Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Применета информатика за ИТ компании (2013/2014)

Студиска програма интегрирана со практика
Циклус на студии: Трет циклус (докторски)
Факултет: Современи науки и технологии
Академска година: 2023 / 2024
ЕКТС: 180 (3 години)
Решение:

Студиската програма од прв циклус  (Bachelor of Science) по Применета информатика за ИТ компании го спојува најдоброто од информатиката и од компјутерската наука како и од апликативните знаења и нивно аплицирање во ИТ ориентирани компании. Оваа комбинација на ИТ знаења и нивна примена во бизнис дава импулс на современите трендови во ИТ индустријата и воедно ги подготвува студентите за позицијата на експерти во различни бизниси во државата и насекаде низ светот. Пазарот на труд експлицитно бара и има потреба од такви способности на применети знаења од областа на ИТ во економијата, во бизнисот,со што барањата на бизнисот се потполно земени предвид при предложување на оваа насока  за ваков профил на студенти .

Структурата на тригодишната програма содржи студии кои по природа се динамични, интегративни и интерактивни. Овие студии се очекува да генерираат високи професионални резултати  приспособени  на  потребите  на  пазарот  на  трудот, посебно ИТ ориентираните бизниси во Македонија, регионов и светот,  истовремено  служејќи  како солидна основа за понатамошните студии на постдипломско ниво.

Програмата, исто така,  вклучува и интегриран дел со праксата, која што овозможува овие студенти  да развиваат различни апликации за потребите на бизнисот, во соработка со бизнисот и што е најважно при практична работа од 5-6 месеци секоја година во овие ИТ компании.

Оваа програма ќе биде понудена на англиски јазик, во соработка со германските експерти за интегрирани студии, каде што 50% од наставата ќе се одржи на Универзитет, додека 50% во компанијата. Стапка на вработеност на студентите во оваа студиска програма обично е 100% и се должи на фактот дека студентите ќе потпишаат договор со компаниите кои ќе ги поддржат нивните студии и во меѓувреме ќе ги вработуваат по успешното завршување на студиите.

Изборот на идните студии веројатно е една од најважните избори во животот на младите луѓе. Ова е главниот столб што влијае на идната доживотна окупација на младите. Затоа сега е време да се одлучи во врска со професијата која може да обезбеди почитување, репутација, задоволство и се разбира сигурност за во иднина.

Со цел да се создадат потребнита професионалци и истите да се задржат на подолг рок е главната задача на секоја компанија. Професионалните работници се од клучно значење за успехот на компанијата во пазарот. Затоа потребите за обука на младите луѓе во согласност со потребите на компанијата се неопходен услов на современата пазарна економија. Светот на бизнисот се повеќе и почесто бара адаптација и обединување на бизнис праксите со цел да се создаде единствена работна култура.

Денес, компаниите и бизнис институциите се заинтересирани  да студентите кои доаѓаат од универзитетите да биде поблиску до нив и да одговораат на нивните барања. Врз основа на германските напредни модели, ЈИЕУ има подготвено за оваа учебна година интегрирана студија со праксата. Студентите ќе ги извршуват проектите на универзитетот во согласност со барањата на компанијата. По дипломирањето истовремено студентите ќе бидат вработени од страна на компанијата.

Применета информатика за ИТ компании е атрактивен смер што се обидува да ја пополни празнината што компаниите ја имаат кога вработуваат млади работници. Наместо дополнителна обука за млади кадри ИТ компаниите треба да се фокусират во добивање на вистински професионалци веднаш откако ќе дипломираат. Инвестирањето што тие го прават во почетокот ќе биде вратено веднаш откако студентот добива работа во ИТ компанијата. Што им треба на компаниите е да имаат професионалец во нивниот бизнис, а не само диплома. Применета информатика за ИТ компании енов концепт во денешно време за новите студенти од Македонија и регионот.

Знаење и разбирање
  • Поседување на знаење и разбирање од областите компјутерски науки и информатика (програмирање, веб технологии, дата бази, мрежи, а компјутерски и информациони системи).
  • Способност за развој и примена на оригинални и креативни ИТ идеи во ИТ компании.
  • Способност за примена на интердисциплинарно знаење и демонстрација на специјалистички компетенции од компјутерски науки и информатика. 
  • Поседува знаење од една или повеќе предметни области кои што може да да го окваливикуваат студентот како експерт за применување на знаења во дадена област.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способност за критичко, независно и креативно решавање на проблеми во нови, дотогаш несретнати или околини за кои се нема претходно искуство во ИТ индустријата.
  • Планирање, водење и евалуација на независни истражувања во доменот на информациони системи но и програмирање и имплементација на соодветни пресметувачки алатки, околини и технологии.
  • Креативност и оригиналност при интерпретацијата на знаењето од информатиката при решавање на проблеми на ИТ индустријата.
Способност за проценка
  • Способност за креативна интеграција и синтеза на знаење од повеќе области поврзани со ИТ и бизнис процесите со користење на компјутерски алатки и техники.
  • Способност за справување со комплексни ситуации поврзани со специфични бизнис процесите кои произлегуваат во реално време во ИТ компании.
  • Способност за идентификација на соодветни специјализирани инстанци во ИТ индустријата и донесување издржани проценки во ситуации на недостиг на комплетни информации или податоци и врз основа на лични, социјални и етички принципи и одговорности поврзани со примената на знаењето и разбирањето.
Комуникациски вештини
  • Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со рационално поткрепување на истите, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено;
  • Преземање значителна одговорност за заедничките резултати; водење и иницирање активности.
Вештини на учење
  • Способност за идентификација на личните потреби и правци за индивидуално и автономно дообразование и негово изведување самостојно и автономно во вообичаените информатички области.
  • Способност за преземање на одговорност за континуирано индивидуално учење во специјализирани бизнис и информатички области во рамки на вмрежената економија.
  • Способност за преземање одговорност за понатамошен професионален развој и усовршување.

Семестар 1

  • [6 ЕКТС] Компјутерски системи
    По завршување на предавањата по овој предмет, студентите треба : - Да ги разбираат основите на компјутерските системи и нивната организација; - Да знаат да интерпретираат различни нумерички системи; - Да ја разбираат буловата алгебра и нејзината примена; - Да ги разбираат основите на компјутерската архитектура; - Да разликуваат меѓу различни оперативни системи и нивна примена; - Да ги разбираат основите на компјутерските мрежи;
  • [6 ЕКТС] Концепти на програмирање
    Вовед во концептите на програмирање и решавање на проблеми користејќи алгоритми и псевдокод. Претставување на податоците во компјутерот. Типови и структури на податоци. Контролни структури. Алгоритми и решавање на проблеми.
  • [6 ЕКТС] Калкулус
    Преку овој предмет студентите се запознаваат и целосно ги совладуваат поимите: за функција (како посебно пресликување), начините на задавање на една функција, непрекинатоста на основните функции. Исто така, се оспособуваат за изнаоѓање на гранична вредност на функција (лимес), изводи, решавање на проблеми во врска со одредување на монотоноста и наоѓање на максималната и минималната вредност на реалните функции, се со цел на крај да бидат оспособени да нацртат граф на една функција од која што може да се прочитаат сите особини и карактеристики на функциите. Исто така има за цел студентите да се запознаат со поимот интеграл и истиот да го примената во различни практични проблеми.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 1
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по Албански/Македноски јазик I / 1
    • Албански јазик за почетници 1
    • Албански јазик за почетници 2
    • Албански јазик за почетници 3
    • Македонски јазик 1
    • Македонски јазик 2
    • Македонски јазик 3
    • Македонски јазик 4
    • Македонски јазик за почетници 1
    • Македонски јазик за почетници 2
    • Македонски јазик за почетници 3
    • Македонски јазик за почетници 4
    • Академско пишување на македонски јазик
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по Англиски јазик I / 2
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени

Семестар 2

  • [6 ЕКТС] Компјутерско програмирање C++
    Преку овој предмет се презентираат основните концепти на програмирање кои понатака служат како вовед во структурно програмирање. Целта е студентите да се научат да напишат јасни и ефикасни C++ програми применувајќи широк спектар на програмирачки текники.
  • [6 ЕКТС] Линеарна алгебра
    Овој предмет е дизајниран да ги обучува студентите со концептите и методите кои ја сочинуваат основата на линеарната алгебра. Линеарната алгебра всушност се јавува насекаде. Концептите на овој предмет се користат континуирано насекаде без истите да се именуваат. Интегралот е линеарен, изводот е линеарен итн. Поголемиот број на примени на математиката во „реалниот„ свет доаѓаат во израз земајки го само нивниот линеарен дел. Оваа е многу значаен материјал што секогаш ке биде важен за студентите од оваа насока. По завршувањето на овој курс студентите ке бидат во состојба да ги користат и применат линеарните еднаквости и нивното решавање. Алгебрата на матриците. Линеарните трансформации и како истите се користат за апликација. Векторските простори. Сопствените вредности и сопствените вектори на реалната матрица. Детерминантите и ортогоналноста. Значајна цел е да ја поврзе линеарната алгебра со другите областо со или без користење на математиката.
  • [6 ЕКТС] Веб технологии и веб архитектури
    Целта на овој предмет е да им се даде на студентите практично знаење околу основните механизми, услуги и протоколи на глобалната мрежа Интернет. Предметот преставува составување на сеопфатни теми од веб архитектури до веб технологии со посебен акцент на практиката комбинирана со најновите веб технологии од клиентска страна како што се XHTML, HTML5, CSS, JavaScript, JQuery ,Ajax/JSON и Mashup-ите. Студентите од практична гледна точка ќе умеат да владеат со концептите на целокупната архитектура на една ефикасна, скалабилна и сигурна веб страна. Студентите исто така ќе се здобијат со јаки технички знаења околу XHTML, HTML5, CSS, JavaScript, JQuery, Ajax/JSON преку студирање на синтаксата и семантиката на овие технологии од практична гледна точка преку која тие ќе бидат подготвени без некоја дополнителна обука да одговараат на потребите и предизвиците на една реална ИТ компанија.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 2
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по Албански/Македноски јазик II / 3
    • Албански јазик за почетници 1
    • Албански јазик за почетници 2
    • Албански јазик за почетници 3
    • Македонски јазик 1
    • Македонски јазик 2
    • Македонски јазик 3
    • Македонски јазик 4
    • Македонски јазик за почетници 1
    • Македонски јазик за почетници 2
    • Македонски јазик за почетници 3
    • Македонски јазик за почетници 4
    • Академско пишување на македонски јазик
  • [3 ЕКТС] Изборен предмет по Англиски јазик II / 4
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени

Семестар 3/4

  • [6 ЕКТС] Методи на оптимизација
    Целта на овој предмет е да се презентираат текниките на моделирање и оптимизација со цел да се оспособи студентитет за развивање модели кои се користат за решавање реални проблеми од областа на компјутерските науки. Целта на овој предмет е да се анализира важноста на матричното факторизирање како една важна алатка што нуди модалитети за оптимизација на решенијата на различни нумерички алгоритми кои се од основен интерес за решавање проблеми од областа на компјутерските науки. Преку овој предмет студентите ќе се запознаат со основите на теоријата на оптимизација и со методите на изнаоѓање на оптимумот. Ќе се анализираат различни методи на оптимизација, како што се: симплекс методата, проблемот на дуалноста и сензитивноста на проблемите на линеарното програмирање. Ќе се анализира компјутерската примена на секој анализиран проблем, предложувајќи и соодветен модел за оптимизација.
  • [6 ЕКТС] Веб технологии
    Целта на овој предмет е студентите да добијат практично знаење околу основните меканизми, услуги и протоколи на глобалната мрежа Интернет. Предметот преставува составување на сеопфатни теми од веб архитектури до веб технологии со посебен акцент на практиката комбинирана со најновите веб технлогии од клиентска страна како што се XHTML, HTML5, CSS, JavaScript, JQuery ,Ajax/JSON и Mashup-ите. Студентите од практична гледна точка ќе умеат да владеат со концептите на целокупната архитектура на една ефикасна, скалабилна и сигурна веб страна. Студентите исто така ќе се здобијат со јаки технички знаења околу XHTML, HTML5, CSS, JavaScript, JQuery, Ajax/JSON преку студирање на синтаксата и семантиката на овие технологии од практична гледна точка преку која тие ќе бидат подготвени без некоја дополнителна обука да одговараат на потребите и предизвиците на една реална ИТ компанија.
  • [6 ЕКТС] Објектно-ориентирано програмирање
    Овој предмет е наменет за студенти кои имаат предзнаења за структурно програмирање и сакаат тие знаења да ги применат во C++. Цел на предметот е студентите да се здобијат со знаења и разбирање од областа на објектно-ориентирано програмирање (апстрактни типови на податоци, класи, енкапсулација, апстракција, наследување, полиморфизам и други), да се обучат студентите да пишуваат јасна и ефикасна C++ програма користејќи ги објектно-ориентираните принципи на програмирање за креирање ефикасни бизнис-апликации, да имаат способност да направат евалуација на одредена објектно-ориентирана солуција, и да се оспособат да ги применат концептите на апстрактни типови на податоци во решавање на проблемите базирајќи се на принципите на објектно-ориентирано програмирање реализирани во C++.
  • [6 ЕКТС] Слободен изборен предмет 3
  • [6 ЕКТС] Изборен јазик по Англиски за специфични цели I / 5
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени

  • [6 ЕКТС] Релациони бази на податоци и SQL
    Предметот е вовед во концептите на бази на податоци и системите на бази на податоци. Студентот кој успешно ќе го заврши овој предмет, ќе може да ги користи моделите и концептите на дизајнирање на бази на податоци. Ќе биде во можност да употреби и дизајнира едноставни и конкретни бази на податоци базирани на релацискиот модел на бази на податоци. Користење на MS SQL Server системот за менаџирање на бази на податоци (DBMS), SQL јазикот и реализација на прашалници (queries).
  • [6 ЕКТС] Применета веројатност и статистика
    Целта на овој предмет е да им овозможи на студентите да се здобијат со потребните знаења од предметот веројатност и статистика што имаат директна примена во компјутерските науки посебно за информатичките потреби за индустриска намена. Целта е да се учи како се прави обработката и групирање на статистичките податоци, нивните законитости, нивното преставување, законитостите на донесување на соодветни заклучоци врз основа на обработените податоци и тестирање на хипотези идр.др. Исто така целта е да се учат основните принципи на веројатноста и како тие принципи можат да се применат во различни области од секојдневниот живот посебно во областа на компјутерските науки и за потребите на статистичката анализа.
  • [6 ЕКТС] Оперативни системи
    Главна цел на овој предмет е да им понуди на студентите перспектива за оперативни системи и клучните концепти. Овој предмет ги проучува поважните проблеми во оперативните системи. Оперативниот систем е посредник помеѓу корисничките програми и хардверот на компјутерот (или мобилните уреди) на кои тие работат. Затоа одговорноста на оперативниот систем е управување и споделување на компјутерските ресурси. Овој курс ќе започне со краток вовед во "главните концепти на оперативни системи" и продолжува со евалуација на овие концепти и анализа во детали. Деталната анализа на главните компоненти на повеќето оперативни системи ќе се дискутира. Дискусијата ќе ги покрие процеси и теми, спорните точки, управување со меморијата, влезно / излезни, датотечни системи и безбедноста меѓу другите. Следниот дел на курсот се занимава со презентација на клучните концепти на дистрибуирани, мултимедија и смарт картичка оперативни системи. На крајот на концепти на мобилни оперативни системи ќе бидат претставени, анализирани и евалуирани. Сето ова ќе биде придружуван од анализа на студии на случај на одредени оперативни системи од секоја категорија.
  • [6 ЕКТС] Изборен јазик по Англиски за специфични цели II / 6
    • Ниво 1
    • Ниво 2
    • Ниво 3
    • Ниво 4
    • Англиски за академски намени
    • Напреден англиски за академски намени
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет / 7
    • Е - трговија
    • Основи на информациски системи
    • Мултимедијални системи

Семестар 5

  • [6 ЕКТС] Веб програмирање
    Целта на курсот е да ги запознае студентите со проблемите на веб развојот и разбирање веб објектно ориентирано програмирање техники и технологии.
  • [6 ЕКТС] Компјутерски мрежи
    Предметот е дизајниран да даде информации и знаења за принципите на модерните компјутерски мрежи, како и вештини за развивање на мрежни апликации и програмирање.
  • [6 ЕКТС] Софтверско инженерство
    Целта на предметот е да им обезбеди на студентите длабоко, критичко и систематско разбирање на принципите и техниките за софтверска спецификација, анализа и дизајн, програмирање, тестирање и евалуација, одржување и управување со проектирање на ефективни софтверски апликации. Исходот од предметот е на студентите да им се долови разбирливо сваќање на алатките и методологијата на развој на софтверски солуции.
  • [6 ЕКТС] Напреден изборен предмет / 8
    • Податочно рударство
    • Програмирање на мобилни уреди
    • Администрирање на бази на податоци
    • Микроконтролери и вградени системи
    • Визуализација на податоци
    • Програмирање во Јава
  • [6 ЕКТС] Напреден изборен предмет / 9
    • Податочно рударство
    • Програмирање на мобилни уреди
    • Администрирање на бази на податоци
    • Микроконтролери и вградени системи
    • Визуализација на податоци
    • Програмирање во Јава

Семестар 6

  • [6 ЕКТС] Тестирање и одржување на софтвер
    Тестирањето и одржувањето игра клучна улога во обезбедувањето на квалитетен, а со тоа и успешен софтверски производ. Тестирањето е најкористената техника во откривањете на софтверски грешки, а често троши повеќе од половината на трошоците и времето на развој на еден софтвер. Одржувањето на софтвер, од друга страна, е клучен за да се обезбеди континуитет на услугата, и главно се занимава со тоа како да се контролираат промените и еволуцијата на софтверот откако истиот е пуштен во употреба. Овој предмет има за цел да ги покрие основните концепти, принципи, методи и техники за вршење ефикасно тестирање и одржување на софтвер.
  • [6 ЕКТС] Интеракција човек-компјутер
    Целта на предметната програма е да им помогне на студентите да ги научат принципите на дизајнирање на компјутерски апликации за достигнување на висок степен на употребливост од страна на корисниците. Поспецифично, студентите ќе стекнат сознание за методата на кориснички-центриран дизајн што подразбира дизајнирање на апликации според анализа на корисникот и условите во кои ќе се употребува апликацијата. Дополнително, различни методи за евалуција на апликацијата ќе се научат што ќе бидат применети за да се осигура дека апликацијата ќе биде употреблива од страна на корисниците.
  • [6 ЕКТС] Развивање на бизнис апликации
    Овој е еден предмет од концепти на компјутерско програмирање за студенти кои имаат значително искуство со програмирање, кои што може да го следат овој предмет доколку сакаат да научат како да ги применат искуствата од програмирање во Visual Basic .НЕТ. Предметот ќе обезбеди работно познавање од сверата на компјутерско програмирање и примена на основните знаења на програмирање во решавање на проблеми користејќи ги технологиите на Visual Basic и .NET со цел добивање на еден организациски модел за програмирање. Предметот опширно ќе го промовира користењето на шеми на дизајн, Object-Oriented методологии, на тој начин со цел да ги учи учениците со најдобрите пракси при развој на апликации.
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет / 10
    • Развој на веб базирани мобилни апликации
    • Широко појасни мрежи
    • Веб - развој со користење на XML
  • [6 ЕКТС] Изборен предмет / 11 (Дипломска работа)
    • Развој на веб базирани мобилни апликации
    • Широко појасни мрежи
    • Веб - развој со користење на XML
Google+