Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!
Export

Програма:

Современ менаџмент на банки

Студиска програма интегрирана со практика
Циклус на студии: Прв циклус (Додипломски)
Факултет: Бизнис и економија
Академска година: 2023 / 2024
ЕКТС: 180 (3 години) Aкредитација
Решение: Решение за почеток со работа

Наставната програма Современ банкарски менаџмент претставува балансирана комбинација на основно теретско знаење и на специфични професионални вештини. Структурата на тригодишната програма опфаќа студии кои по природа се динамични, интегративни и интерактивни. Програмата е дизајнирана да понуди интегративен пристап на теми од областа на современиот банкарски менаџмент, имплементирајќи го овој концепт преку наставна и практична програма. Предметите кои се застапени во оваа програма претставуваат перспективи кои се базираат врз теорија која тесно е поврзана со практичната примена во светот на бизнисот. Оваа програма им овозможува на студентите стекнување потребни способности и искуство за: банкарските работи, употребата на менаџментот, маркетингот и финансиите во банкарското работење.

За време на тригодишната студиска програма на студентите им се дадени можности за практична работа (practice), со  што ќе се оспособуваат да ги применат нивните стекнати знаења и вештини во областа. Оваа практична работа е задолжителна и се вкалкулира во целокупниот циклус на учење на студентот. Тие треба околу 50% од нивното време да работат практично во компании од областа  на современ банкарски менаџмент, кои што истовремено ќе ги надградат нивните практични знаења.

Студиската програмата по современ банкарски менаџмент има за цел :

  • Да ги подготви студентите за позицијата на лидери во профитабилни и во непрофитабилни организации во земјава и насекаде низ светот.
  • Да ги подготви студентите за градење кариера во областа на банкарски менаџмент, но и во приватниот сектор во областа на финансиите.
  • Да овозможи стекнување истражувачки способности и искуство за: банкарските работи, употребата на менаџментот, маркетингот и финансиите во банкарското работење.
  • Да го развива концептот на практично работење на студентите.
  • Да го развивa концептот на критичко размислување на студентите.
  • Да овозможи студентите активно да се вклучат во предавањата и во практичната работа со цел независно да вршат истражување во сите области на бизнис администрацијата.
  • Да овозможи развој на лични способности, на комуникација, на истражувања и на други значајни способности кои се потребни за вработување.
Знаење и разбирање
  • Ги има потребните знаења за следниведеловни функции: маркетинг, економија, менаџмент на финансиите, бизнис-моделирање, управување со операции, управување со ризикот, претприемачколидерство, стратешки менаџмент, основите на деловното право и бизнис-планирање.
  • Имазнаење за функционалните области на претприемништвото, тековните истражувања и иновациите, идните трендови, како и за влијанието на овие случувања врзтеоријата и практиката.
  • Имазнаење и разбирање занационалната,регионалнатаи за глобалната економска ситуација на пазарот.
  • Има познавање за финансискитетеории, анализа и известување.
  • Стекнувасилна основа затоа како да се започне бизнис и да се биде подготвенза кариера илизапостдипломски студии поврзанисоуправувањето напретпријатијата,претприемништвотоили со сродни полиња.
  • Има разбирање за различни алатки за донесување на менаџерски одлуки.
Примена на знаењето и разбирањето
  • Способност за професионално пишување и понатамошно развивање насопствен бизнис-план и неговоспроведување во реалниот живот.
  • Способност за примена на потребнитепринципиво процесотна успешно управување со новиот потфат.
  • Способност да помогнат во формулирањето и во практичното спроведувањена успешнимаркетинг, финансиски и општи менаџерскипланови и стратегии.
Способност за проценка
  • Да размислуваат критички и да ги применуваат теоретските и практичните знаења и искуства за идентификација и за анализа на деловни проблеми.
  • Критички да ги анализираат и да ги оценуваат идентификуваните претприемачки можности.
  • Стратешки да размислуваат за активностите поврзани со креирањето, развојот и одржувањето на соодветен бизнис-модел.
Комуникациски вештини
  • Покажувааатразбирање на индивидуалнатаи групнатадинамика во организациите.
  • Функционираатефикасно во тимската работа.
  • Ефективно се справуваатсо луѓе од различни социјално, економско, културнои верско потекло.
  • Покажуваатразбирање и чувствителност за етичките, социјалните и за правните одговорности на компаниите.
  • Ги прикажуваатбизнис-идеите наефективен начин.
  • Демонстрираатклучни преговарачки вештини.
  • Ги интерпретираат деловните податоци и економските индикатори.
Вештини на учење
  • Можат да пребарувааат и да детектираат извори на учењето.
  • Можат да се оспособуваат за индивидуално и тимско учење.
  • Имаат способност да направат бизнис-анализа и да употребуваат научна литература и анализа на размислувањата и оцените на други автори.

Семестар 1

  • Вовед во бизнис концепти
    Целта на предметот е студентите да се запознаат со надворешното и внатрешното окружување на претпријатието. Меѓутоа, вниманието ќе биде посветено на финансиската, маркетинг, менаџмент и организационата функција на претпријатието. Покрај ова, се согледува и влијанието на претпријатието врз заедницата во која дејствува. Студентите ќе стекнат со знаења за да можат: - Да ги објаснат фундаменталните економски проблеми. - Да ги сфатат односите помеѓу ограничените ресурси, вредноста, користа и богатството. - Да ја разберат кохезивната врска меѓу микро економијата и макроекономијата. - Да дискутираат за целите и инструментите на макроекономијата. - Да ги разберат и да објаснат економските циклуси. - Да дебатираат за меѓународните економски односи и др.
  • Пракса
  • Микроекономија и цени
    Во рамките на предметот се опфатени економските феномени и глобалната универзална микроекономска терминологија. Притоа се проследуваат и се анализираат теоретските пристапи кои овозможуваат да се дојде до сопствена претстава за можните апликативни решенија за проблемите на производството, размената и на организација на поединечно претпријатие, посебна гранка или на посебен пазар. Развојните компоненти даваат динамичка димензија без која симплифицираните пристапи би биле неупотребливи. Основите на микроекономијата се изучуваат во целиот свет како дел од универзалниот напор да се поистоветат и да се дефинираат слични проблеми и да се дојде до можност тие да се разрешуваат на сличен начин насекаде во светот, но и за да се дојде до информации кои можат на агрегатно ниво да помогнат во формулирањето на макроекономските цели и на стратешки плански елементи. Тоа е дел од потребата да се изгради глобално слично општество во кое честите бизнис, политички, работни или други контакти ќе бидат препознатливи за сите учесници на ист начин и ќе се разрешуваат со употреба на комплементарни инструменти слични и на секаде употребливи. Се прави обид и да се даде можност да се користи универзална литература, а што е можно и поефектно интернет-комуникациите и он-лајн формите на комуникација.
  • Маркетинг концепти и комерцијализација
    Целта на предметoт е студентите да стекнат знаење за основните концепти кои се вградени во функциите на маркетингот на современите организации. Фокусот е ставен на концептите, како и на прашањата поврзани со маркетингот на производите и на услугите на потрошувачите. Поспецифично, целта е студентите да ја разберат маркетинг средината преку анализирање на пазарот, за да се имплементираат успешните маркетинг стратегии во таквата средина. Студентите ќе можат и да ги применуваат научните концепти за дизајнирање комплетен маркетинг план за својот производ. Овој предмет придонесува студентите да се запознаат со разновидните активности во областа на маркетингот, кои придонесуваат компанијата да биде поконкурентна и поуспешна на пазарот.
  • Изборен предмет 1
    • Кредитен менаџмент
    • Вовед во сметководство
    • Локални и меѓународни даноци
    • Пишување и анализа на бинис план
    • Менаџерска етика и менаџмент со стеикхолдери
    • Финансиски пазари и институции
    • Анализа на финансиски извештаи
    • Статистичка анализа за менаџери
    • Деловно комуницирање
    • Менаџмент на игри
    • Меѓународно банкарство
    • Е-банкарство
    • Анализа на трошоци
    • Политика на каматни стапки
    • Меѓународни сметководствени стандарди
    • Корпоративно управување
  • Слободен изборен предмет 1
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ-вештини
    • Напреден Ворд
    • Гугл апс
    • Напреден акцес (Access)
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    • Албански јазик за професионални цели
    • Aкадемско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Заштита на животната средина
    • Професионален рзавој на кариерата
    • Дебата и презентациски вештини
    • Академско пишување на албански јазик

Семестар 2

  • Пракса
  • Макроекономија
    Целта на предметот е студентот да се стекне со знаења за: - макроекономските поими и категории, кои се предуслов на функционирање на една национална економија која е дел на еден поширок глобален економски систем; - значењето на најглавните макроекономски индикатори како што се: бруто национален производ, национален доход, економски раст, економски циклус, инвестиции и јавна потрошувачка, инфлација, невработеноста, пари и банки, буџет, биланс на плаќање и др; - основните инструменти на макроекономска анализа (агрегатна понуда и побарувачка) и макроекономски политики (монетарна и фискална политика) и др; - ефикасно функционирање на една национална економија, споредувајќи ја со современите пазарни економии, означувајќи во таа насока разлики, сличности и можности за иден развој на соодветната економија; - знаење од областа на макроекономијата, кое ќе овозможи поедноставен пристап кон другите напредни макроекономски предмети.
  • Вовед во банкарство
    Преку предметот студентите стекнуваат сознанија за: банкарскиот менаџмент и регулаторната политика, современиот финансиски систем во светот и во Македонија, главните интермедијатори и нивните функции, улогата на банките во финансискиот сектор во Македонија, функционирањето на финансиската индустрија и за економските фактори кои се најважни за успехот на менаџирањето на финансискиот сектор во денешниов финансиски свет.
  • Математика за бизнис
    Целта на предметот е студентите да се оспособат: - Да го применуваат системот на линеарни равенки за решавање различни проблеми од областа на бизнисот и економијата. - Да ги применуваат своите знаења за линеарните модели и за бројните низи за решавање различни проблеми во бизнисот и економијата. - Да стекнат напредни знаења за: пресметување сложена каматна стапка, периодични депозити, периодични ренти, заеми и финансиско одлучување.
  • Изборен предмет 2
    • Кредитен менаџмент
    • Вовед во сметководство
    • Локални и меѓународни даноци
    • Пишување и анализа на бинис план
    • Менаџерска етика и менаџмент со стеикхолдери
    • Финансиски пазари и институции
    • Анализа на финансиски извештаи
    • Статистичка анализа за менаџери
    • Деловно комуницирање
    • Менаџмент на игри
    • Меѓународно банкарство
    • Е-банкарство
    • Анализа на трошоци
    • Политика на каматни стапки
    • Меѓународни сметководствени стандарди
    • Корпоративно управување
  • Слободен изборен предмет 2
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ-вештини
    • Напреден Ворд
    • Гугл апс
    • Напреден акцес (Access)
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    • Албански јазик за професионални цели
    • Aкадемско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
    • Дебата и презентациски вештини
    • Академско пишување на албански јазик

Семестар 3

  • Финансиско планирање и анализа
    Целта на предметот е студентите да стекнат знаења и вештини за финансискиот менаџмент, како и современи теоретски и практични знаења и искуства од анализите на фундаменталните концепти на финансиите на фирмите, финансиските и реалните инвестициони проекти и нивно вреднување преку временската димензија на парите. Притоа студентите се обучуваат како да ги користат соодветните извори на финансирање, ефикасното управување со капиталот и одредувањето на соодветната структура, утврдување на соодветна политика на распределба на добивката – политика на дивиденда и се финализира со финансиско планирање и прогнозирање и др. Преку остварувањето на предвидените цели на предметот на студентите им се создаваат нови можности за поконкурентен пристап во пазарот на трудот или, пак, за поефикасно менаџирање на сопствените реални бизниси.
  • Пракса
  • Корпоративни финансии
    Целта на предметот е студентите да стекнат знаења и вештини за финансискиот менаџмент, како и современи теоретски и практични знаења и искуства од анализите на фундаменталните концепти на финансиите на фирмите, финансиските и реалните инвестициони проекти и нивно вреднување преку временската димензија на парите. Притоа студентите се обучуваат како да ги користат соодветните извори на финансирање, ефикасното управување со капиталот и одредувањето на соодветната структура, утврдување на соодветна политика на распределба на добивката – политика на дивиденда и се финализира со финансиско планирање и прогнозирање и др. Преку остварувањето на предвидените цели на предметот на студентите им се создаваат нови можности за поконкурентен пристап во пазарот на трудот или, пак, за поефикасно менаџирање на сопствените реални бизниси.
  • Менаџмент на ризици во банкарството
    Во рамките на предметот се опфатени начините на кои се врши квантификација и управување со различните извори на ризик од корпорациите. Ова особено се однесува на финансискиот сектор, а посебен осврт е даден на нефинансиските компании. Со тоа предметот го опфаќа широкиот пристап за управување со ризиците во претпријатието, односно „интегрираното управување со ризиците“ – новиот менаџерски пристап во управувањето со ризиците. Притоа посебно внимание се посветува на пазарниот, кредитниот и оперативниот ризик. Предметот во голема мера се потпира на активна примена на анализи на вистински случаи.
  • Изборен предмет 3
    • Кредитен менаџмент
    • Вовед во сметководство
    • Локални и меѓународни даноци
    • Пишување и анализа на бинис план
    • Менаџерска етика и менаџмент со стеикхолдери
    • Финансиски пазари и институции
    • Анализа на финансиски извештаи
    • Статистичка анализа за менаџери
    • Деловно комуницирање
    • Менаџмент на игри
    • Меѓународно банкарство
    • Е-банкарство
    • Анализа на трошоци
    • Политика на каматни стапки
    • Меѓународни сметководствени стандарди
    • Корпоративно управување
  • Слободен изборен предмет 3
    • Јавно говорење
    • Меѓукултурни студии
    • Комуникациски вештини
    • Напреден Excel
    • Напредни ИТ-вештини
    • Напреден Ворд
    • Гугл апс
    • Напреден акцес (Access)
    • Десктоп-публикации
    • Веб-публикации
    • Албански јазик за професионални цели
    • Aкадемско пишување на англиски јазик
    • Академско пишување на македонски јазик
    • Германски јазик (ниво 1 до 4)
    • Заштита на животната средина
    • Спорт, рекреација и култура
    • Професионален рзавој на кариерата
    • Дебата и презентациски вештини
    • Академско пишување на албански јазик

Семестар 4

  • Пракса
  • Пари и банки
    Целта на предметот е да се дадат основните знаења за една од најдинамичните категории во економијата – банкарството и парите, како услов без кој не може да се замисли ниту една современа национална економија, да се прикаже и да се опише историската линија на движење на развојот на банкарството, да се приближат искуствата на другите поразвиени земји од светот и да се прикажат системите на околните земји како дел од поблиското окружување кое по завршувањето на студиите ќе биде дел од нивниот работен амбиент. Разбирањето на банкарските операции овозможува полесно стекнување доверба кај банкарите кога се јавува потреба за кредитно или за друг вид банкарско следење или дава можност да се привлече внимание или да се стекне доверба на клиентите кои се дел од работниот процес на компанијата во која идниот економсит ќе работи. Од друга страна, банкарството е атрактивна и престижна професија која не само што е интересна туку нуди добра статусна позиција во општеството и добра заработувачка.
  • Маркетинг на банки
    Целта на овој предмет е студентите да стекнат знаење за основните концепти кои се вградени во функциите на маркетингот на современите банки. Фокусот е ставен на концептите, како и на прашањата поврзани со маркетинг на производите и на услугите на потрошувачите во банкарскиот сектор. Поспецифично, целта е студентите да стекнат разбирање за маркетинг средината преку анализирање на пазарот, за да се имплементираат потоа успешните маркетинг стратегии во таквата средина. Студентите ќе можат и да ги применуваат научните концепти за дизајнирање комплетен маркетинг план во банкарскиот сектор. Овој предмет придонесува студентите да се запознаат со разновидните активности во областа на банкарскиот маркетингот, кои придонесуваат компанијата да биде поконкурентна и поуспешна на пазарот.
  • Менаџмент на човечки ресурси
    Целта на предметот е да се запознаат студентите со важноста и улогата на управувањето со човечките ресурси кај современите деловни организации. Во рамките на овој предмет студентите ќе се запознаат со процесот на менаџментот на човечките ресурси како во теоријата, така и во практиката на светските и домашните компании.
  • Изборен предмет 4
    • Кредитен менаџмент
    • Вовед во сметководство
    • Локални и меѓународни даноци
    • Пишување и анализа на бинис план
    • Менаџерска етика и менаџмент со стеикхолдери
    • Финансиски пазари и институции
    • Анализа на финансиски извештаи
    • Статистичка анализа за менаџери
    • Деловно комуницирање
    • Менаџмент на игри
    • Меѓународно банкарство
    • Е-банкарство
    • Анализа на трошоци
    • Политика на каматни стапки
    • Меѓународни сметководствени стандарди
    • Корпоративно управување
  • Изборен предмет 5
    • Кредитен менаџмент
    • Вовед во сметководство
    • Локални и меѓународни даноци
    • Пишување и анализа на бинис план
    • Менаџерска етика и менаџмент со стеикхолдери
    • Финансиски пазари и институции
    • Анализа на финансиски извештаи
    • Статистичка анализа за менаџери
    • Деловно комуницирање
    • Менаџмент на игри
    • Меѓународно банкарство
    • Е-банкарство
    • Анализа на трошоци
    • Политика на каматни стапки
    • Меѓународни сметководствени стандарди
    • Корпоративно управување

Семестар 5

  • Банкарска супервизија
    Предметот се однесува на процена на непаричните влогови, односно на разни категории на средства од кои можат да бидат составени непаричните влогови, потоа процена на средствата и капиталот во случаи на спојување и преземање на компании, купување и продавање трговски друштва како и при регулирање стечајни постапки. Определувањето фер пазарната цена на средствата и капиталот се суштинска постапка која претходи на многу сметководствени, финансиски, правни операции поврзани со продажба, купување, преземање, спојување компании. Процената е основа на секоја купопродажба на средства, преземање и конвертирање обврски во капитал, продажба на побарувања, заложување, кредитирање и други сметководствени, финансиски и правни операции.
  • Проектен менаџмент
    Основна цел на предметот е воведување на студентите во светот на современите проекти и нивно соочување со можностите и предизвиците на реалниот економски живот при креирање соодветни потребни реални проекти. Специфични цели на предметот се: - утврдување на одреден проект (користејќи неколку фази) и истакнување на значајната улога на менаџерот на проектот; - разбирање на потребата – областа на делувањето – активностите за реализација –комплексноста на модерниот проект и др.; - обучување на студентите како да ги применуваат современите алатки и техники на современиот проектен менаџмент при трансформирање на една потреба или креативна идеја во соодветен реален и документиран проект; - развивање инвентивност и компетитивност на пазарот на трудот.
  • Методи на вреднување на средства и имот
    Предметот се однесува на процена на непаричните влогови, односно на разни категории на средства од кои можат да бидат составени непаричните влогови, потоа процена на средствата и капиталот во случаи на спојување и преземање на компании, купување и продавање трговски друштва како и при регулирање стечајни постапки. Определувањето фер пазарната цена на средствата и капиталот се суштинска постапка која претходи на многу сметководствени, финансиски, правни операции поврзани со продажба, купување, преземање, спојување компании. Процената е основа на секоја купопродажба на средства, преземање и конвертирање обврски во капитал, продажба на побарувања, заложување, кредитирање и други сметководствени, финансиски и правни операции.
  • Пракса
  • Изборен предмет 6
    • Кредитен менаџмент
    • Вовед во сметководство
    • Локални и меѓународни даноци
    • Пишување и анализа на бинис план
    • Менаџерска етика и менаџмент со стеикхолдери
    • Финансиски пазари и институции
    • Анализа на финансиски извештаи
    • Статистичка анализа за менаџери
    • Деловно комуницирање
    • Менаџмент на игри
    • Меѓународно банкарство
    • Е-банкарство
    • Анализа на трошоци
    • Политика на каматни стапки
    • Меѓународни сметководствени стандарди
    • Корпоративно управување
  • Изборен предмет 7
    • Кредитен менаџмент
    • Вовед во сметководство
    • Локални и меѓународни даноци
    • Пишување и анализа на бинис план
    • Менаџерска етика и менаџмент со стеикхолдери
    • Финансиски пазари и институции
    • Анализа на финансиски извештаи
    • Статистичка анализа за менаџери
    • Деловно комуницирање
    • Менаџмент на игри
    • Меѓународно банкарство
    • Е-банкарство
    • Анализа на трошоци
    • Политика на каматни стапки
    • Меѓународни сметководствени стандарди
    • Корпоративно управување

Семестар 6

  • Пракса
  • Стратегии за менаџери
    Целта не предметот е да се оценат и да се применат клучните елементи на стратегиска анализа, изборот на вистинска стратегија во рамките на флексибилен план и да се поттикне размислувањето за проблемите кои се поврзани со спроведување на формулираната стратегија. Преку овој предмет студентите ќе стекнат искуство за критичко размислување за прашањата и проблемите кои се поврзани со изборот на стратегијата во турбулентно и динамично окружување и ќе разберат дека не постои еден единствен вистински пат да се развие стратегијата. По завршувањето на наставата, студентите треба да бидат способни; - Да ги разберат теориите и концептите за стратегиски менаџмент. - Да го совладаат вокабуларот поврзан со стратегискиот менаџмент. - Да ги интегрираат добиените знаења од одделните функциски менаџменти. - Да развијат аналитички и комуникациски способности и способности за тимска работа.
  • Банкарски менаџмент
    Овој предмет е фокусиран на донесувањето одлуки во банкарскиот менаџмент во денешниве услови на работење како и анализа на современите предизвици на финансискиот сектор во светот. Ќе се анализираат факторите кои влијаат врз кредитите, инвестициите, фондовите и одлуките поврзани со цените и ризикот и враќањето за различните банкарски производи., како и националните банки во Македонија и Албанија како и светските централни банки, монетарните политики како и супервизијата.
  • Професионални вештини за менаџмент
    Целта на предметот е студентите да се запознаваат со основите на менаџментот, неговата генеза и дефинирање, како и со основните принципи врз кои треба да се базира работата на секој иден менаџер. Изучувањето на предметот на студентите ќе им овозможи: - Да ги научат основите на менаџментот. - Да се оспособат за нив да даваат конкретни примери. - На изучувањето на овој предмет да гледаат како на потреба и учењето да го вршат во контекст на практичната примена на наученото. - Да стекнат ефикасен начин на размислување кој ќе им помогне при соочувањето со деловните проблеми во понатамошниот нивен живот.
  • Изборен предмет 9
    • Кредитен менаџмент
    • Вовед во сметководство
    • Локални и меѓународни даноци
    • Пишување и анализа на бинис план
    • Менаџерска етика и менаџмент со стеикхолдери
    • Финансиски пазари и институции
    • Анализа на финансиски извештаи
    • Статистичка анализа за менаџери
    • Деловно комуницирање
    • Менаџмент на игри
    • Меѓународно банкарство
    • Е-банкарство
    • Анализа на трошоци
    • Политика на каматни стапки
    • Меѓународни сметководствени стандарди
    • Корпоративно управување
  • Изборен предмет 8
    • Кредитен менаџмент
    • Вовед во сметководство
    • Локални и меѓународни даноци
    • Пишување и анализа на бинис план
    • Менаџерска етика и менаџмент со стеикхолдери
    • Финансиски пазари и институции
    • Анализа на финансиски извештаи
    • Статистичка анализа за менаџери
    • Деловно комуницирање
    • Менаџмент на игри
    • Меѓународно банкарство
    • Е-банкарство
    • Анализа на трошоци
    • Политика на каматни стапки
    • Меѓународни сметководствени стандарди
    • Корпоративно управување
Google+