето со промени, како неодминлив дел од раководењето и справувањето со динамиката на промените во окружувањето, посебно од аспект на политичкиот, општествениот, културниот, економскиот и технолошкиот развој во Македонија и регионот на ЈИЕ. Содржина на предметната програма: - Процесот на дефинирање долгорочна визија и мисија во граѓанските организации (ГОи) - Анализа на надворешната околина и важните актери - СВОТ (SWOT) анализа - Методологијата за стратегиска ориентација и анализа на можни стратегии - Процесот на дефинирање стратегиски цели и активности - Методологии за креирање годишни програми за ГОи - Филозофијата на промените, зошто промени, предизвици - Промени во организациската култура - Методологија на идентификација на клучните фактори во процесот на промени - Методите за успешно совладување на отпорот кон промените, како и факторите на влијание ГОи - Начини за обезбедување поддршка за промените - Фази во процесот на промени Начини за промовирање промени
-
[6 ЕКТС]
Граѓанско општество и развојни политики
Овој предмет е фокусиран на запознавање со теориите на настанокот на граѓанското општество, дефинирање на просторот кој го зафаќа граѓанското општество, клучните актери, интеракциите со другите сектори во државата, улогата и структурата на граѓанскиот сектор, начините на работа, карактеристиките на граѓанското општество во Македонија и во регионот, стратегиите за негова одржливост, како и начините за влијание врз политиките и демократските процеси. Во делот на развој, овој предмет ќе обезбеди претставување на клучните развојни концепти, теории и пристапи, како и на предизвиците кои осиромашувањето и назадувањето во развојот ги наметнува на оние кои работат во донаторските агенции, државните развојни агенции граѓански организации, фондации и истражувачки институти.
-
[6 ЕКТС]
Справување со конфликти, комуникациски вештини и вештини за преговарање
Цели на предметната програма (компетенции): Овој предмет опфаќа ефективно справување со конфликти на работно место, помеѓу различни групи, компании, владини институции и други граѓански организации (ГОи). Изучувањето на конфликтите и ефективното менаџирање со нив подразбира анализа на конфликтот, разбирање на динамиката на различни групи на интерес и одредување соодветни методи за справување. Менаџерот во ГОи, без разлика дали се занимава со менаџмент, политики или финансии е повикан да менаџира или да се вклучи во решавање широк спектар на конфликти. Конфликти има секаде, во и помеѓу организации и институции, помеѓу различни нивоа на владини органи, помеѓу различни групи на интерес и владини институции, граѓани и институции итн. Зголемената комплексност и поврзаноста на конфликтите со различни прашања и проблеми кои се заеднички за повеќе различни групи на интерес, ја зголемува одговорноста, но и предизвикот кај ГОи за соодветно справување со нив. Во регион како што е ЈИЕ, неопходно е лидерите / менаџерите во ГОи да знаат како да се справуваат со конфликтите. Низ студии на случај, дискусии, дебати и симулации студентите ќе имаат можност да се подготват теоретски, но и практично за решавање конфликти, но ќе работат и на развој на вештини за преговарање и убедување, како и на вештини за олеснување кои еден современ менаџер е неопходно да ги поседува. Истовремено, овие вештини се неопходни за генерирањето јавна поддршка и ефективна комуникација со различните групи на интерес, кои се основа за успехот на ГОи.
-
[6 ЕКТС]
Финансиски менаџмент, и ефикасност во користење на ресурсите за Граѓански организации (ГО)
Цели на предметната програма (компетенции): Целта на овој предмет е да им се претстават на студентите стандардите и практиките во финансиското работење на ГОи, методите на користење фондови и други соодветни техники за управување со одговорноста во финансиското работење на ГОи и притоа се опфаќаат преглед и анализа на техничките аспекти на сметководството и подготовката, како и толкување на финансиските извештаи. Концептот на ефикасноста во користењето на ресурсите ги претставува основите на принципите и процедурите и овозможува поставување рационална рамка за алокација на ресурсите. Предметот овозможува соодветна избалансираност помеѓу теоријата и практиките, преглед на различни студии на случај и дизајниран е да го побуди интересот на студентите. Содржина на предметната програма: - Теоретски основи на финансиско работење кај ГОи - Современи аналитички методи - Буџетирање, финансиски операции и сметководство како придонес кон доброто финансиско работење на ГОи - Толкување и користење на финансиските извештаи - Разлики во финансиските извештаи помеѓу профитните и непрофитни организации и институции - Анализа на квантитативни и квалитативни податоци - Концепт на ефикасно користење на ресурсите во ГОи и креирање процедури за спроведување на концептот - Процес на финансиско планирање и буџетирање, со осврт на планирање активности за прибирање средства од различни извори, готовински текови, управување со ризици и раководење со индикаторите Планирање и раководење со финансиите и годишните буџети согласно со стратегискиот план и со мисијата на организацијата
- [6 ЕКТС] Изборен предмет 1
Семестар 2
-
[6 ЕКТС]
Прибирање на средства и филантропија за граѓански организации
Во рамките на овој предмет се истражуваат историјата, принципите и практичната апликација на концептот за развој на филантропијата и диверзификација на ресурсите во граѓанските организации (ГОи), како и етичката одговорност на професионалците во процесот на прибирање средства. Понатаму, предметот се занимава со методи на идентификација на различни извори за финансирање, основните методи за прибирање средства од индивидуи, компании, фондации и јавни фондови, како и организирање кампањи за прибирање средства. Во рамките на овој предмет се вклучени многу практични аспекти поврзани со развојот на филантропијата во Македонија, со посебен осврт на корпоративната и индивидуалната филантропија. Исто така, предметот се занимава со развој на стратегии за прибирање средства од локални извори, фактори кои влијаат на успешното прибирање средства, од една страна, и организациското однесување и работење како што се развој на практики, важноста на истражувачките активности и развој на култура за донирање кај сите засегнати страни, од друга страна.
-
[6 ЕКТС]
Јавни политики, застапување и лобирање
Во рамките на овој предмет се истражува како јавните политики влијаат врз граѓанските организации (ГОи), односно како ГОи влијаат врз процесот на усвојување јавни политики, со посебен осврт кон улогата на волонтеризмот, активизмот и вклучувањето на заедницата во овие процеси и интеракцијата помеѓу улогата на волонтеризмот и граѓанскиот активизам. Понатаму, овој предмет се однесува и на застапувањето како метода за предизвикување општествени промени и начините како да се случат промени во законската регулатива, со кампањи за застапување како начин да се влијае врз јавното мислење, истражување и анализа на политичките односи со јавноста и организирање на заедницата во изнаоѓање на широк круг на поддржувачи на каузата. Исто така, преку предметот се овозможува пренесување практични искуства во креирањето општество во кое владее социјална правда и општество кое дава можности за позитивни промени онаму каде што се потребни.
-
[6 ЕКТС]
Развој на човечки ресурси и раководење со волонтери
Овој предмет е дизајниран за раководители на ГОи и дава широк преглед на динамиката на човечките ресурси. Предметот се занимава со основните функции на раководењето со човечките ресурси (РЧР), како што се регрутација на персоналот, развој на кариерата, оцена на персоналот, давање фидбек, како и дизајн и опис на работно место. Овој предмет, исто така се занимава со истражување на прашања кои вклучуваат различности и идентитетот во работата, како и организациската култура, улогата на комуникацијата тимот, како и други важни прашања од областа на РЧР. Секако, како неодминлив дел од работата на ГОи е вклучувањето на волонтерите, како основен извор на активисти кај ГОи. Предметот опфаќа практична работа низ дискусии за студии на случај и рефлексија на искуството на студентите. Фокусиран е на раководење во организации кои се потпираат на вредности. Во рамките на предметот се прават споредби со практиките на ова поле во јавниот, профитниот и во граѓанскиот сектор. Содржина на предметната програма: - Концепт на стратегиски пристап кон РЧР во организацијата - Улогата и обврските на менаџерите за раководење и организација на работата во тимот, како да ги планираат и да ги организираат активностите, согласно со мисијата и организациските правила и процедури - Концепт на организациска структура / култура и развој - Улогата и позициите на менаџерот - Стратегиски пристап во сите фази на РЧР – од идентификување на потребите до одржливо организациско РЧР - Методологии за себераководење и управување со времето (time management) - Основи на комуникациските вештини при работа во тим - Концепт на раководење на тим – тимски вештини и тимски улоги (дефинирање цели на тимот, мотивација и улоги во тимот, решавање проблеми, лидерство, делегирање, оцена на работата и средби за преземање корективни акции) - Методологии за справување со конфликтни ситуации, кризен менаџмент - Улогата на организацискиот менаџер (регрутација и селекција) - Волонтеризам: дефиниција, типови волонтери, зошто луѓето волонтираат регрутација и селекција на волонтери - Методи на ориентација, обука и мотивација на волонтери - Права и обврски на волонтерите - Концепт на следење и оцена на работата на волонтерите - Методологија за креирање стратегија за раководење со волонтери
- [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
- [6 ЕКТС] Изборен предмет 2
Семестар 3
-
[6 ЕКТС]
Правна регулатива и етика за Граѓански организации
Во рамките на овој модул се истражуваат сите правни и етички прашања со кои се соочуваат ГОи. Фокусот на овој модул е преглед на сите закони и подзаконски акти кои се поврзани со работата на ГОи, а посебно од аспект на структура, раководење, организациско однесување и на отчетност. Од особена важност е студентите да ја разберат поврзаноста на етиката во однесувањето на ГОи и имиџот на поединечните организации, како и секторот во целина.
-
[6 ЕКТС]
Развој на локалната заедница
Овој предмет е фокусиран кон организирање, раководење и на лидерство во заедницата, со посебен осврт на потребите на различните групи на интерес. Во рамките на овој предмет се анализираат и се споредуваат различните концепти, филозофии и пристапи за развој на заедниците, преку решавање практични прашања и проблеми низ разработка на студии на случај. Со овој предмет се зголемува разбирањето на важноста на развојот на заедницата, низ вклучување на сите групи на интерес во решавањето на проблемите, во општиот развој на севкупното општество. Понатаму, низ предметот, студентите се оспособуваат за максимално искористување на финансиските, техничките ресурси во заедницата, како и за интензивирање на соработката и иницијативноста меѓу различните групи на интерес во локалната заедница и потенцијалните поддржувачи на развојот. Содржина на предметната програма: - Студентите да можат да ја согледаат „големата слика” низ разработка на конкретни примери од современи истражувања и практики во земјава и во регионот на ЈИЕ. - Студентите да ја разберат и да можат да ја анализираат заедницата во која работат, како и да можат да најдат ефикасни начини за зголемување на придонесот на сите во нејзиниот развој. - Подобро разбирање на концептот на одредување, односно процена на важните ресурси, можности, проблеми и приоритети, како и изнаоѓање начини за нивно решавање. - Подобро разбирање на предизвиците со кои се соочуваат локалните заедници во земјава и во регионот на ЈИЕ. - Совладување на пристапите за партиципативно локално планирање и процес на утврдување приоритети со кои се поврзуваат различните локални интереси во единствен план за развој на заедницата. - Совладување начини и пристапи за правилно информирање на заедницата за важните прашања. Совладување начини и пристапи за зголемување на учеството на заедницата во разрешувањето на локалните проблеми и во донесувањето одлуки за развој на сопствената заедница.
-
[6 ЕКТС]
Меѓународни организации
Цели на предметната програма (компетенции): Во рамките на овој предмет се опфатени важни теоретски теми кои се однесуваат на меѓународните институции, историскиот развој на меѓународните институции, улогата на меѓународните институции, функциите и надлежностите. Се анализира улогата на институциите кои играат важна улога во решавањето на колективните проблеми во глобалната политика. Овој предмет е фокусиран на поважните улоги на меѓународните институции кои тие ја имаат во светот, почнувајќи од мирот и безбедноста, економскиот развој, правата на човекот, одбраната и заштитата на животната околина. Се анализираат и напорите за создавање меѓународни организации, успесите и неуспесите како и предизвиците. Посебна важност им е дадена на политичките организации (ООН, ЕУ), безбедносните организации (НАТО, ОБСЕ), регионалните организации: Организација на Американски држави, Африканската унија, Арапска лига итн.), финансиските организации (ММФ, СБ, ЕЦБ итн.), како и на меѓународни невладини организации. Содржина на предметната програма: - Меѓународни институции: потекло, еволуција, класификација, улоги и функции - Историски развој и потребата од меѓународни институции: Лига на народите - Меѓународните институции во светската политика и специјализираните агенции на ООН - Меѓународните институции за правата на човекот: Меѓународен суд за правдата, Европски суд за човекови права и Европски суд на правдата - Меѓународни институции за безбедност: НАТО и ОБСЕ - Институциите на Бретон Вудс: Институции за меѓународна политичка економија - Банка Светска банка (ИБРД, ИДА, ИФЦ, МИГА, ИЦСИД), Меѓународен монетарен фонд и Светска трговска организација - Супранационални институции во Европа: регионални (ЕУ), мултилатерални (ОЕЦД; ОАС) и меѓувладини меѓународни организации - Иднината на меѓународните организации
- [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
- [6 ЕКТС] Изборен предмет 3
Семестар 4
-
[30 ЕКТС]
Магистерски труд
Овој модул им овозможува на студентите да ги пренесат своите вештини и знаења за истражување и за составување на покомплицираната задача - пишувањето на магистерскиот труд. Модулот е наменет да биде целосно практичен и студентите да ги стекнат потребните знаења, способности, вештини и доверба за да пристапат кон истражување и пишување на тезата. Модулот има единствен повратен резултат - да им овозможи на студентите да ја пишуваат магистерската теза со минимални тешкотии и со максимална ефективност. Сѐ што е предвидено е во насока на подобрување на техниките на истражување и на стилот на пишување на магистерската теза водејќи сметка притоа за забраната со служење со недозволените средства како: плагијаторство и повреда на авторските права, кои се забранети со Статутот на УЈИЕ.